ЗЕН - Приказни <center>БЕЗ СТРАВ</center>
За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, напаѓачките армии брзо влегувале градовите и ја превземале контролата. Во едно село, сите избегале пред да пристигне армијата – сите освен некој ЗЕН господар. Љубопитен за стариот човек, генералот на армијата пошол во храмот да се увери лично што човек е тој господарот. Кога не добил почести и поклонување како што навикнал да добива, генералот збеснал. „Будало,“ викнал и посегнал по својот меч, „не сфаќаш дека стоиш пред човек кој што може да те пресече на половина без око да му трепне!“ Но и покрај заканата, господарот изгледал смирено. „А ти дали сфаќаш,“ одговорил смирено, „дека стоиш пред човек кој што може да биде пресечен на половина без око да му трепне?“ |