Шминка за мажи Мажи, не се изненадувајте ако вашиот хигиенски прибор наскоро освен пената за бричење, дезодорансот и пастата за заби, не започне да содржи и коректор, пудра за лице и гел за веѓи. Голем дел од машката популација се повеќе и повеќе користи производи кои би ја истакнале нивната убавина во вистинското светло. Факт е дека и мажите, скоро подеднакво како жените се грижат за поправка и прикривање на недостатоците, а помислата за малку пудра на машко лице и веќе не е "екстремна".
Експертите тврдат дека тоа што мажите почнуваат да користат шминка е нормален процес во време во кое дотерувањето се цени и е ставено на пиедестал.
Но сепак, дали мажите го имаат истиот пристап кон шминката како жените? - Одговорот е не.
Тие не сакаат "милион избори", туку единствено се заинтересирани да научат трикови со кои полесно би ги скриле мааните. Овие мали, но ефективни трикови вклучуваат подобро ракување со коректорот за брада и веѓи, или пак начин за нанесување на бронзер на лице без истиот да има "страшен" ефект.
Многумина се прашуваат дали идејата за машка шминка ќе биде добро прифатена. Но, со растењето на конкуренцијата (во било која област од животот), не е на одмет да се изгледа попривлечно за да се остави добар впечаток. Токму поради оваа причина голем дел од мажите се подготвени да ги преземат сите чекори за успех, а машката шминка е дел од тоа.
Заклучок - шминката за мажи дефинитивно може да се сфати како успешен проект. |