Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Научно докажано и недокажано, Мистериозно

Важни забелешки

Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 26-03-2008, 21:55   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Lieutenant H.Caine
 
Аватарот на Magical Storm
 
Регистриран: Feb 2008
Локација: MAPD (Miami Police Department)
Знак: Шкорпија
Мислења: 3.306
Блог записи: 16
Популарност: Magical Storm Новодојденец
Испратете порака преку MSN до Magical Storm
Talking Вампири

ВАМПИРИТЕ се митски суштества за кои фолклорот вели дека се хранеле со човечка и животинска крв.Легендите велат дека вампирите потекнуваат од Источна Европа.
И вампирите се делат на категории, постојат:

Словенски вампири
Кај словените предзнак дека некој ке биде вампир биле- бебето да се роди со заби или со опавче или да е зачнато на посебен датум, кога некој ке починел ако над ковчегот летала птица или животно ако скокне во неговиот гроб се верувало дека починатиот ке се повампири. Како превентивна мерка се применувало бодење на трупот со колци, или полнење на сандукот со пилевина, ставање на крст во сандукот.

Романски вампири
Овие вампири се наречени Стригои.
Живите стригои се вештерки со 2 срца и две глави. Имаат способност да ги праќаат своите души во ноќта да цицаат крв со други мртви стригои, кои се оживеани трупови.
Во Романија индикациите дека ке станеш вампир биле ако си роден со вишок брадавица, ако си влакнесто бебе, ако си седмо бебе во семејството, ако си роден пред време, ако си вонбрачно дете, ако мајка ти не јадела сол додека била бремена, или ако црна мачка и го пресекла патот додека била бремена.
Повеќе за вампирите наскоро....

Грчки вампири
Во Грција верувале вака--- после три години од закопот се откопувало телото и ако телото било сосем распаднато се земале коските од починатиот се собирале во кутија и се полевале со вино. но ако телото не било распаднато по три години се сметало дека тоа е вампир т.е мртвиот дека е веке повампирен

Српски вампири
Во Србија се верувало дека вампирите се видливи само за брат и сестра близнаци кои се родени во сабота, и кои ги носат нивните алишта наопаку. можеле да ги видат вампирите навечер, ако вампирот бил забележан од брат и сестра близнаци морал да избега

Ритуалот пиење крв, и преку тоа одржување на младоста и добивање на бесмртност се практикувал и од Ацтеките и од Домородните Американци кои ја ги јаделе срцата пиеле крвта од срцата на заробениците за време на нините ритуални церемонии.
Дури и денес некои христијански свештеници веруваат дека виното и лебот кое го служат при причест преку магична транссубстанција се претвора во крвта и телото на Исус Христос, и јадејки и пиејки од нив му се придружуваат на Исус во вечен живот.

Романецот Влад Тепеш бил суров валдетел.
Една Неговите грозни методи за мачење биле да ги набива луѓето кои ги сметал за непријатели на колец, колецот намерно не го правел со остар врв за жртвата да не умре веднаш од шок, туку да се мачи подолго. Колецот прво бил ставан во ректумот на жртвата и бил туркан низ телото се додека не излезе од устата на жртвата. Сите жртви на Тепеш биле ставани да гнијат пред градските порти, кога војската на Мухамед Втори сакала да го освои градот Тирговист во Романија, кога го видел овој призор на илјадници трупови што скапуваат набиени на колци се вратил во Константинопол и за да не се посрамоти пред надредените измислил верзија дека Тепеш бил вампир кој пие крв ...
__________________


You can watch over people but you can't make choises for them - Horatio Caine
My WEB
Magical Storm моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Вампири

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:51.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68