Контра....... Пилулата е особено ефикасна форма на контрацепција, која е целосно реверзибилна. Тоа значи дека кога ќе престанеш да ги пиеш пилулите повторно може да останеш бремена.
Денес, тоа е најупотребуваниот контрацептив на светот. Три четвртини од корисниците на пилули се жени под 30 години. Во Европа, тоа се најчесто млади и немажени жени без деца – но истовремено е и најпопуларен метод и кај жените кои се во брак.
Тоа е лек кој е најмногу испитуван во историјата и извонредно прифатен како од медицинските лица така и од корисничките.
Освен како средство за контрола на раѓање, пилулата може да има и други позитивни влијанија поради кои докторите ја препорачуваат. Тука спаѓаат лекување на акни, болна менструација, обилна менструација и нередовен циклус. Што вие мислите за ваквиот вид на контрацепција? |