![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Општествени и Природни Науки Дискусии за филозофијата, социологијата, антропологијата, филологијата, лингвистиката, астрономијата, географијата, астрофизиката, физиката, хемијата, биологијата... |
| Известувања на форумот : Општествени и Природни Науки |
| | |
| Гласот на ВМакедонија Регистриран: Jan 2008
Мислења: 0
Популарност: ![]() | Форумски правила - ПРОЧИТАЈТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО! ВМ - ПРАВИЛА 1. Секој корисник кој сака да се регистрира на овој форум мора да има наполнето најмалку 13 години. Сите членови имаат право да регистрираат само едно корисничко име, дури и кога претставуваат повеќе физички или правни лица едновремено. Секое лице што ќе регистрира повеќе од едно корисничко име ќе биде отстрането од форумов. 2. При избирањето на корисничкото име, внимавајте на неговата должина. Не треба да биде помал од 3 (три) и подолг од 20 (дваесет) карактери и пожелно е да не содржи знаци, цртички, ѕвездички... со цел полесно разбирање, помнење на корисничкото име и олеснување на меѓусебната комуникација. 3. Официјални јазици на форумов се Македонскиот и Англискиот. Тoа значи дека сите ваши написи, потписи мора да бидат исклучиво на еден од овие два јазика. Толеранција може да има само кога се поставува текст напишан на јазик сличен на Македонскиот или Македонскиот е негов предок, но само ако тој текст е со намера да се развие дискусија и не е тенденциозно насочен против форумов и против македонската култура, историја и традиции. Секое непочитување на ова правило, веднаш повлекува времено или трајно отстранување од форумов. 4. Вашите потписи може да бидат најмногу до 10 реда, доколку ја надминете оваа граница форумот ќе ве извести дека не можете да имате таков потпис. Бројот на слики кои може да бидат вклучени во потписите е 3 со максимална висина од 100 пиксели, сите слики што се над оваа висина ќе бидат изменети. 5. Знаеме дека некогаш сакате да поставите линк кон некоја друга веб страница со цел да ја споделите со останатите корисници, да развиете дискусија или пак да дополните некој напис. Но, сепак, запомнете дека не е дозволено тендециозно рекламирање на интернет страници независно од тоа дали имаат идентична или поинаква содржина од овој форум. Секој линк кон друга страница, кој ќе биде поставен со цел рекламирање на таа страница (по проценка на администраторите или модераторот на соодветниот потфорум), ќе биде отстранет. 6. Пред да отворите нова тема, Ве молиме да проверите дали тоа што сакате да го напишете би можело да се вклопи во некоја од веќе постоечките теми. Доколку некоја тема се повторува, администраторите или модераторот од соодветниот подфорум истата можат да ја затворат. Од друга страна, администраторите или модераторот на соодветниот подфорум можат да издвојат одреден напис од некој корисник и тој напис да го објават како нова (посебна) тема. 7. Ве молиме да не објавувате една иста тема на повеќе од еден подфорум. Би било добро да го изберете најсоодветниот подфорум за темата, a доколку не сте сигурни каде, тогаш поставете ја темата на подфорумот „Општо - Miscellaneous“. Секоја отворена тема може да биде префрлена од еден на друг подфорум, доколку администраторите проценат дека за неа има посоодветено место на форумов. 8. Кога поставувате порака на некоја тема, ве молиме таа порака да биде поврзана со тематиката од таа тема. Доколку при поставувањето на некоја порака се прекрши некое од правилата на овој форум тогаш администраторите или модераторот на соодветниот подфорум можат да ја корегираат содржината на таа порака или целосно да ја отстранат. Воздржете се од поставување пораки целосно напишани со големи ('capital' или 'font size'), целосно здебелени или подвлечени букви, или пак текст кој е целиот во боја. Доколку сакате нешто да нагласите тогаш тоа сторете го со нагласување на еден или неколку зборови, но не и целата ваша порака. 9. Кога пишувате порака на некоја тема особено обрнете внимание на начинот со кој се обраќате кон останатите корисници на форумов. Предизвикајте ги на мегдан ставовите на корисниците, изнесете мислење кое создава пријатна дискусија, а не да навредувате нечија личност. Закани, навреди, понижувања, уцени и кавги нема да се толерираат, а најстрого ќе бидат санкционирани навреди од расна, национална, или верска природа. 10. При поставувањето слики на форумов, ве молиме да обрнете внимание тие да не бидат преголеми што би било причина за споро вчитување на темата. Преголемите слики го оптоваруваат форумот и предизвикуваат тешкотија за корисниците со спори интернет врски, па затоа ваквите големи слики може да бидат модерирани. 11. Почитувајте ја приватноста на останатите корисници. Објавување лични фотографии, приватни разговори, како и телефонски броеви, електронски (email) адреси, или било каков вид на лични податоци без одобрение на таа личност не е дозволено на овој форум. Доколку поставите таква порака, тогаш тој напис ќе биде избришан или ќе биде променет дел од текстот, а корисникот што го прекршил ова правило може да биде времено или трајно отстранет од форумов. 12. Доколку имате некакво прашање, забелешка, предлог, или сугестија, ве молиме за такви намени да го користите подфорумот „ВМакедонија ЧПП - FAQ VMacedonia.com“. Доколку забележите некаква активност надвор од правилата од овој форум, тогаш Ве молиме да ги известите администраторите или модераторот на потфорумот каде што е забележана таква активност. 13. Доколку некој корисник прекрши некое од правилата на овој форум тогаш корисникот може да биде опоменет или времено отстранет од страна на администраторите. Времените отстранувања можат да бидат со различни периоди во зависност од проценката на администраторите на форумов. Доколку и понатаму не се почитуваат препораките и опомените од администраторите или модераторот на соодветниот подфорум, или доколку се повторат причините заради кои што корисникот бил времено отстранет, тогаш на корисникот може да му се одреди подолготрајно отсуство или да биде трајно отстранет од форумов. 14. Додека сте отстранети од форумов (времено или трајно) не е дозволено регистрирање нови кориснички имиња. Секое новорегистрирано корисничко име ќе биде избришано и може да придонесе за ваше трајно отстранување од форумов. 15 Редакцијата на „Виртуелна Македонија Форумите“, го задржува правото без претходна најава и образложение да изменува, преместува и брише мислења или теми кои не се во склад со правилата на Форумот или се проценува дека не побудуваат интерес кај учесниците на Форумот. 16. Секој корисник има можност да отвори свој личен блог, кој нема да ги нарушува и повредува правилата на „Виртуелна Македонија Форумите“, во спротивно, администрацијата го задржува правото истиот да го избрише или измени. 17. Секој член има можност за давање и оценување на популарноста на другите членови, односно нивните мислења. Секоја злоупотреба на „ВМ Популарноста“, фаворизирање на исти членови, или пак негативно оценување, со цел отстранување на член, ќе биде најстрого санкционирана. 18. Секој корисник има право да отвори и формира група на „Виртуелна Македонија Форумите“, доколку не постои таква, доколку истата не се коси со правилата на „ВМ Форумите“ и доколку истата не предизвикува непријателство, верска или расна омраза. Групата секој корисник сам ја контролира, но во крајна инстанца доколку повредува било кое правило на „Виртуелна Македонија Форумите“, администраторите имаат право да ја изменат или избришат. ВМ Администрација Напомена: Правилата на овој форум ќе бидат постојано надгледувани и можат да бидат менувани или надградувани. За секој корисник да се чувствува пријатно при посетувањето на овој форум, ве молиме да се придржувате кон поставените правила. |
| | |