Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Наука и Култура > Научно докажано и недокажано, Мистериозно

Важни забелешки

Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 03-05-2008, 06:56   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
dbk
контраразузнавач
 
Аватарот на dbk
 
Регистриран: Mar 2003
Локација: Aвстралија
Возраст: 33
Знак: Девица
Мислења: 5.603
Популарност: dbk Новодојденец
Испратете порака преку MSN до dbk
Стандардно Духови

Дали верувате во нив, и ако верувате или имате примери доживеани или кажувани од луѓе слободно напишете ги. Неколку мои примери што ќе ги наведам ме натераа да ја отворам темата.


Седам јас така во собата кај што ми е компјутерот а синот мој си играше во ходникот. Наеднаш возбудено втрча во собата и почна да ме трга за раката при тоа обидувајќи се да ми каже нешто покажувајќи со прстот накај ходникот. Си велам ај да видам што сака детето и станав и покажувајќи со прстот ме внесе во спалната соба. Наеднаш застана се сврти кон бањата и со испружени раце ги крена рамениците и ко сакаше да каже "еее го/ја снема" Бидејќи се уште не може да зборува убаво цело време само мрмотеше и испушташе гласови видно возбуден дека нешто виде. Самата помисла ми се кренаа сите влакна на косата.

Друг пример, пред неколку недели легнат в кревето со мајкаму синот разбуден пиел млеко. Мајкаму била свртена а ова легнато на грб и го пратела што прави. Ова се зборовите што таа ми ги кажа :

" Ја крена едната рака и гледајки во кошот од собата почна да му мафта "некому" Јас кога го забележав тоа се преплашив и ми беше страв да се свртам бидејќи мафтајќи со раката ги движеше очите спрема другиот кош од собата уште мафтајќи со раката."

И последниот пример иако требаше да биде прв оти тоа е првото нешто што го забележавме:

Бабами, на таткоми мајка, почина пред година и пол. Таа за жал само на слика пред да почине го имаше видено синчето кое имаше тогаш само неколку месеци. Е сега што сакам да кажам ... имаме дома една слика од бабами и дедоми заедно сликани. Сликата стои над телевизорот и секогаш кога синчето ќе ја види толку возбудено покажува накај сликата и ме трга да му ја дадам. Му ја давам и секогаш го става прстот на бабами при тоа возбудено обидувајќи се да ми каже нешто. Јас се прашувам а запрашајте се и вие кога ќе го читате ова ЗОШТО детето никогаш не покажува кон дедоми кој се уште е жив и кој исто така никогаш го нема видено


Кој е ЗА нека повели на дискусија со примери и слични нешта.
__________________
Don`t be sad, its not worth it.Be happy and think positive.

Последно изменето од dbk; 03-05-2008 во 07:02.
dbk моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
бутови

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 08:27.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68