Љубовта трае четири години Заборавете на романтичните приказни. Не можете во никој да бидете заљубени цел живот. После почетното лудило во кое ги има сите симптоми на опсесивно-компулзивно пореметување, станувате зависник.
Според мексикански научници љубовта не може да трае повеќе од четири години. Изреката "Ќе те сакам до крајот на животот", според нив, е лага.
Истражувачкиот тим од Националниот автономен универзитет во Мексико спроведе истражување кое покажа дека во првата фаза на вљубеност човечкиот мозок произведува одредени хемиски соединенија. Тогаш се активираат одредени делови на големиот мозок кои одговараат на таа емоција - таламус, хипоталамус и хипокампус.
Таквите реакции, според научниците, од анатомски причини не можат да бидат подолги од четири години. Способноста на мозокот да произведува такви соединенија има "рок на траење".
Исто така, утврдено е дека психичката состојба на заљубените е слична како опсесивното растројство што доведува до опаѓање на концентрацијата и креативноста. Според нив, малку големи дела настанале во момент на вљубеност.
Освен тоа откриле дека во иста особа можеме само еднаш да се заљубиме. Чувствата кои може да се јават по прекинувањето на врската се минливи и не може повторно за разгорат голема љубов.
Извор Точка.
__________________ The diplomacy is the best thing to solve a conflict. |