Microsoft повторно казнет Пред четири години, Европската комисија го казни Microsoft со 497 милиони евра поради монополската позиција на пазарот. Сега, Microsoft заработи нова казна од 899 милиони евра поради непокорување на нивните одредби.
Како и секогаш, во Microsoft тврдат дека сториле се што било побарано од нив во 2004 година и дека оваа дополнителна казна следи по исполнетите обврски.
Станува збор за одлуката според која Microsoft беше принуден да ги подели информациите за својот софтвер со конкуренцијата и да ја укине продажбата на информативниот систем Windows во пакет со Windows Media Player.
Во Европската комисија тврдат дека Microsoft не го сторил тоа што било побарано и изразуваат жалење што дошло до тоа да ЕУ за прв пат мора да казни некоја компанија поради непочитување на првобитна одредба. Се надеваат дека ова е последна таква казна.
Кога ќе се спојат двете казни, се добива импозантна цифра од две милијарди долари, која е преголем залак дури и за Microsoft - компанија со 19 милијарди долари во готовина и нула долгови.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |