![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Научно докажано и недокажано, Мистериозно Дискусии за психологија, парапсихологија, астрологија, астрономија, мистерии и се што е чудно. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Lieutenant H.Caine Регистриран: Feb 2008 Локација: MAPD (Miami Police Department)
Мислења: 3.306
Блог записи: 16 Популарност: ![]() | Кога ке се спомене Египет најчесто се помислува на две работи: пирамидите и мумиите. И првите и вторите се тесно поврзани со египетскиот култ кон мртвите и верувањето во задгробниот живот. Разликата е тоа што првите предизвикуваат восхит а вторите морници. Старите Египќани верувале дека секое живо суштество , независно дали е човек или животно има душа и се означува со терминот КА. Според верувањето, душата по смртта го напушта телото и оди во задгробниот живот каде се претставува пред богот Озирис. При тоа , единствениот услов "КА" да остане бесмрттен е телото на покојниот да остане нераспаднато. Токму затоа старите Египќани практикувале балсамирање на покојниците. Според описот на Херодот (кој лично го има посетено Египет), балсамирањето се одвивало во неколку фази: Најпрво биле вадени внатрешните органи а потоа и мозокот.; Органите од стомачната празнина биле вадени на тој начин што се правел рез во слабината од покојниот, а, пак мозокот бил ваден низ ноздрвите со помош на метална кука. Извадените органи биле ставани во посебни керамички садови и запечатувани. Откако ке била исчистена стомачната празнина и измиена со палмино вино ја премачкувале со миризлива смола. Потоа телото се потопувало во раствор од натриум и алуминиум (натрон) и така било чувано 70 дена. По истекот на последниот ден телото било вадено од растворот, миено и повивано во завои натопени во смола. Така балсамираното тело му било предавано на семејствто кое потоа го погребувало. ![]() Според верувањата на Египќаните, секој покојник се претставувал пред богот Озирис. Озирис бил тој кој судел за сторените гревови. Притоа на една страна од вагата ја ставал душата на покојникот полна со гревови а на другарта страна ставал пердув. Малкумина биле тие "праведници" кај кои тасот со пердувот превагнувал. Останатите биле враќани во нивните гробници каде нивната душа продолжувала да егзистира. Сепак, нејзината натамошна егзистенција не била безусловна. За да преживее "Ка"морал да ги има истите услови како за време на земниот живот : храна , вода , намирници. Токму затоа на ѕидовите од гробниците биле цртани гозби, храна , робови, домашни миленици, небаре да му се најдат на покојникот и на тој начин неговата "КА" да продолжи да егзистира. (илузионист)
__________________ ![]() You can watch over people but you can't make choises for them - Horatio Caine My WEB Последно изменето од Magical Storm; 27-03-2008 во 21:06. |
| | |
| Тагови |
| Балсамирање |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|