![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Lux et veritas. Регистриран: Jul 2006 Локација: Во неговите прегратки. Возраст: 40
Мислења: 9.524
Блог записи: 19 Популарност: ![]() | 1. Прекинете на начин на кој би сакале да ве остават – Да го „откачиш„ некого, навистина е тешко да го најдеш вистинскиот начин. Затоа е најдобро да го направите тоа на оној начин на кој ете „би сакале„ Вас да ве остават. 2. Не се карајте при раскинувањето - ако се карате и расправате со партнерот кога раскинувате, нема да му биде јасно дали го оставате само затоа што се карате и расправате или затоа што тоа и го сакате. Затоа не префрлувајте ја вината на партнерот бидејќи тогаш ќе започне расправија, а подоцна ќе проба да се смири со Вас зашто ќе мисли дека караницата е причина за раскинувањето. 3. Не се чувствувајте виновни – често кога сакаме да прекинеме некоја врска, ни се наметнува грижа на совеста и лажно чувство на вина. Врските се за да се прекинуваат, посебно кога се исцрпиле сите можни напори да се доведе во ред една врска во која веќе не се чувствувате добро. 4. Пред да раскинете, на хартија запишете ги причините...да на хартија – и имајте го запишаното на ум цело време, при тоа не допуштајќи неговата/нејзината слаткореливост, убавина, нежност или не знам што друго, да Ве одврати од намерите...утре ќе биде уште потешко. 5. Никогаш раскинувањето не го правете на јавно место – дури и ако некој заслужил јавно понижување...се случуваат неочекувани пресврти во комуникацијата кои можат да се свртат против Вас, па наместо тој/таа ќе бидете Вие јавно понижени. 6. Дозволете му на партнерот да каже она што има за кажување – немој да мислите дека откако ќе го завршите својот монолог, партнерот така фино и смирено ќе прифати се што ќе кажете и ќе се помири со тоа. Откако сте го рекле своето, допуштете му да каже што има. Мирно и сталожено одговарајте на неговите прашања, зашто сигурно ќе ги има. 7. Може ли да бидете пријатели!? – дури и да сте биле пријатели пред да почнете врска, тешко дека ќе останете пријатели после врска. Најдобро е да не се впуштате во таква вратоломија, по безболно и за двајцата. 8. Не ја раскажувајте наоколу својата намера за раскинување – најлошото што може да се направи е баш тоа! Информацијата да стигне до партнерот пред Вашиот разговор со него. Партенрот би можел да слушне од други, а тоа е многу бедно. 9. Не одолговлекувајте – што повеќе одложувате толку ќе биде потешко раскинувањето и за двајцата. 10. Не му кажувајте на партнерот дека сеуште го сакате – не го сакате, да сме налисто. Во спротивно не би ни дошле до идеја да раскинете. 11. Не провоцирајте за тој/таа да ве остави прв – бидете фер, не му отежнувајте уште повеќе со тоа што ќе му наметнете простор за подоцна да сака да ја исправи „грешката„ и да бара шанса за помирување со тоа што „ќе ви прости за стореното„. 12. Бидете искрени - не е воопшто доволно да се рече „не е проблемот во тебе туку е во мене„. Искрено кажете зошто повеќе не ја сакате таа врска. Се е ова многу корисно, но само ако мислите дека навистина не ви е добро во таа врска. Ако само еден момент ви падне на памет дека раскинувате поради партнерот, не дека Вие сакате....воопшто и не сакате прекин на врската. Седнете и разговарајте што ви смета во врската и како да го надминете тоа. Тажно е но и вистинито...но ако сакате да ја прекинете врската поради партнерот, не затоа што ВИЕ сакате од други причини...тогаш најверојатно прекинот ќе ве повреди повеќе Вас отколку него/неа. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 7 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Врска, Како, прекинете, совети |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Совети за вежбање | Sisi | Рекреација и Фитнес | 8 | 17-09-2008 12:38 |
| Како да се биде среќен по раскинувањето на врска! | MaCkiCa` | Љубов и Секс | 15 | 26-06-2008 17:26 |
| Прекинете лажна љубов | Magical Storm | Љубов и Секс | 6 | 14-06-2008 16:51 |
| Совети!!! | QBox | Кулинарско катче | 31 | 25-04-2008 20:45 |
| Очи како Холмс, усни како Џоли, тело како Биел | BorisVM | Македонски Забавник и Занимливости | 0 | 25-01-2008 14:42 |