![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Општествени и Природни Науки Дискусии за филозофијата, социологијата, антропологијата, филологијата, лингвистиката, астрономијата, географијата, астрофизиката, физиката, хемијата, биологијата... |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Солунски Атентатор | НАСА ЧУВА ГОЛЕМИ ТАЈНИ На Месечината има жив свет? Поранешни вработени во НАСА тврдат дека членовите на мисиите „Аполо“ откриле и снимиле траги од древна цивилизација на Месечината [На 21 јули 1969 година Нил Армстронг (лево) стана првиот човек што стапна на Месечината: Армстронг заедно со членовите на мисијата „Аполо 11“, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин] На Месечината постојат траги од цивилизација, за тоа знае НАСА, но овие податоци се кријат како најголема тајна. Ова го тврди поранешниот раководител на лабораторијата на фотослужбата во НАСА, Кен Џонстон. Според него, јавноста не ги знае сите тајни за Месечината до кои е дојдено благодарение на мисиите. Затоа тој решил да ги објави своите знаења, кои пак би можеле да бидат повод за нова вселенска трка кон Месечината. Џонстон тврди дека американската мисија што пред 40 години стапнала на Месечината, открила и снимила траги од цивилизација, пренесува српскиот весник „Политика“. - Станува збор за древни урнатини од вештачко потекло и за стара непозната технологија на управување со гравитацијата - изјавил Џонстон за американските медиуми. Тие податоци властите на САД ги чувале во строга тајност, а на Џонстон му било наредено да ги уништи снимките. Тој тврди дека сепак успеал да зачува неколку снимки. Џонстон неодамна бил исклучен од програмата на лабораторијата за изучување на реактивното движење на НАСА за популаризирање на космичките истражувања. Изреволтираниот Џонстон решил сите податоци да им ги даде на авторите на книгата „Темна мисија - тајната историја на НАСА“, која неодамна беше објавена во САД и се нашла на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. На 550 страници има многу фотографии и многу интересни податоци. Така, според доказите до кои дошле авторите на книгата, членовите на мисиите на програмата „Аполо“ за време на престојот на Месечината снимале остатоци од градежни објекти што се непознати за човекот, дури и донеле примероци од древните технологии, што било повод за промена на насоките на истражување на единствениот природен сателит на Земјата. Поради необичноста и сериозноста на доказите, Ричард Хогланд, познат популаризатор на семоќните космички тајни, поранешен консултант на НАСА и коавтор на книгата, како и Мајк Бара, кој исто така е коавтор, тврдат дека тогашната влада на САД била подготвена дури и да организира заедничка мисија со Русија. - Зачудувачките технолошки откритија, до кои според нашите податоци дошла НАСА за време на мисиите „Аполо“, а потоа ги држела во тајност, влијаат на животот на нашата планета - вели Хогланд, кој денес работи како научен консултант за телевизиската компанија Си-би-ес. Хогланд и Џонстон не ја исклучуваат можноста САД намерно сега да го форсираат лансирањето на шатлови, за таа програма целосно да биде реализирана до 2010 година и потоа да преминат на користење на нови вселенски апарати „констелејшн“, со кои ќе летаат на Месечината. Но и Русија веќе објави дека ќе испрати космонаути на Месечината до 2015 година и таму ќе изгради база. - Зошто во 21 век постои толку големо интересирање за Месечината, а веќе 30 години таа програма се игнорира. Можеби мисиите „Аполо“ нашле на Месечината нешто многу важно што НАСА заборавила да ни каже - се вели во материјалите за промоција на книгата. Хогланд тврди и дека НАСА крие уште многу тајни, меѓу кои е и откривањето на беспилотното летало од типот „Викинг“ со микроби од Марс во 1976 година. Меѓутоа, тврдењата дека на Месечината се откриени траги на некоја древна цивилизација претставниците на НАСА засега не сакаат да ги коментираат и ги сметаат за несериозни. Американската вселенска програма „Аполо“ траела од 1961 до 1975 година и била насочена кон истражување на Месечината и на Земјината орбита. Дневник Ме интересира вашето ценето мислење за ова? Дали некој крие нешто од нас и ако крие зошто крие? Јас и верувам и не верувам во вакви приказни, а Вие? |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 22 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| код, Месечината, СВЕТ, жив |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| 15-месечното бебе кое почина од менингит не се заразило во детската градинка | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 27-05-2008 04:01 |
| Месечината на Сатурн може да има скриен океан | Magical Storm | Научно докажано и недокажано, Мистериозно | 1 | 03-05-2008 10:14 |
| Просветарите од Аеродром бараат да продолжи исплатата на надоместоците за месечен превоз | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 27-02-2008 02:00 |
| Вечерва тотално затемнување на Месечината | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 21-02-2008 00:50 |
| Мадона троши 10.000 долари месечно за „чудотворна“ вода | BorisVM | Македонски Забавник и Занимливости | 0 | 11-01-2008 20:10 |