![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Професионален сонувач Регистриран: Mar 2008 Локација: Меѓу ѕвездите
Мислења: 126
Популарност: ![]() | Старата поговорка “далеку од очите, далеку од срцето” веќе не е сосема точна. Врската од растојание како и сите други нешта има свои добри и лоши страни. Со развојот на новите технологии, добрите страни се се’ повеќе... Добри страни. Растојанието го одржува пламенот на љубовта -очекувањето на секое следно писмо, мејл, MSN, телефонски разговор и средба го прави срцето да бие посилно. Радоста од контактот со саканиот е секогаш подеднакво голема. Крај на рутината - многу од класичните врски се задушуваат токму заради досадното секојдневие. Кај врските од растојание секоја средба е повторно откривање на човекот до нас а темите за разговор никогаш нема да се исцрпат. Друг плус на врската од растојание е што секој си го живее својот живот. Можете да си дозволите да закаснете некоја вечер без да треба да објаснувате или да ги посетите родителите без грижа на совест. Кога саканиот е далеку, тоа значи крај на караниците. Времето поминато заедно е толку мало, што незаслужува да го трошите во критики и спорови. Лоши страни. Ретките средби не ви дозволуваат да го запознаете целосно човекот со кого сте обврзани. Не се гледате многу често и затоа не можете да му ги видите лошите страни. Тоа може да биде прифатено и како плус затоа што и вашите лоши страни остануваат скриени. Тоа што и двајцата живеете одделно има шанси и опасност да си создадете нови навики кои потоа тешко ќе ги надминете во заедничкиот живот. Отсуството на саканиот човек се чувствува многу силно во тешки моменти. Телефонскиот разговор не може да ја замени силната прегратка. Како да се справиме во таква ситуација?Во слична врска најважно е да се научете да се надополнувате со саканиот човек. Редовните разговори ќе ви помогнат за покачување на расположението и на двајцата и во надминувањето на тешкиот период. Многу важно е заедно да ги правите плановите за иднината. Независно дали се однесува на вашата следна средба или за заедничкиот живот. Да живеат новите технологии. Благодарение на современите средства за комуникација, големото растојание скоро и да не се чувствува како пречка. Освен добриот стар телефон, на услуга на вљубените, но разделени сродни души се и електронската пошта, веб камерата кои се како создадени за точно такви ситуации. А љубовното писмо, испратено по пошта секогаш ќе остане најљубовниот гест на разделените. ![]() Дали сте биле некогаш во ваква врска? Дали мислите дека може да успее? |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 20 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| далеку, очите, срцето |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Грузија уште е далеку од мир | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 11-08-2008 20:50 |
| Разумот или срцето | Magical Storm | Љубов и Секс | 23 | 16-05-2008 00:46 |
| Компромисот е далеку | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 27-03-2008 04:50 |
| Успешна операцијата на срцето на Пол Макартни | BorisVM | Македонски Забавник и Занимливости | 0 | 04-01-2008 06:59 |
| Добриот грав далеку се слуша | Jakov | Дружење и Кафе | 7 | 02-10-2006 13:54 |