Класи Од секогаш луѓето во општеството се делеле на разно разни класи, едни се убави едни не се убави, едни се паметни други не се толку паметни, едни имаат пари други немаат итн.
Да ги тргнеме на страна убавината и паметот затоа што тоа се релативни работи и да се сконцентрираме на парите оти тоа го врти Светот.
Имаме еден обичен граѓанин кој нема многу пари, не е од позната фамилија, живее скромно, запознава богата граѓанка што е со педигре и за нејзе парите никогаш не биле проблем. Граѓанката нели сака да се дружи со сите, не и сметаат обични, богати, крем, не-крем итн. Почнува да се забавува со обичниот, убаво и е, може ќе се развие нешто повеќе, ама кога доаѓа време некаде да одат тој нема доволно пари, нема кола да ја вози, нема можности да и ги симнува ѕвездите како што била до тој момент научена. Него не му се важни парите, скромен, не е со нејзе за тоа.
Може ли нешто такво да успее, граѓанката да го побие "генот" и да се симне на нивото од тој што сепак на крај ќе ја задоволи на поинаков начин, или пак тоа е осудено од сам старт на пропаст?
Дали во денешно време тоа влијае за да успее нешто помеѓу двајца?
21 век сме, се сеќаваат ли разликите или пак секој си се држи до своите и не се мешаат помеѓу себе?
__________________ Never say never. 3, 2, 1 ... bauuu! |