Времето е се` подинамично, а и се` поисполнето со искушенија и предизвици. Се менуваат вредностите, се менува начинот на живеење, се бара многу повеќе напор и напрегање. Нашиот мозок не секогаш може тоа да го издржи и да му одолее на тој притисок. Понекогаш, чувствуваме дека имаме проблем (па, дури и самите со себеси) кој не може да се реши тука-така, зашто не е од физичка природа, ниту зависи од некој друг или нашата околина.
Потребна ни е помош, но не од психијатар, зашто сме „забегале” и треба да пиеме апчиња, ами од човек, кај кој ќе одиме и ќе му ги раскажеме нашите проблеми, а тој ќе ни даде совет. Тоа би требало да биде психологот.
Им верувате ли на психолозите? Би отишле ли кај нив? Можете ли со нив да направите муабет, како со најдобиот другар, а тој да ви даде стручен и издржан совет? Сте биле ли некогаш? Би отишле ли? Какво е вашето мислење и евентуалните искуства?