Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Љубов и Секс

Важни забелешки

Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 05-06-2008, 14:35   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
catwoman by mona
 
Аватарот на MaCkiCa`
 
Регистриран: Dec 2002
Локација: Gevgelija, Makedonija
Возраст: 27
Знак: Лав
Мислења: 3.214
Блог записи: 2
Слики: 13
Популарност: MaCkiCa` Новодојденец
Испратете порака преку MSN до MaCkiCa` Испратете порака преку Yahoo до MaCkiCa` Испратете порака преку Skype™ до MaCkiCa`
Стандардно Сексот и потрагата по интимност

ова малку поучно, мислам дека ќе ви се допадне. Поздравче

Како да ја згаснеме нашата вистинска жед; пиењето до бесвест може да ни стане замена за длабоки и значајни врски со други луѓе

Од Дик Пурнел (Richard Purnell)




Д-р. Хенри Брант, во магазинот Collegiate Challenge (Колегијален Предизвик), рече дека кога кај него на разговор ќе дојдат парови постои еден синдром, една шема што се повторува. Тие велат: „Отпрво, сексот беше возбудлив. Потоа почнав да се чувствувам чудно, а после и во чувствата кон мојот партнер се појави нешто чудно. Се расправавме, се каравме и конечно раскинавме. Сега сме непријатели.“ Јас ова го нарекувам „синдром на утрото потоа“.
Се будиме и сфаќаме дека интимноста меѓу нас не постои. Сексуалниот однос веќе не нè задоволува, и така, на крај добивме нешто што воопшто не сме го посакувале. Добиваме двајца егоцентрични луѓе кои сакаат само себеси да си удоволат. Искрена љубов и интимност не можат да се добијат „инстантно“, а ние завршуваме во нераумнотежена состојба барајќи хармонија. Секој од нас има пет значајни области од својот живот физичкото, емоционалното, умственото, општественото и духовното. Сите области се создадени за заедно да функционираат во хармонија. Во нашата потрага за хармонија, ние го сакаме решението денес, или по можност, вчера. Еден од нашите проблеми е тоа што сакаме „инстант“ задоволување. Кога потребата за интимност во една врска не е задоволена, бараме „инстант“ решение. Каде бараме? Во физичкото, емоционалното, умственото, општественото или духовното? -Во физичкото. Полесно е да се биде физички интимен со некого отколку да се биде интимен во која било друга област. Можеш да станеш интимен со некој од спротивниот пол за еден час, или за пола час, зависно од нагонот! Но набрзо откриваш дека сексот може да е само привремено задоволување на една површна желба. Постои една многу подлабока потреба која останува незадоволена. Што правиш кога возбудата избледнува, и колку што имаш повеќе секс, толку помалку ти се допаѓа? Ние наоѓаме рационално објаснување велејќи: „Ние не сме вљубени. Не, мислам навистина вљубени.“ Но сепак се шувствуваме виновни и незадоволни. Насекаде меѓу студентите гледам момчиња и девојки како бараат интимност и влетуваат од една врска во друга надевајќи се: „Овој пат ќе биде тоа вистинското. Овој пат ќе најдам трајна врска.“

Верувам дека она што навистина го сакаме не е секс. Ние всушност копнееме по интимност.

Сексот може да биде само привремено задоволување на една површна желба. Постои многу подлабока потреба која останува незадоволена.



ШТО Е ИНТИМНОСТ?


Денес, зборот интимност има примено сексуални конотации. Но интимноста е многу повеќе. Ги вклучува сите различни области во нашите животи - да, физичките, но исто така и емоционалните, умствените, општествените и духовните аспекти. Интимноста всушност значи тотално споделување на животот. А зарем сите ние некогаш не сме имале желба за блискост, за единство, за потполно споделување на нашиот живот со некого? Маршал Хоџ има напишано една книга со наслов Твојот страв од љубовта. Во неа тој тврди: „Ние копнееме за мигови на изрази на љубов, блискост и нежност, но често, во клучниот момент, се повлекуваме. Се плашиме од блискоста. Се плашиме од љубовта.“ Понатаму во истата книга, Хоџ изјавува: „Колку што повеќе се зближуваш со некого, се изложуваш на сè поголем ризик да бидеш повреден“. Стравот од болката е она што често пати нè оддалечува од наоѓање на вистинска интимност. Еднаш држев една серија предавања на еден универзитет во Илиноис. После едно од предавњата, едена жена ми пристапи и рече: „Морам да зборувам со тебе за проблемите што сум ги имала со моите дечковци.“ Седнавме, и таа почна да ми раскажува за нејзините маки. По неколку моменти, таа го рече следново: „Сега преземам мерки никогаш повторно да не бидам повредена.“ Јас и реков: „Со други зборови, ти преземаш чекори никогаш повторно да не љубиш.“ Таа помисли дека не ја разбрав, и продолжи: „Не, не го велам тоа. Јас само не сакам повторно да бидам повредена. Не сакам болка во мојот живот.“

Реков: „Точно така, не сакаш љубов во твојот живот. Знаете, „безболна љубов“ не постои. Колку што повеќе се зближуваме со некого, се изложуваме на сè поголем ризик да бидеме повредени.“

Мојата проценка е дека ти (и околу 100% од луѓето) би рекол дека си бил повреден во некоја поранешна врска. Прашањето е што правиш со таа повреда? За да ја камуфлираме болката, многумина од нас им праќат на луѓето она што јас го нарекувам „двојна порака“. На личноста и велиме: „Види, сакам да станеме поблиски. Сакам да љубам и да бидам љубен/а... но почекај малку, сум бил/а повреден/а. Не, не сакам да зборувам на таа тема. Не сакам да ги слушам тие работи.“ Градиме ѕидови околу нашите срца, за да се заштитиме од некој однадвор, којшто сака да влезе за да нè повреди. Но, истиот тој ѕид којшто ги спречува луѓето да влезат, нè заробува нас внатре. Резултатот: Осаменоста завладува и вистинската интимност и љубов стануваат невозможни.
__________________

You will never know true happiness
until you have truly loved,
and you will never understand
what pain really is
until you have lost it.
H
appiness can be found with someone near when you look closely and discover the good in their heart

MaCkiCa` моментално е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
интимност, потрагата, сексот

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Што и колку е ризично во сексот? Unreal Здравје 13 29-11-2008 20:53
Јавна интимност No_One Љубов и Секс 22 26-05-2008 19:46
Петти ден трае потрагата по исчезнатиот Александар Марковски BorisVM Дневни Вести 0 07-05-2008 00:30
Доминација во сексот Mara Љубов и Секс 26 27-02-2008 05:12


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 22:37.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68