Промовирајте мода на „Мајспејс“
Секој што сака да понуди своја модна линија преку мрежата на „Мајспејс“ ќе може да прави ревии и да ја продава колекцијата
Младите дизајнери кои досега немале шанса да ја промовираат својата модна колекција сега можат да го сторат тоа на интернет мрежата „Мајспејс“. Овој сајт им нуди можност на сите млади креатори да ги лансираат модните линии пред огромниот сајбер аудиториум
.
Ваквиот начин на промовирање, го креирала апсолвентката по моден дизајн
Холи Белм од Лондон. Младата девојка смислила оригинален начин преку кој сите млади луѓе можат да покажат што знаат.
- На оваа интернет страна отсекогаш сум можела да го пронајдам она што ме интересира. Тука се промовираат многу нови работи, млади и талентирани музичари ги лансираат новите проекти, па зошто не и ние – рекла 23-годишната Холи.
Сите заинтересирани можат да ја понудат својата модна линија, потоа на страната ќе има опција да се изберат и модели кои би ги носеле креациите. Секој модел ќе има своја фотографија и пропорции за дизајнерот полесно да може да најде соодвено парче за него.
Посетителите на кои ќе им се допадне некое оригинално парче со попуст од 10 проценти преку онлајн продажба ќе можат да пазарат од понудените модели.