USB Flash Drive Безобразно скапа 64 гигабајтна флеш меморија
Не можеме да избориме колку многу работи постојат што може да ни паднат на памет да купиме за 5.000 долари, колку што изнесува цената на оваа потенцијална флеш меморија. Два или три добри компјутери, врвен аудио систем, или автомобил...? Изборот е голем, а доларите никаде ги нема.
Како што е наведено на официјалната веб страница, компанијата BUSlink, беше прва која што во минатото ги претстави флеш мемориите со капацитет од 8 и 16 ГБ, а сега се претставени флеш мемории со капацитет од дури 32 и 64 ГБ, повторно понуда со која се искачија на врвот.
Ова мислење ќе го задржиме за нас, но стварно BUSlink во својата понуда нуди флеш диск со неверојатен мемориски капацитет од дури 64 ГБ.
Дискот се разликува од останатите на пазарот и по четири пати побрзиот пренос на податоци од вообичаените мемории кои работат на USB 2.0 подршка, но не се наведени конкретните причини за тоа. |