Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Женско Катче

Важни забелешки

Женско Катче Универзални муабети за машките и женските проблеми. Како да освоиш жена, како да го натераш мажот да помогне дома, деца и фамилија...

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 28-07-2008, 20:08   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
otki
 
Аватарот на otkacalkaMK
 
Регистриран: May 2006
Локација: Macedonia
Возраст: 24
Знак: Девица
Мислења: 1.400
Популарност: otkacalkaMK Новодојденец
Испратете порака преку MSN до otkacalkaMK Испратете порака преку Yahoo до otkacalkaMK Испратете порака преку Skype™ до otkacalkaMK
Стандардно

Иако сите си имаме свои доблести и мани, од некои карактерни особини треба да се бега како од ѓавол. Во мали дози се е подносливо, но што кога некои карактеристики кулминираат до неподнослива опсесивност?

Жена која е опседната со брак

Да претпоставиме дека знаете на каков тип жени мислиме. За нив секој тип на маж е добар се додека во план го има бракот. Иако знаеме дека девојчињата си фантазираат за датумот на својата свадба, оваа е концентрирана на совршен живот и режиран ден "Д". Освен тоа, болно е свесна дека биолошкиот часовник и отчукува. Ваквата жена, по свадбата од бајките, многу често сфаќа дека се залетала и дека вие не сте тоа што и треба, а вие ќе морате да живеете со тоа до крајот на животот.



Кавгаџика

Овој тип на жена ќе го препознаете лесно и брзо доколку со неа сите работи водат кон караници. Па да му се невиди, не можете за се вие да сте виновни. Имено, таа на секого од контекст му ги вади речениците кои би можела да ги доживее како навредливи и започнува вистинска вербална војна. Доколку не се случи ова, не се секирајте, ќе најде друга причина за започнување расправија. Покрај ваква жена, секој маж би станал лут и огорчен од животот, бидејќи таа му пружа само јадови.



Чувствителна билка

Таа е осетлива како мимоза, па воопшто не е тешко да ја повредите, а што е нејлошо - се чувствува повредено во 80% од случаите во кои никој не би го очекувал тоа. Најмалата критика е доволна да и потечат солзи. Пред да се свестите, ќе сфатите дека животот ви поминува во извинувања и оправдувања за тоа што не сте го ни направиле, но и за самото тоа што сте се нашле во нејзиниот живот.



Вечно млада и самоуверена

Сфаќаме дека постојат жени кои се чувствуваат млади во душа и како тинејџерки, но факт е дека доаѓа време кога мораат да престанат да се облекуваат како да имаат тело на девојка. Доза на младост и самодоверба секогаш е добредојдена, но се си има свои граници.



Жена на која никогаш ништо не и чини

Вакви примери има многу и сигурно барем еднаш сте налетале на таква жена. На неа се и е напорно, досадно и се и е тешко. Исто така,присутна е и голема доза на песимизам и мрзеливост, па секогаш ќе постои нешто што ќе тргне наопаку, а таа никогаш нема да биде среќна без разлика што и да направите.



Спонзоруша

Иако има мажи кои паѓаат на кукли чиј единствен интерес е нивниот автомобил, куќа или паричник, ова се жени кои знаат да разговараат само за пари и животот со нив не може да биде интересен. На почетокот, таа е најубавата и најнегуваната девојка која сте ја запознале, но по некое време сфаќате дека таа е китирана кукла дизајнирана за повик на алармот. Внимавајте, бидејќи спонзорушата од вас ќе ја исцеди целата животна енергија, а и сите банкноти кои ви се наоѓаат во паричникот.



Паметна, која не знае да затвори уста

Нормално, сите не привлекуваат комуникативни и духовити личности кои во друштво не служат само како украс, туку со нов може да се разговара за се. Меѓутоа, помеѓу добриот соговорник и незапирлива дрдорка линијата е тенка. Избегнувајте ги "препаметните" жени кои на секое лонче мораат да му бидат капаче и кои секогаш мораат нешто да додадат.



Чисто зло

Овој тип на жени е редок, но најлош и најопасен од сите. Во принцип, доаѓа во нормално "пакување", но со тек на времето сфаќате дека жената е чисто зло. Бегајте додека имате време и погрижете се да ги скриете сите траги, бидејќи таа е тип на личност која е во состојба да ве бара со години, за на крај да ве пикне во затвор, на пример - со лажни обвинувања. Едноставен пример за психопат.



Неодлучна

Оваков тип на жена ќе ве турне во прерана смрт предизвикана од срцев удар, а истиот ќе настапи поради долгорочни фрустрации од неа. таа не може да се одлучи за ништо, а ни самата не знае дали оди напред или назад. "Незнам". Толку е преокупирана со грижи да не донесе неправилна одлука, што ќе ве донесе до лудило додека стрпливо чекате по илјадити пат да одлучи што да направи, каде да отиде, што да јаде, што да облече...

Се најдов во

Вечно млада и самоуверена

Сфаќаме дека постојат жени кои се чувствуваат млади во душа и како тинејџерки, но факт е дека доаѓа време кога мораат да престанат да се облекуваат како да имаат тело на девојка. Доза на младост и самодоверба секогаш е добредојдена, но се си има свои граници.

и

Неодлучна

Оваков тип на жена ќе ве турне во прерана смрт предизвикана од срцев удар, а истиот ќе настапи поради долгорочни фрустрации од неа. таа не може да се одлучи за ништо, а ни самата не знае дали оди напред или назад. "Незнам". Толку е преокупирана со грижи да не донесе неправилна одлука, што ќе ве донесе до лудило додека стрпливо чекате по илјадити пат да одлучи што да направи, каде да отиде, што да јаде, што да облече...
__________________
He said:

" My little one,don't you cry,there was no time for me to say goodbye
a force beyond my choice was calling me
it was my destiny

So many things more i need to do and if it looks like it stealing me from you
you gotta know deep down in your heart that we will never be apart."
otkacalkaMK моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Девет, кои, типови, треба, жени

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
5 Типови на мажи... No_One Машко Катче 45 29-08-2008 10:18
Експертски тимови го разгледуваат пакетот на Нимиц BorisVM Дневни Вести 0 21-02-2008 12:50
Типови Unreal Останати Спортови 1 30-09-2006 06:30


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 13:50.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68