![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Општествени и Природни Науки Дискусии за филозофијата, социологијата, антропологијата, филологијата, лингвистиката, астрономијата, географијата, астрофизиката, физиката, хемијата, биологијата... |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Магарестратор | Ова е мое гледање на темава, објавено на друго место. Идеата не ми е да се докажуваме со историски факти кој е најголем меѓу сите големи,него дали можеме да изнајдеме општи критериуми својствени за нашево општество(со сите свои фалинки и позитивности)според кои би го откриле нашиот “Татко“ <center>Татко на нацијата</center> Постојат многу дефиниции со кои се одредуваат основните рамки на поимот нација. Дел од нив се поклопуваат во обидот да ја дефинираат нацијата како социјална група. Територија на населување, јазик, култура, традиција, право на самопределување се само дел од параметрите битни за дефинирање на нациите во современиов свет. Исполнувањето на критериумите им дава право на етничките грпуации да во еден момент се наречат нации. Колку повеќе критериуми се исполнети толку нацијата е поиздржана и поцврста барем на хартија (во историска и традиционална смисла). Наспроти критериумите кои се така да кажам официјализирани и прифатени како составни делови во процесот на дефинирање на нациите постојат и други категории кои се битни, но не се вклучени во системот на дефинирање на нацијата. Овде спаѓаат категории кои се одлика и на нацијата и на државата, народот или други социолошки феномени. Знаме, химна, грб најчесто се симболите на државата но во голем број случаи тие се поистоветуваат и со нацијата. Ова најчесто е случај во етнички хомогените држави. Секоја или барем секоја голема (не бројчано и територијално туку духовно, историски и традиционалистички голема) нација во низата одлики го има и она што се нарекува “Татко на нацијата“. “Татко на нацијата„ е термин кој се користи најчесто за одредена личност од историското минато битно за одредена нација. Тој е најчесто симбол на нацијата. Личност која се смета за основач на нацијата, личност која ја обединила поделената нација, творец на државноста и сл. Атрибути кои најчесто го следат “Таткото на нацијата„ се храброста, визионерството, херојството, авторитетот, харизматичноста и пред се и над се патриотизмот. “Таткото на нацијата“ е национален симбол, кој се среќава на многу државни одбележја: пари, марки, негови слики има по училишта и други државни институции, имаат место во државните химни, монументалните споменици и градби со нивните имиња се редовна појава. Многупати силна е врската меѓу таткото на нацијата и националниот идентитет како таков. Не е мал бројот на случаи кога кон “Таткото“ на нацијата е или се гради целосен култ на личноста. Наспроти ваквиот ултимативен пристап и предаденоста на “Таткото“ постојат и случаи во кои “Таткото“ и не се покажал како навистина голем татко па по неговата смрт или по изчезнување на неговите следбеници и системот кој го градел брзо бил заборавен. Ленин (донекаде), Сталин, Пол Пот и серија африканси диктатори брзо по нивниот пад го изгубиле статусот на Татковци на нациите. Некои нации во текот на своето бурно минато “произвеле“ и по неколку татковци, па тука се јавуваат градации, научно-историски спорови за тоа кој бил поголем или пак сите тие градат еден своевиден пантеон и рамо до рамо ја градат духовната сила и цврстина на нацијата. Вакви случаи има во Франција, Германија, Канада, Чехија, Србија и др. Поретки се но има и случаи кога еден човек – една личност е татко на неколку нации. Најкарактеристичен пример за ова е Симон Боливар кој го ужива статусот “Татко на нацијата“ во Боливија, Колумбија, Еквадор, Панама, Венецуела и Перу. Некои нации во делови од својата историја биле “принудени“ да прифатат наметнати “решенија“ за татковци на нациите. За обемот на прифаќањето и односот кон ваквите личности во друга прилика. <center>* * *</center> Има ли македонската нација свој Татко? Верувам дека секој еден веќе има минимум