Месечината на Сатурн може да има скриен океан Месечината на Сатурн може да има скриен океан
Месечината Титан на гасовитата планета Сатурн, можеби, има длабок, скриен океан, сметаат научниците, кои ги анализирале фотографиите добиени со помош на вселенските сонди „Касини“ и „Хајџенс“. Овие наоди ги засилуваат предвидувањата дека под површината на Титан, која во најголем дел се состои од дебела кора мраз, се наоѓа резервоар од течна вода. Ако излезе дека овие претпоставки се точни, тоа би значело дека Титан има две од клучните елементи за формирање живот - вода и органски молекули. Моментно, само за три објекти од Сончевиот систем постои сомневање дека имаат длабоки океани: сателитите „Ганимеда“, „Калисто“ и „Европа“. Мисијата „Касини - Хајџинс“ претставува проект во кој соработуваат вселенската агенција НАСА, Европската вселенска агенција, ЕВА, и Италијанската вселенска агенција, Аа. Кога „Касини“ почна да ја испитува најголемата месечина на Сатурн во 2004 година, снимките покажаа дека површината е целосно покриена со океан од водојаглероди. Но, понатамошните истражувања покажа дека поголемиот дел од почвата на Титан како дините, каналите и кратерите од метеори се исповрзани со големи „езера“. Всушност, научниците сметаат дека Титан во голема мера личи на Земјата од периодот кога се создавала, односно кога се формирала нејзината атмосфера. Најголемите разлики лежат во ниските температури што владеат во околината на Сатурн.
__________________ You can watch over people but you can't make choises for them - Horatio Caine My WEB |