Компанијата Razer го искористи CeBit за да го претстави својот нов гејмерски глушец под името Salmosa, прво глувче специјално наменет за гејмерите или оние кои се заинтересирани за поседуваат глушец со високи перформанси.
Глувчето, кое го карактеризираат три копчиња, поседува оптички сензор со необична резолуција од 1800dpi.
Ергономијата на овој глушец е исто така посебно дизајнирана, со екстра големо лево и десно копче, како и скрол тркалце кои има можност за запирање во 24 точки на вртење, кои овозможуваат дополнителна прецизност.
Како и кај повеќето Razer глувци, сите копчиња може да се репрограмираат за користење на Windows софтвер. Глувчето се очекува да се појави на пазарот во текот на август и по цена од околу 35 американски долари.