![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Lux et veritas. Регистриран: Jul 2006 Локација: Во неговите прегратки. Возраст: 39
Мислења: 9.351
Блог записи: 17 Популарност: ![]() | ОВЕН – Специјалист за бакнежи. Овните непрекинато се наоѓаат под струја со висок напон, па бараат страствен секс со јако нагласена боречка компонента. Припадниците на овој знак доживуваат најголемо сексуално задоволство во играта „помирување„ која следи после караница со партнерот/ката. Имено, кога телото и духот на Овните се напнати, исклучително се чувствителни на несекојдневни стимулации. Ерогени зони: главата и ушите. Силно ги возбудува нежно бакнување или лижење на устата, а ги усреќуваат и нежни допири со рацете и прстите на тој дел. Исто така и лесна и нежна масажа на тилот, јако ги возбудува. Овновите се специјалисти за бакнување, длабоки, силни и страствени бакнежи колку што ги нудат толку и ги бараат од партнерот, а ако ги добијат во еднаква мерка...добиваат експлозија на возбуда поради која не им е потребно дополнителен стимул. БИК – склон кон „француска љубов„ Биковите се многу чувствителни и си даваат себе си многу време за љубовно уживање. Брзината за нив е „убиец на страста„. Поради тоа, од партнерот бараат стрпливост и мазење, а на таков начин пред самото „финале„ Биковите без разлика на полот м/ж , целото свое тело го претвораат во ерогена зона. Најлесно и најбрзо се опуштаат ако нежно им го масирате вратот и грбот. Со особена чувствителност кај Биковите се одликуваат носот и усните.А од сите знаци најмногу се склони кон „француска љубов„ кога и постигнуваат максимално задоволство. Нивни владетел е Венера, па затоа и не патат од лажно чувство на срам ниту пак се срамат да го покажуваат своето голо тело и да уживаат во голотијата на партнерот/ката. Едноставно, не им е ништо непознато за човечкото тело. БЛИЗНАЦИ – и при секс, сакаат да зборуваат. Во животот на близнаците промените играат голема улога, со што делумно се задоволува нивната неизмерна љубопитност. И за нив ништо не е непознато, од ништо не се срамат и се сакаат да пробаат. Најмногу од се мразат рутина. Ако почувствуваат таква опасност, Близнаците брзо бараат утеха во нова врска. За припадниците на овој знак многу е важна љубовната предигра, па понекогаш и повеќе од главниот чин на сексот.Сакате да го освоите Близнакот – без оглед на полот, милувајте ги негивуте/нејзините специјални ерогени зони: градите, горниот дел од телото и рацете, а нежно милување на препоните и прстите ги доведува до лудило.Со оглед на тоа што се зависници од конверзација, често сакаат да зборуваат и при сексот...нежни, тивки и слатки зборови. РАК – што подолго тоа подобро. Раковите, неспорно се најголемите фанатици меѓу сите знаци, кога се работи за „гугукање„ милување и бакнување. При сето тоа, довербата е од пресудна важност. Што подолго врската трае, толку е подобар за нив сексот. Секс за една ноќ, за нив не преставува ништо. Наместо секс на минување, со задоволство ќе почекаат подобро запознавање и комплетно предавање. Ерогена зона: брадавиците. Ако вашиот партнер е Рак слободно поиграјте си со брадавиците...а за опуштање и подобар сексуален стимул, полна када и страстни игри со јазикот по внатрешноста на неговата усна школка, ги доведува до екстаза. Инаку, Раковите се доста конзервативни и во сексот. ЛАВ – малку воајеризам не штети. Често се вели дека чешкање, мазење и восхитување, Лавовите ќе ги скроти до питоми маченца. Вешти во таа професија ( како масери/ки) се омилени партнери на Лавот. Имено, родените во овој знак, без оглед на полот, во текот на целиот чин на сексот бараат целосно внимание. При тоа, љубовната игра често е зачинета со воајеризам, неизоставно зачинета со восхитување на убавината на Лавот/Лавицата. Малку фантазија и користење на огледала е вистинска работа за сладострастие. Инаку, најзначајна ерогена зона за Лавовите е делот околу карлицата а особено чувствитела е долната усна на устата, која е потребно постојано да ја стимулирате. Знаете ли да ги искористите овие две слаби точки, таа/тој ќе се претвори во љубовник/ца со врвни квалитети. ДЕВИЦА – хигиена на прво место. Вистинското уживање на Девиците е во главата. Ако нивниот мозок каже ДА, тогаш спремете се за екстра уживање. За сите е важна хигиената, но овој знак е особено концентриран баш на тоа. Обврзно туширање пред самиот сексуален чин, а и веднаш потоа. Кај Девиците како ерогени зони, чувствителни се лактовите и задниот дел од коленото, а нежно љубење на пределот околу папокот ги „фрла„ од контрола. Исто така лицето е дел на кој сакаат партнерот да им посвети особено внимание. Фантазијата им ја активира тивка музика во позадина, а нагло зголемување на сексуалните апетити добиваат при зедничко гледање на еротски филм. ВАГА – сака пасивна улога. Сакате ли Вагата да ја однесете во царството на страста, малку луксуз не е на одмет. Свилени чаршафи, слична интимна облека, миризливи масла, шампањ и слични луксузни дтимуланси