![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| otki | Некогаш Платон напишал во дијалогот “Пир” како во почетокот луѓето биле машко - женски суштества. Меѓутоа боговите ги разделиле на две... ...оставајќи ги половинките да се лутат и така се појавила и љубовта. Со чинот на разделување на човекот му била претставена и слободата да избира со која половинка да се споредува. И денес ние сме се посклони да се препознаваме во сопствената половинка. Темата за бисексуалноста е се погласна во современиот начин на живот и мислење. За некои тоа сеуште стои во делот “табу-тема”. Со самото споменување на еднополова врска или само на еднократен сексуален контакт, конзервативните згрозено ќе замавнат со глава и ќе откажат да коментираат, определувајќи ја таквата ориентираност како глупост или помодарство а луѓето кои спаѓаат во таа категорија “бисексуални” како извратени кое самото по себе во нивните очи е доста навредливо. Бисексуалноста не е страшна, ниту опасна ниту заразна. Освен тоа таа повеќе е само психичка. Како за почеток да ги разграничиме двете категории. Да дефинираме што точно се крие зад терминот бисексуалност. Тоа е вид сексуална ориентација, која се карактеризира со чувства на љубов и/или сексуална привлечност кон претставници и на двата пола, за разлика од хетеросексуалноста кое е привлечност само кон спротивниот пол и хомосексуалноста привлечност кон сопствениот пол. Додека на едната страна на тасот стои конзервативниот начин на прифаќање, на другиот стои едно “демократско” мислење. Комерцијализирањето на бисексуалноста ја направи толку популарна што многумина започнуваат да го манифестираат тој вид на ориентација единствено заради пустата желба да бидат забележани и коментирани. ![]() Бакнежот на Бритни и Мадона Ако направиме чекор назад во историјата, од друга страна може да наидеме на безброј докази дека бисексуалноста е далеку од модна тенденција од денешно време. Таа се зародила уште во древноста. Луѓето од скоро сите опшества, култури и епохи покажувале различна степен на бисексуалност. Во древна Грција, на пример, женетите мажи одржувале и еднополови врски со млади. Заедно со сопругите, еднополови љубовници имале и Александар Македонски, римските императори, индиските раџи, јапонските шогуни, турските султани, персиските шеици, кинеските имератори и будистичките свештеници. Во древна Спарта било обичај да се одржуваат врски на млади девојки со возрасни мажи. Според научникот Алфред Кинси мнозинството од луѓето имаат бисексуална природа иако не се свесни за тоа но таа е склона да се отклучи во соодветни услови. Таа теорија за општото бисексуално пред расположение на вишите суштества е контрадикторна. Прашање на индивидуално чувство е дали ние ја имаме во себе склоноста да бидеме привлечени од сопствениот пол. Бисексуалноста можеме со сигурност да кажеме дека има широка популарност и во наше време. Погрешното толкување во барање на атрактивност доведе до нејзино намалување. Точно е дека “бисексуалноста ги зголемува нашите шанси за успешен лов во сабота на вечер“ како што тврди Родни Дангерфилд, но значи ли тоа дека со сила треба да ја менуваме реалната сексуална ориентација во овој современ свет, во кој границата меѓу машкото и женското и онака е многу мала а во последно време дури и ја преминува природната граница?
__________________ Catch me if you can |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 49 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Бисексуалност, или, мода, табу |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Мода и убавина - новости | Magical Storm | Мода, Живот и Убавина | 5 | 08-06-2008 12:24 |
| Детска мода | eva2marija | Детско катче | 22 | 23-04-2008 19:06 |
| Чудна мода | Mara | Вицотека и Линкови | 11 | 21-09-2007 12:40 |