Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Научно докажано и недокажано, Мистериозно

Важни забелешки

Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно.

Прегледајте ги резултатите од анкетата: Кој хороскопски знак сте?
Овен 4 5,48%
Бик 6 8,22%
Близнаци 9 12,33%
Рак 6 8,22%
Лав 8 10,96%
Девица 4 5,48%
Вага 4 5,48%
Шкорпија 9 12,33%
Стрелец 8 10,96%
Јарец 4 5,48%
Водолија 4 5,48%
Риби 7 9,59%
Гласачи: 73. Вие не можете да гласате на оваа анкета

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 07-01-2008, 12:47   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Lux et veritas.
 
Аватарот на No_One
 
Регистриран: Jul 2006
Локација: Во неговите прегратки.
Возраст: 39
Знак: Стрелец
Мислења: 9.351
Блог записи: 17
Популарност: No_One Новодојденец
Стандардно Малку астрологија

Хороскопските знаци и говорот на телото


Хороскопските знаци можат да се препознаат по изгледот, ставот на телото и карактеристичното држење кое ги поврзува генерално со нивните 4 елементи – оган, земја, воздух и вода.


ОГАН

Овен
На стапот им е сигурен и одлучен. Движењата им се живи, сигурни и решителни, го гледаат соговорникот во очи, но исто така и без извинување знаат да го прекинат. Најчесто се „туркаат„ напред пред другите а се движат со брзи и отсечни чекори, со главата секогаш напред.

Лав
За себе ствараат слика на возвишеност, посебност и авторитет. Големо его и истенчен вкус за убаво се гледаат од страста со која се грижат за своето тело. Мажот Лав има манијакална потреба да биде убав, дотеран и совршен во изгледот на телото, додека жената Лав со иста пропорционалност се забележува по исклучителната сензуалност и еластичност.

Стрелец
Припадниците на овој знак се необично убави, имаат исправено држење на телото, зрачат со ведрина, висока самодоверба и безгрижност. Голем број од Стрелците се главни протагонисти во „љубовта на прв поглед„ благодарејќи на нивната неодолива привлечност и готово животинскиот инстинкт кој го предизвикуваат кај другите. Кога нив некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за контакт, дури и на јавно место.


ЗЕМЈА

Бик
Од чист и отворен поглед до мрштење, ситни бори околу усните од гримаси, подигната веѓа – говорот на лицето кај овој знак е најсигурната карактеристика. Ако не постои претходно кај вас некоја интуитивна проценка на личноста со која разговарате а е припадник на овој знак, преку движења и гестикулации, тешко дека ќе ја препознаете нивната сензуалност и еротичност која ја имаат и на претек, скриена подлабоко.

Девица
Гестикулации и мимики се често сведени на минимум, но од она што се гледа, многу зборува за нив. Единствено нешто што не можат да го скријат, колку и да се трудат, тоа е внатрешната нервоза која ја презентираат со нервозно тропкање - тресење со нозете и пречесто фаќање на косата, со што ја разбиваат првата слика која ќе ја добиете во контакт со нив – извежбана воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, толку повеќе се емотивно постабилни а движењата има се сигурни и смирени.

Јарец
Движењата им се војнички извежбани, но ако некој подолго ги набљудува, ќе забележи промена во ставот и држењето кога ќе се појави некој кој му се допаѓа. Тогаш неговата концентрација слабее, вниманието му попушта, па место да го впива секој збор на соговорникот, Јарецот така деконцентриран ќе побара да му повторите што сте кажале последно, пречесто. Како еден од најголемите знаци на кој им е најбитна материјалната сигурност, многу влијае на ставот и држењето, професионалната кариера.


ВОЗДУХ

Близнаци
По говорот на телото, овој знак е еден од најсликовитите знаци во хороскопот. Многу брбливи и љубопитни, весели и забавни, живи и нескротливи, а со рацете баратаат вешто како пантомимичар. Ако седат, се преместуваат од една нога на друга, имаат постојана потреба нешто да држат и превртуваат (си играат) со рацете, имаат немирен поглед...дури и во најмирните ситуации, тие се Деца на Нивниот Владетел – немирниот Меркур.

Вага
Жена Вага, вешта е во испраќање заводливи но не и вулгарни знаци, а исто и мажите, на посебен впечатлив начин даваат до знаење дека приметиле жена која поминала покрај нив. Привлекување внимание од спротивниот пол е клучниот знак од говорот на телото по кој се разликуваат Вагите од останатите знаци. Едноставно – Вагата сака од сите да биде забележана! Мажите се поживи и поотворени, а жените Ваги се повоздржани но секогаш насмеани, пококетни и големи флертувачки.

Водолија
Различни се држењата во зависност од староста кај Водолиите. Помладите Водолии се доста сликовити и ги изразуваат мислите и чувствата со бурна гестикулација и бунтовно држење. Затоа пак во позрелите години, кај нив се менува ова и доаѓа до израз смиреност, ладнокрвност, благост и толеранција. Вистински контраст на младоста.


ВОДА

Рак
Нивната воздржаност и внимателност во комуникациите, покажуваат несвесна потреба од разбивање на ѕидовите, која е производ на несигурноста. Кај нив сензуалноста се насетува во несвесното менување на тонот при разговор (длабок, висок, гласен, тивок), цврст стисок на раката при поздравување, знаат да ги задржуваат погледите подолго време, а исто така имаат и неконтролирано треперење во поинтимни моменти.

Шкорпија
Говорот на телото им е изразито непосреден, природен но во исто време и таинствен. Начинот на кој се движат им ја оддава состојбата на духот. Кога се радосни и весели, толку се природно гестикулативни што не можете да промашите во „читање„ на нивните чувства. Но....кога се напнати и нервозни, усните им се стиснати а погледот најчесто некаде во непознат правец. Ако за некој може да се рече дека „Убива со поглед„ тоа е со најголема сигурност Шкорпијата!

Риби
Динамичноста и отвореноста во пристапот кон другите, кај Рибите е поврзана со нивната неспособност да останат статични и постојани дури и кога им се дава вистинска прилика за тоа. Несигурноста и постојаната потреба од трагање за сродна душа, ги тераат и на комуникација со тотално непознати луѓе без никакво размислување. Гестикулацијата им зависи од состојбата во која се наоѓаат. Ако се расположени, живо гестикулираат но не нападно, туку тоа е многу симпатично и пријатно за гледање...а ако не се расположени, мрзливи се до толку што ги мрзи и дури и погледот да го поместат.
__________________
Is that a gun in your pocket, or you're just happy to see me...
No_One моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
знаци, хороскопски

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Први знаци за составот на новата Влада BorisVM Дневни Вести 0 02-07-2008 11:40
знаци или коинциденции??? Makedonski Македонците во Грција 2 20-06-2008 12:39
Хороскопски подзнаци CNA Научно докажано и недокажано, Мистериозно 17 27-01-2008 07:52
Секс и хороскопски знаци No_One Научно докажано и недокажано, Мистериозно 23 21-07-2007 06:44


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:45.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68