Bill Gates се пензионира
Bill Gates денес завршува со
Microsoft продолжува понатаму со филантропијата
Bill Gates (52) основачот и Претседателот на светскиот гигант
Microsoft денес замина званично замина во пензија како би се посветил во потполност на филантропијата. На чело со него
Microsoft стана една од најголемите компании во светот за производство на софтвери и навистина е многу тешко да се замисли кој може да продолжи каде тој застана како што пишува на порталот на
Associated press .
Bill Gates официјално оди во пензија но сеуште е еден од главните акционери на
Microsoft и кој сепак еднаш неделно ќе ја посетува компанијата давајќи и’ ги нејзините драгоцени совети, но сега како што вели својата енергија ќе ја насочи кон наоѓање на нови вакцини или обезбедување на мали кредити за проекти во земјите на развој. Со неговата сопруга
Мелинда ја основа добротворната фондација
Bill & Melinda Gates foundation која располага со капитал над четириестина илијарди US$ и кои средства највеќе се наменети за нега и здравје на сиромашните деца ширум светот.
Инаку
Bill Gates потекнува од угледна и богата адвокатска фамилија во
Seattle кој на тринаесет години успеал сам да направи програма за распоред на часовите. Во неговото училиште се сретнува со
Paul Allen со кого и го основал
Microsoft, нарекувајќи ја фирмата према нејзината мисија да произведува софтвери за микрокомпјутери. Првата прекретница во новоформираната фирма се случи во 1980 година кога со неговите колеги успева да го направи операциониот систем кои го нарекле
MS-DOS за компјутер кој го разивал во тоа време
IBM.
Microsoft влага на берза за порв пат 1986 година и за година дена нејзините акции пораснаа толку што веќе на 31 година
Bill Gates стана најмлад милијардер на светот. Приоказната со неговите оперативни системи почнувајќи од
NT 3.1 па преку
Windows 95, 98, 2000, ME, ХР па се’ до последниата
VISTA ви е добро позната ...... Останува само да видиме дали
Microsoft ќе биде оној
Microsoft во иднина без
Bill Gates. Да се надеваме дека навистина ќе биде така, за добро на сите нас.