Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Љубов и Секс

Важни забелешки

Љубов и Секс Разговори за секогаш актуелните теми љубов и секс.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 09-07-2008, 01:24   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
otki
 
Аватарот на otkacalkaMK
 
Регистриран: May 2006
Локација: Macedonia
Возраст: 24
Знак: Девица
Мислења: 1.184
Популарност: otkacalkaMK Новодојденец
Испратете порака преку MSN до otkacalkaMK Испратете порака преку Yahoo до otkacalkaMK Испратете порака преку Skype™ до otkacalkaMK
Стандардно 10 работи кои мажите ги сакаат во креветот

Истите сценарија за секс и здосадуваат на секоја двојка. Во почетокот се е интересно, но со време, ангажманите во работата...
...грижата за децата, навиката – се’ се натрупува и го задушува сексуалниот живот.
Не се потребни ниту многу ангажирања, ниту големи жртви од ваша страна за да ја вратите желбата на партнерот. Видете кое се 10-те работи кои мажите навистина ги сакаат во кревет.
1. Ентузијазам.
Мажите сакаат кога партнерката ја презема иницијативата, барем некогаш. Па кога мажите си бараат, зошто да не можеме и ние да го направиме тоа? Уште повеќе што тоа сепак ќе не зарадува и двајцата.
Секси долна облека, недвосмислен начин или само ваш “клучен збор” кој значи “сакам да сум со тебе, сега”. На кој и да е начин, да ја искажте вашата желба за интимност, мажот ќе биде повеќе од поласкан.
2. Разбивање на рутина.
Луѓето се оддаваат на рутината. Кога еднаш ќе го најдат она кое им одговара, ние не престануваме да го правиме додека еден прекрасен ден ни се здосади. Ова посебно е точно во креветот, работите кои постојано се повторуваат, многу брзо ни здосадуваат. Размрдајте се малку (и умствено и физички) и освежете го сексуалниот живот. Од нас само основните насоки, Камасутра, нови места, различно од вообичаеното време во денот, нови пози. Сега вие сте на ред.
3. Авантура.
Дозовлете си некогаш да направите нешто без да мислите за ништо друго и многу смело. Не станува збор за банџи скок. Секс може да имате не само во спаланата. Нема потреба и да одете до крајности кога сте надвор. Интересните СМС-и не се само за тинејџерите. Да му покажете на партнерот дека мислите на секс со него кога сте на општествено место ви гарантира жешка ноќ.
4. Дарежливост.
Тука станува збор за онаа специфична дарежливост во кревет. Оралниот секс според сексолозите е форма на себеоддавање во една врска. Кога и двајцата дарувате, си дарувате голема радост и двојно задоволство. Направете го тоа заради партнерот. Во секој случај тој ќе ви возврати.
5. Искреност.
Во филмовите изгледа како партнерите да имаат телепатска способност и ги одгатнуваат желбите на партнерот а резултатот е незаборавен секс уште при првата средба. Реалноста е сосема различна и многу повозбудлива. Да откривате заедно што ви се допаѓа во кревет е начин да се зближите уште повеќе а и да добиете поголемо задоволство од сексот со човекот кој го сакате. Не се колебајте да му објаснете на партнерот што точно сакате. Кога ќе го постигне тоа, тогаш тој дефинитивно ќе биде најсреќниот маж.

6. Внимание.
Деноноќието за жал има само 24 часа во кои некако треба да ги соберете одењето на работа, средувањето на куќата, децата, алиштата за перење, готвењето и уште милион други ситници. И во целата лудница, мажот некако останува во заден план. Кога ќе дојде времето за гушкање, жените се толку уморени што сакаат само сон. Само по себе се подразбира дека на тој начин, не можете да имате вистинска врска а да не зборуваме за страсни ноќи.
Не го сфаќајте сексот како уште едно задолжение кон многуте во денот. Нема подобра антистес терапија, вежби или средства за подобрување на расположението од него. Искористете го.
7. Смелост.
Кога едниот секогаш сака повеќе секс, а другиот се противи, дефинитивно имате проблем. Да му откажете блискост на најблискиот човек е навредливо. Не можете да очекувате дека и двајцата постојано ќе биде расположени. Но врската бара и компромиси.
Смелоста е таа која може да ви ја освежи врската. Смелоста да ги ставите сопствените желби на страна и да ги направите приоритетни желбите на другиот.
Сепак и тука зборуваме за задоволство а не за тешка физичка работа.
8. Доверба.
Колку и да звучи клише, довербата меќу двајца е она кое ја одржува врската. Довербата е потребна и во кревет за да се чувствувате навистина еден со друг. Сексот не е натпревар или испит. Дозволете си да разговарате отворено за проблемите кои евентуално ги имате. Доверете му ги на партнерот стравовите, желбите и фантазиите. Ако нешто не е во ред во креветот, првиот кој треба да го дознае тоа е вашиот партнер а не најдобрата пријателка.
9. Сексипил.
Тоа “чудо” на човечката природа наречено сексипил не се користи само на почетокот на врската. Со текот на времето жените се склони за ја подзаборават таа своја страна, само затоа што веќе го добиле мажот од соништата и мислат дека нема потреба да вложуваат повеќе. Тоа апсолутно не е точно. Секси гардеробата е едно од нештата кои мажите многу ги сакаат и тоа не само во креветот. Сменете ја развлечената блуза со убаво маиче. И тоа ќе ви биде удобно но многу попривлечно за него.
10. Апсолутно насладување.
Насладување од односот и од тоа што сте заедно. Не заборавајте да си покажувате колку се сакате.
Пак ќе го споменеме зборот “рутина”, но навистина тој е оној кој расипува се. Не престанувајте да си покажувате еден на друг дека се сакате, независно колку време веќе сте заедно.
__________________
He said:

" My little one,don't you cry,there was no time for me to say goodbye
a force beyond my choice was calling me
it was my destiny

So many things more i need to do and if it looks like it stealing me from you
you gotta know deep down in your heart that we will never be apart."
otkacalkaMK моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
кои, креветот, мажите, САКААТ, работи

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Од што мажите највеќе се плашат во кревет? The`bItCh Машко Катче 55 26-05-2008 20:58
Мажите не сакаат да бидат сексуални објекти Sisi Машко Катче 11 24-02-2008 09:52
Тест за мажите кои сакаат да дознаат дали ќе оќелават BorisVM Македонски Забавник и Занимливости 2 24-01-2008 13:03
Десет причини за неверство кај мажите The`bItCh Љубов и Секс 4 22-09-2007 01:12


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 19:03.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68