едно ама најголем дел имаме по неколку имиња во главата. Има ли македонската нација во своето вековно постоење изнедрено личност која ги задоволува критериумите за да се каже дека тој и тој е “Таткото на нацијата“? Во која група на нации спаѓаме. Во оние кои немаат такво симбол. Ако сме овде зошто сме овде? Влегуваме ли во групата нации кои можат со гордост да кажат дека имаат повеќе такви “монументи“ на кои сме им го доделиле почесното место “Татко на нацијата„? Дали можеби спаѓаме во (високоризичната за Балканов) група со еден “татко“ на повеќе нации? Кога зборуваме за дефинирањето на овој вид на национален симбол, не зборуваме за нашата желба или нашиот навивачки дух тоа да биде овој или оној зошто нам лично или на одредена групација тоа во дадениот момент ни одговара. “Татко на нацијата„ не се бира, не се именува со одлука на некој орган, не се прогласува ни со указ, “Таткото на нацијата„ едноставно се гради, а наше е да ги препознаеме карактерните црти кои некого ќе го издигнат до нивото на Pater Patriae (Татко на татковината). Во македонскиот барабан се вртат неколку имиња, почнувајќи од најстари времиња. За сите нив има еден куп аргументи за, а има и мноштво дилеми “дали токму тој“. Ќе наведам неколку имиња кои се дефинитивно најмаркантни во нашата историја и кои ги имаат номинациите за титулата. Од ова веќе се забележува дека моето гледање по ова прашање е јасно. Јас лично сметам дека македонската нација сеуште го нема дефинирано својот “Татко на нацијата„. Ние сеуште го бараме смислено или стихијно не е битно, битно е дека го бараме својот “Татко на нацијата“. Кој се би се нашол на еден средно широк список за татко на македонската нација? И овде треба да се утврдат критериуми и пред се периоди. Постојат случаи кога имаме татко на современата нација, различен од таткото на средновековната или античката нација и сл. Но еве да тргнеме со повеќе тривијално, а помалку научно гледање на работите и за “мир во куќата“ да ја земеме за основа на нашето размилување придавката “македонска“. Македонската нација (ова нација го користам само во склад со терминот Татко на нацијата) народ постои од Антиката од времето пред Филип и Александар, значи првите имиња на нашиот список веќе ги имаме. Филип II и Александар III - некакви посебни биографски податоци во случајов само ќе го оптеретат нашето размислување, а и не верувам дека некој веќе не ги знае фактите. Понатаму имаме еден голем навистина голем период во кој не можеме да детектираме личност која ќе се кандидира за листата. И одеднаш неколку кандидати. Константин и Михаил односно Св.Кирил и Методиј. На почетокот на текстов “Таткото“ го дефиниравме како личност со храброст, обединувачки настроен, херојски расположен, нешто кое не се препознава во делото на солунските браќа но затоа нивното историско наследство е огромно и е доволен капитал за да влезат во најтесниот избор. Доаѓаме до единствената личност која веќе има титула “Татко“ во нашата историја. “Таткото“, основоположникот, патронот на Македонската црква и православието Св. Климент Охридски. Доволоно. Цар Самуил, кандидат пар екселанс. Половина и повеќе Балкан под негова власт. Држава меѓународно преизната, симболи, војска, престолнини, царска династија, војни, победи и порази и крај во голем пораз, доволно трагичен за да ги забетонира темелите на нацијата. Од тука натаму во нашата историја доѓаат едни други “татковци“ со турбани на главите кои со векови не ни дозволиле ни да помислиме да дигнеме глава, а камо ли да исфрлиме личност за нешто повеќе. Влегуваме во водите на современото. И веќе имаме мнозина кандидати, дел од настаните кои ќе ги разлгедуваме се влезени и во Уставот на РМ, значи сериозна препорака да се разгледуваат. Нема да објаснувам премногу само ќе ги споменеме. Јас ќе ги издвојам следниве имиња: Даме Груев, Ѓорче Патров и Гоце Делчев. Зошто нив тројца? Даме Груев е најзначајната фигура во оснивачкиот (тим) период на ТМОРО (МРО). Не е единствениот, но е оној кој опстојал на линијата на Организацијата во деценијата