![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| WiCk3d | Во проблематичните врски неверството изгледа како едноставна алтернатива, подобра од мачното раскинување или агонијата на разводот. Во основа, постојат десет причини поради кои луѓето се подготвени да ги изневерат своите партнери. 10. Партнерката е ретко (или не е никогаш) расположена за секс Очигледно дека во долгите врски многу од луѓето ја губат желбата за секс, со тоа оставајќи го партнерот самиот да трага по телесните задоволства. Кога ќе се појави потреба за "уште повеќе секс", многу од нив почнуваат да "остануваат на работа до доцна". Друга можност е дека сексот едноставно станал премногу предвидлив и досаден. Таа не е склона кон новитети во креветот, одбива да експериментира, не сака фелацио... Некои од мажите навистина ги изневеруваат своите девојки или жени затоа што тие не ги прифаќаат сексуалните чинови кои би го уништиле нивнот имиџ на "добри девојки". Затоа, мажите си наоѓаат љубовница која ќе се погрижи за тоа. 9. Таа го изневерува него Кога мажот ќе открие дека жената е неверна, се ослободува од насобраниот бес со тоа што и тој го прави истото што и таа. За многу мажи тоа е единствениот начин да се одмаздат на своите неверни партнерки. 8. Предизвикувачки и возбудливо Доколку жената со која што спијат ја гледаат како сексуален трофеј, сигурно барем еднаш биле неверни. Постојат мажи кои едноставно не можат да живеат без тоа возбудување кое им го пружа ловот на жени и освојувањето. Кај некои се работи само за потреба за промена. 7. Измамата може да пројде Тоа што не го знаеме, не може ни да не повреди - вели една стара поговорка. Самото сознание дека никој не може да открие што се случило и следствено на тоа - никој нема да биде повреден. Ова е доволна причина мажите да ја зграбат шансата. 6. Неверството го храни машкото его Ништо не ја подига машката самодоверба како сознанието дека некоја друга жена го посакува. Во сите долги врски, мажите се прашуваат дали сеуште добро би прошле кај спротивниот пол. 5. Шанса на дофат на рака Неоспорен е фактот дека мажите не можат да кажат "не" кога сексот е на видик. Бидејќи мажите не се константно бомбардирани со понуди за секс, понекогаш ќе се појави и неочекуван и неодолив "подарок". Некои од мажите ова го сфаќаат како животна шанса, па си велат - carpe diem! 4. Жена која секогаш има забелешки Секој маж барем еднаш во животот имал искуство со жена која ужива да му го загорчува денот. Поради постојаните дрдорења, некои од мажите едноставно бараат средство кое ќе им ги ублажи главоболките. Неверството за нив е бегство од домашниот пекол, а делува поефикасно од аспирин. 3. Таа дозволува неверство И тоа е вистина, има и такви случаи. Постојат жени кои се подготвени да им ги простат неверствата на мажите. Можеби од страв дека ќе останат сами, или затоа што се сожалуваат. Некои жени дури се обвинуваат самите себе си за неверствата на нивните мажи. Но, фактот дека многу жени простуваат неверство и дозволуваат нивните мажи и покрај очигледниот грев да се извлечат неказнети, мажите само ги охрабрува повторно да го направат истото. 2. Партнерката не ги возбудува повеќе Долгите врски имаат и таква немила карактеристика - луѓето едноставно стануваат мрзливи. Повеќе не водат сметка да изгледаат атрактивно и убаво. Жената многу лесно може да го изгуби тоа што некогаш го имала во неговите очи. Можеби тој повеќе не ја гледа како убава, а водењето љубов со неа не е возбудливо како некогаш. Поради тоа, мажите најчесто и наоѓаат љубовници помеѓу младите и убави жени. 1. Недостаток на љубов По извесен период поминат во врска, понекогаш исчезнуваат емоциите кои некогаш ги имале еден кон друг. Меѓутоа, таа врска веќе станала составен дел од нив самите. Разделувањето изгледа како премногу болно и радикално. Наместо разделување, мажите одат таму каде што ќе најдат задоволство. Во повеќето случаи, ова значи само одложување на разделувањето. И конечно, имајте на ум дека неверството не е безизлезна работа. Доколку ја изневерувате својата девојка или жена, можеби сте несреќни во врската или самите имате проблеми за кои никако не смеете да ја обвинувате патнерката. Треба да сте свесни дека вашето неверство е симптом на сериозни проблеми. Можеби тоа изгледа како бегство до тие проблеми, но не носи долгорочно решение. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 4 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Десет, Кај, неверство, мажите, причини |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Десет мртви во невремето во САД | BorisVM | Дневни Вести од Светот | 0 | 10-06-2008 13:51 |
| Од што мажите највеќе се плашат во кревет? | The`bItCh | Машко Катче | 55 | 26-05-2008 20:58 |
| Неверство - казна или не? | No_One | Љубов и Секс | 8 | 15-04-2008 12:26 |
| Десет години од протести | dejan | Вести и Политика од Македонија | 3 | 19-02-2007 08:59 |