ќе ви помогнат Вагата да се препушти на сексуално уживање. Вагите најлесно се стимулираат со визуелни ефекти, така да малку стриптиз и порнографски материјали не е на одмет. Инаку, Вагите не сакаат агресивност. Ќе се препуштат да бидат заведени, не да заведуваат и со задоволство ја препуштаат водечката улога на партнерот. Ерогени зони: најосетливо место е грбниот дел на струкот, крстот и пределот кој бубрезите, како и бакнежи на долниот стомак околу срамната коска, можат да направат чудо. Премногу агресивност и несклад се смрт за либидото на Вагата. ШКОРПИЈА – за рамноправност во кревет. Без оглед на тоа што Шкорпиите се вистински надарени инстинктивно да ги „наоѓаат„ ерогените зони на партнерот/ката, често пати од љубовната игра сакаат да прават мистерија, односно сакаат партнерот/ката да сам /а да го пронаоѓа на него и да открива што е тоа што нив ги возбудува. Партнер/ка без фантазија, нема шанси на подолг период да ги задржи во врска. Оној кој се разбира во тајните на сексот, може да доживее незаборавни моменти со Шкорпиите. Ерогена зона во прв ред е задницата на која сакаат да бидат милувани и допирани со мерка и вкус. Особено е скол кон активни партнери/ки бидејќи рамноправноста во сексот им е нужна поставка за врвно задоволство. Сакаат рафинирана и долга предигра. СТРЕЛЕЦ – нема непознато. Стрелците ги бие глас дека се најголемите авантуристи од сите знаци. Меѓутоа, за чудо, кога е сексот во прашање, многу припадници од овој знак ноќите ги поминуваат само во сопствениот кревет со еден партнер. Понекогаш имаат чудни несекојдневни желби. При избор на партнер/ка склони се кон необичност и егзотика. Партнерот/ката на Стрелецот мора да биде изразито темпераментен во кревет. Нежно милување на надколеницата од надворешната и внатрешната страна, за Стрелците е една од подобрите начини за припрема за секс. Понекогаш им е доволно само милување и бакнување, а ако се погоди партнерот/ката да е стручен во тоа, сексот потоа и не им е битен. Ништо не е непознато, сакаат да експериментираат и се воодушевуваат со необични пози. ЈАРЕЦ - тешко се буди. Многу често кај Јарците се стекнува впечаток дека се над секоја сексуална желба и уживање. И навистина – многу Јарци и машки и женски, опседнати со работата и желбата за успех на тоа поле, забораваат на телесните задоволства. За да во низ разбудите страст, потребно е многу трение и упорност. Имано, времето на „палење„ кај Јарецот е најдолго од сите други зодијачки знаци. Ако ги познавате ерогените зони, патот може да биде побрз и пократок. Значи, добро расположени кои и не мириса на секс, може да го свртите во ваша корист со „случајни„ допири на колената. Кога ќе се одлучите на ваков чекор, бидете подготвени на бурна реакција...позитивна или негативна сеедно...барем ќе знаете на што сте. После или застанете на тоа или храбро продолжете напред, зашто се е многу полесно...Јарците се разбудени. ВОДОЛИЈА – најфантазерски следбеник на Венера. Врзани за кревет со лисици или на некое друго место кое му одговара. Имате чувство дека целото ваше тело е една голема ерогена зона. Сакаат необична облека, многу кожа која знае да ги запали за момент. Нежно милување и масирање на потколеницата и листовите се вистински погодок. Исто така и образите кои сакаат да им ги прекривате со бакнежи. Не сакаат долга предигра, а најексплозивен за нив е секс на брзинка….посебно уживаат кога ги слекувате на начин „партали да летаат„ од нив. РИБИ – се ложат на море од чувства. Кога се заљубени, Рибите буквално се дават во море од чувства. Сонуваат за нежен романтичен љубовник/ца. Минлива љубов и секс на брзинка не спаѓаат во нивниот домен. Во такви ситуации Рибите се чувствуваат како на „суво„, иако само за момент можат да бидат мотивирани-ништо повеќе. Рибите одбиваат грубост, агресивност и непрефинетост. Високо ја ценат нежната, промислен и делотворна предигра, во текот на која партнерот/ката мора да покаже исклучителна фантазија и идеи. Рибите почесто чекаат и реагираат на иницијатива од другата страна, отколку да ја водат играта. Ерогена зона : нозете, лесна масажа. Посебно масажа на стапалата ќе ве увери дека не се воопшто студени како што се мисли. За да биде среќна и задоволна, Рибата бара многу внимание и труд, а за тоа богато наградува. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 23 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| знаци, секс, хороскопски |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Хороскопски знаци | No_One | Научно докажано и недокажано, Мистериозно | 41 | 04-11-2008 23:43 |
| Анален секс - алтернатива на секојдневниот секс | The`bItCh | Љубов и Секс | 37 | 15-10-2008 02:47 |
| Први знаци за составот на новата Влада | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 02-07-2008 11:40 |
| знаци или коинциденции??? | Makedonski | Македонците во Грција | 2 | 20-06-2008 12:39 |
| Хороскопски подзнаци | CNA | Научно докажано и недокажано, Мистериозно | 17 | 27-01-2008 07:52 |