Нафтата до 2011 година би можела да достигне цена до 200 долари за барел Комесарот на Европската унија за енергетика Андрис Пиебалгс не ја исклучи можноста нафтата до 2011 година да достигне цена до 200 долари за барел. - Тоа не е фантазија, туку можен развој на настаните, изјави тој во интервју за шпанскиот весник „Економист“.
Цената на нафтата на почетокот на оваа недела скокна на историскиот максимум од 103 долари за барел.
Претседателот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Шакиб Келил смета дека барел нафта во скоро време може да достигне цена од 110 до 120 долари.
- Доколку САД продолжат со политиката на намалување на каматните стапки, а курсот на доларот продолжи да слабее, тоа ќе доведе до ширење на шпекулациите на светскиот пазар на нафта, што ќе го поттикне покачувањето на цените, изјави Келил во Виена, каде се одржува редовниот состанок на ОПЕК.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |