Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Љубов и Секс

Важни забелешки

Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 02-07-2007, 12:15   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
WiCk3d
 
Аватарот на The`bItCh
 
Регистриран: Aug 2003
Локација: Ohrid, Britishn Indian Ocean Territories, Jamaica.
Возраст: 20
Знак: Близнак
Мислења: 4.699
Популарност: The`bItCh Новодојденец
Стандардно Пет грешки кои жените ги прават во кревет

На прашањето што ја прави жената добра во кревет, најдобар одговор можат да дадат мажите, а иако нивните одговори се различни, најчесто се жалат на сметка на женската незаинтересираност за секс, опседнатоста со сопствениот изглед, срамежливоста и "непознавањето на материјата".

Не знаат доволно за сексот, односно за машките делови

"Таа секогаш се смешка кога се обидувам да и објаснам како треба да ме допира и што всушност ме возбудува. Не само што незнае како функционира мојот пенис, туку и покажува недоволен интерес за да научи" - ова е изјава на еден маж за еден од најчестите проблеми.

Во овој случај, мажите се во право. Девојките навистина би требало да знаат некои основи за тоа како функционира машкото тело. Сите можеме да седиме на компјутер и да пишуваме со два прсти, но никогаш нема да бидеме добри како некој кој научил да пишува со сите десет. Затоа, прочитајте некоја книга - водич низ сексот и престанете да се смешкате. Кога ќе ги совладате основите, комбинирајте ја теоријата со праксата и од девојка која мутаво се смешка ќе прераснете во добра љубовница.

Жените очекуваат од мажите да им ги читаат мислите

Ја прашав дали доживеала оргазам и ми рече не. На прашањето зошто, ми одговори дека сакала орален секс, кој не и го пружив" - често велат мажите.

Да се очекува од партнерот да ја препознае секоја ваша желба е глупост. Тоа што некој е со некого во врска, не значи дека има кристална топка која ги чита сите скриени желби. Значи, кажете си ги желбите јасно и гласно.

Се чини дека сексот го сакаат само на почетокот, а кога врската ќе стане сериозна, го губат интересот


Мажите мислат дека жените во подолгите врски го губат интересот за секс. Мислат дека на почетокот се преправаат, а подоцна покажуваат што навистина мислат и колку сексот им е важен во животот. Одговорот е дека на жените им станува досадно кога сексот станува предвидлив. А кога им е досадно, тешко постигнуваат оргазам бидејќи им треба многу ментална и физичка стимулација за да го доживеат.

Многу луѓе не сакаат секој ден да јадат ист оброк. Затоа, променете барем една работа секој пат кога имате секс. Друга поза, различно светло, нов долен веш или слично. Употребете само малку фантазија и ќе се случи чудо.

Жените се премногу оптеретени со своето тело

"Мрази страничен секс бидејќи стомакот така и изгледал дебело. Не сака да биде одозгора, бидејќи мисли дека градите и се виснати. Не сака дури ни до WC да отиде, ако не и ветам дека нема да ја гледам нејзината задница" - ова се изјавите на мажите чии жени се опседнати со изгледот на нивното тело дури и во најинтимните моменти.

Многу мажи не се оптеретени со изгледот и обликот на своето тело
и не ги анализираат своите девојки критичарски и детално како што тие самите се анализираат. Вистината е дека женската идеја за иделаното тело не се совпаѓа со машката. Неколку килограми вишок кои на жените им претставуваат проблем и нервоза, на мажите можат да им се чинат многу секси. Тие не мислат дека поради тоа жените се дебели и округли, туку бујни, топли и женствени. Сочни.

Доколку ве загрижува вашето тело и не сте задоволни со него, логично е дека вашиот сексуален живот ќе страда.

Целата работа им ја препуштаат на мажите

Каква е разликата помеѓу водењето љубов со долгогодишна девојка и јадење шпагети? Шпагетите барем се мрдаат. Вака е вицот со кој многу од жените нема да се сложат, а кој мажите го користат како споредба.

Некои жени не само што мислат дека мажите се тие кои мора да иницираат секс, туку и дека мора да ја завршат целата работа. Превземете иницијатива и одговорност во креветот. Не туку легачете препуштајќи му на партнерот да ја врши целата работа додека вие лежите како мртва. Превземете ја и вие играта и имајте го главниот збор. Ќе го импресионирате доколку иницирате секс кога најмалку очекува.
The`bItCh моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
грешки, кои, ПАТ, прават, жените

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Грешки кои жените ги прават во врска The`bItCh Женско Катче 35 15-11-2008 00:04
Најчести грешки кои родителите ги прават? Aleksandra Детско катче 43 12-06-2008 17:38
Во твојот кревет, твојот пријател/ка? No_One Љубов и Секс 34 17-04-2008 00:31
Се залепил за кревет за да не оди на училиште BorisVM Дневни Вести 0 08-01-2008 19:40
Што животно сте во кревет? Mara Вицотека и Линкови 17 22-03-2007 14:42


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 22:44.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68