Mislam deka temava e za pod Biznis!
http://majkooo.blog.com.mk/node/81798#comment
Информатичари!
Ова треба да оди во рубриката ВЕРОВАЛИ ИЛИ НЕ!!
Е вака, нели отвориле насока “информатика“ на универзитетот во Битола?
Ех, арно ама скоро сите професори што предаваат на таа насока се се’ освен информатичари, па не е ни чудо што децата што дипломираат на истата насока, и добиваат звање “дипломиран информатичар“ не знаат таблица множење, а да не зборувам за нешто повеќе! Остај што не учат (ај да не речам ич) доволно, туку и тоа што го учат не им е соодветно претставено, па место за логика нема! Тоа е друга тема...
Дотичната професорка В.М. важи за една од построгите, но и послаби, професори што може да се заклучи од темата за дипломска работа која ја дала и одобрила (со цела свест и разум кој го има!)
ПРИРОДНИТЕ РЕТКОСТИ И УБАВИНИ НА МАРИОВО!!
Дали ви се верува?!?! Информатичар кој штотуку треба да дипломира брани тема од струката за природните реткости и убавини на МАРИОВО??? Абре како??? Ај студент ко студент, ич не му е гајле што ќе има како дипломска работа, важно да дипломира, ама професоркава!!??? И како информатиката и Мариово се поврзани? Да не станало Мариово посебна стратешка точка, клучна за информатиката, а јас да не сум во тек?? Ако е така, многу се извинувам за критиката...