која следела. Неговото револуционерно дело е тоа по обем и содржина, а влијанието и трагите кои ги оставил врз македонското револуционерно движење се вредни за почит. Ѓорече Петров според моите разбирања на историјата е најголемиот идеолог на МРО и мислам дека оваа титула малку неправедно е одземена и предадена на Гоце Делчев. Погледите и ставовите на Петров се силни и цврсти и ден денес се она кое може многу солидно да го трасира нашиот пат во поглед на градење и зацврстување на нашиот идентитет. Гоце Делчев без многу дискусии сите знаеме дека влегува во “Топ 3“ листата на кандидати. Од илинденскиот период оставам место и за Јане Сандански особено што неговата активност трае најдолго од сите погоре споменати. Неговата борба трае и за време на младотурците, се бори и на политички план така што местото дефинитивно му е таму. Повторно наидуваме на една личност која не била со пушка во рацете но се наметнува за “татко“. Имаме уште еден кандидат кој во своите раце го има најсилното оружје на Македонците во нивната историја – книгата, јазикот, азбуката. Крсте Петков Мисирков. Ако солунските браќа ни ја дадоа светлината Крсте Мисирков ни го даде најголемиот патоказ каде да продолжиме со светлината на Кирил и Методиј. Без неговото дело се уште ќе лутавме и ќе се баравме самите себе си како национално така и јазично и културолошки. Најголемиот и најбитниот момент за нашата современа историја. НОБ 1941-44 год. и АСНОМ ни го дадоа Методија Андонов – Ченто. Извонредно мала афирмираност во нашето историско образование, а истовремено извонредно силни аргументи за она за кое зборуваме овде. Лидер, борец за Македонија, за нашиот вечен идеал – Обединувањето. Личност со извонредни човечки особини, високи морални вредности и се останато кое може и треба да го има “Таткото на нацијата“ и на крај пред се и над се патриот. Во прилог како и кај најголемиот дел од погоре спомнатите, Ченто доживува тагичен крај, сурова игра на судбината, на која и пркоси до последната капка живот со вербата во својата борба за Македонија, за самостојноста и независноста. Аргументи плус нема потреба. За периодот во кој живеевме со “Таткото“ кој дојде од север нема да зборувам, а ќе оставам празен простор дали да го вметнеме и него во списокот. Лично велам не, но трагите кои ги остави и ден денес се огромни во Македонија. Таткот на нашите народи и народности на многуте вонбрачни деца и слични други многу потрагични “палавштини“ си го бара местот на листава. Не знам? Се мислам што да правиме со Маршалот Тито? Последната личност на која ќе и дадам место иако сметам дека е премногу рано, бидејќи ја немаме потребната историска дистанца за да го мериме реално и со ладни глави неговото дело е првиот Претседател на самостојна РМ, Киро Глиговов. Оставам резерва велем, бидејќи е премногу блиско тоа време и сеуште е рано но настаните кои се слууваа кона тој ја водеше нацијата, беа навистина историски и драматични затоа во мојата дилема преовладува да и за него. На крај само ќе додадам едно сознание кое неминовно се наметнува следејќи ги искуствата на другите. Сите дневно-политички, емотивни или одлуки изведени на крилјата на некаков раволуционерно – национален занес имаат краток век, по што најчесто доаѓало до ре-дефинирање т.е ре-избор на “Таткото“. Досега не сум сретнал некаква дискусија или расправа по ова прашање, се надевам дека ова е вистинското место. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 3 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Мафијата, ТАТКО |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| ЈАКОВ Е ТАТКО | slasa | Значајни настани | 49 | 15-08-2008 23:50 |
| Мајка или Татко | WondeR | Детско катче | 15 | 18-07-2008 10:22 |
| Утрово во Скопје татко го застрела својот син | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 30-06-2008 23:10 |
| Гром уби татко и син во кавадаречко | BorisVM | Дневни Вести | 1 | 08-06-2008 22:41 |
| Буш последен пат се обрати до нацијата | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 29-01-2008 20:20 |