Високите штикли - мачителки? Високите потпетици се омиленото средство на множу жени за привлекување внимание. Добро, можеби не баш омилено кога се зема во предвид колку напорно и болно може да е нивното носење, но дека дека има модерна, урбана жена која не знае како штиклите влијаат на нејзиниот изглед. И ја издолжуваат фигурата, ја прават повисока и потенка, одот и станува поелегантен (се подразбира тоа жената да знае како да оди на штикли), нејзините нозе делуваат подолги и подобро обликувани, а стапалата поелегантни.. Многу причини за, а против е само еден: неудобност. Голем број жени се спремни да ја платат таа цена. Проблемот е што баш и не е познато дека неудобноста не е само единствена цена која се плаќа за носење високи штикли.
Кога сте цел ден на штикли, нозете силно ве болат, стапалата знаат да потечат... Постојат жени кои сметаат дека сето тоа заедно повеќе од обичната неудобност и побрзо се определуваат за удобни обувки. Покрај тоа што ваквите жени не патат поради болките и неудобноста, ни нивните нозе нема да претрпат сериозни последици кои носењето високи штикли може да ги имаат. За што се работи?
Проблемот е во следново: стоењето на високи штикли го принудува телото на неприродна положба – со цела тежина се потпира на предниот дел од стапалото. Тој константен притисок после извесно време допринесува до деформирање на ножните прсти (ни малку убав и привлечен изглед!), оштетување на нервите, може да дојде и до скратување на мускулите на стапалото, а тоа ја намалува покретноста при одот и го прави одот помалку убав (елеганцијата нема ни да ја спомнеме).
Што да се направи за ваквите последици да се избегнат – особено, што да се направи ако вашата работа или некои прилики налагаат носење високи штикли? Бидете мудри, како што жените умеат, и непријатноста и можноста за оштетување на своите нозе сведете ги на минимум. Кога и да е тоа можно, бирајте жтикли кои не се поголеми од пет сантиметри и немојте да ги носите повеќе од пет часа дневно. Вашите нозе и стапала ќе ви бидат благодарни за тоа. Болката не мора да е цена за убавината. |