Ако ви здодеаја стандардните USB уреди, еве решение – корејскиот дизајнер Санд Хун Ли претстави нов концепт на USB-а инспирирани од чоколадата.
Овој уред е составен од повеќекратни мемориски флеш модули во облик на коцки чоколадо, кои можат да се одвојат од централната, средишна точка и да се користат како самостојни USB флеш мемории.
Централната осовина има дисплеј сензитивен на допир кој на релативно едноставен начин ви дава преглед и можност за организација на фајловите.
Иако е оваа дизајнерски особено интересна и примамлива замисла, прашање е дали ќе заживее.