![]() |
| |||||||
| Значајни настани Државни и верски празници, родендени, свечености... |
![]() |
| | Линкови | Алатки за темата |
| | #101 (Линк до мислењето) Најгоре |
| #Macedonia Guide Регистриран: Apr 2006 Локација: Кичево,Македонија Возраст: 23
Мислења: 2.071
| 430.- Умре римскиот свештеник Аврелиј Августин, познат како Свети Августин, кој беше најзначаен претставник на раната христијанска филозофија. 1645.- Умре холандскиот правник, писател и хуманист Хуго Гроцијус, основач на науката за меѓународно право. Хуго Гроцијус припаѓаше на "школата за природно право" со што ја докажуваше еднаквоста на луѓето меѓу себе и пред законот. Исто така, тврдеше дека океаните се општо добро и дека одделни земји немаат ексклузивно право на нивно користење. Во Холандија за време на големите спорови меѓу рикомактолиците и протестантите се залагаше за верска толеранција, докажувајќи дека и двете групи се христијански и дека нема причина за меѓусебни недоразбирања. Во 1618 година беше уапсен, а во 1619 осуден на доживотна робија како верски еретик. Во 1621 година избега во Франција. Од 1635 година се до неговата смрт беше амбасадор на Шведска во Франција. Дела: "De iure belli ac pacis", "Mare liberium", "De iure praedae", "De veritate religionis Christianae", "Via et votum ad pacem ecclesiasticam", драмите "Christus patiens", "Sophomphaneas", "Adamus exul". 1749.- Во Франкфурт на Мајна е роден Јохан Волфганг Гете, германски писател и учесник на многу литературни струења и правци, но никогаш не се придружи на ниту еден од нив. Светско признание стекна со драмскиот еп "Фауст". Историско-критичкото издание на неговите целокупни дела опфаќа 143 тетратки. Познати негови дела се романот "Страданијата на младиот Вертер", драмите "Егмонт", "Ифигенија на Таврида" и "Торквато Тасо" и епот "Херман и Доротеја". Умре во Вајмар, на 22 март 1832 година. 1833.- Парламентот на Британија забрани трговија со робови во целата Британска империја. 1851.- Во Поњане, кај Шкофја Лока, е роден Иван Тавчар, словенечки писател и политичар. Се смета за еден од најпознатите раскажувачи на романтичарскиот правец. Во некои дела се приближува и кон реализмот. Познати негови дела се: "Мртви срца", "Меѓу горите", "Бисошка хроника", "Цвеќе на есен" и други. Умре во Љубљана на 19 февруари 1923 година. 1877.- Роден е англискиот произведувач на автомобили и пилот Чарлс Стјуарт Ролс, кој заедно со Фредерик Ројс во 1906 година ја основа компанијата за произодство на автомобили "Ролс-Ројс". Во 1904 година Ројсовата фирма почна да произведува автомобили кои ги импресионираа Ројсови, по што и двајцата две години подоцна станаа косопственици на компанијата чии возила во автомобилската индустрија се ненадминати во однос на луксузот и квалитетот. Компанијата "Ролс-Ројс" произведува и авионски мотори. Ролс е првиот пилот кој во јуни 1910 година го прелета Ламанш во двата правци без застанување, а во јули истата година како прв британски пилот загина во авионска несреќа. 1903.- Селото Смилево, Демирхисарско, беше нападнато од многубројна турска војска. Со одбраната на Смилево раководеше Даме Груев, голем македонски револуционер. По жестоката борба турската војска навлезе во селото, го запали и изврши масакрирање на 250 жени и деца во месноста Голем Гар, на Бигла Планина. 1910.- На свечена седница во Народното собрание во Цетиње Кнежеството Црна Гора е прогласено за Кралство, а кнезот Никола Први Петрович за крал. 1914.- Умре Анатолиј Константинович Љадов, руски композитор, диригент и музички педагог. Се занимаваше со проучување на рускиот музички фолклор, кој често го внесуваше во своите дела. Роден е на 11 мај 1855 година. 1916.- Германија во Првата светска војна и објави војна на Романија. 1917.- Во Прилеп е роден Сотир Гулески, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекшен `рбет“, „Кога карпите `ртат“, „Модро млеко“, „Им се суди на дивите ветрови“, на театрологијата „Фурии“ и на други дела. Умре во Охрид, на 20 јуни 1985 година. 1929.- Рударите од рудникот Лојане, Кумановско, стапија во штрајк. Поради тоа овој ден е прогласен за Ден на рударите на Македонија. 1944.- Во Марсеј во Втората светска војна германските војници се предадоа, а истиот ден е ослободен и градот Тулон. 1944.- Во борбата за ослободување на селото Здуње, кај Македонски Брод, во една јуришна борба против бугарската војска како командант на Петтата македонска бригада загина Илија Игески - Цветан, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во селото Топлица, Прилепско, во 1920 година. 1968.- Во Струга умре Антон Панов, македонски писател, еден од најпознатите македонски драмски автори. Најпознато негово дело е драмата "Печалбари", објавена во 1936 година. Други негови познати дела се драмите "Вероника", "Препородени", "Самракот", "Градинар" и "Пилекатник", како и расказите "Роденденот на Серјожа Јегоркин", "Тимка" и "Го јаделе болви". Роден е во Стар Дојран, на 13 април 1906 година. 1987.- Умре американскиот филмски режисер Џон Хјустон, еден од најистакнатите американски синеисти на 20. век. Филмови: „Малтешки сокол“ „Рт Ларго“, „Бевме странци“, „Богаството на Сијера Мадре“, „Џунгла на асфалт“, „Црвена значка за храброст“, „Африканска кралица“, „Моби Дик“, „Ноќ на игуаните“, „Наш човек од Австралија“, „Ени“. 1991.- Во Скопје, во издание на НИП "Нова Македонија", излезе првиот број на неделниот спортски магазин "Скок". 1992.- Започнаа натпреварите на Првата македонска фудбалска лига. 1993.- Во близина на селото Подвис, Кичевско, е откриена спомен-плоча на прославените војводи од Илинденската епопеја, Наќе и Арсо, а во кругот на црквата во селото Кладник, е откриена спомен-плоча на масовната гробница на 18 македонски востаници. 1996.- Владата на САД му забрани на водачот на "Исламска нација" Луис Фаракан да го прифати ветениот либијски подарок од милијарда долари заради економска и политичка помош на американските црнци. 1996.- Во Битола, на празникот Успение на Света Богородица, проработи првото црковно радио на подрачјето на Преспанско-пелагониската епархија. 1999.- Во сообраќајна несреќа загина македонскиот министер Радомир Стојковски заедо со неговата сопруга, ќерка и возачот, по што норвешките војници во возилото на меѓународните сили одбија да направат алкохол-тест во крвта. Поручникот кој ја предизвика несреќата, во Осло во март 2000 година е осуден на една година затвор. 2007.- Умре Франциско Умбрал, еден од најголемите шпански современи писатели. Објави повеќе од 80 книги, меѓу кои се „Смртникот и ружата“, и „Мадридска трилогија“. Добитник е на угледни шпански признанија - Наградата на принцот од Астурија за литертура во 1996 година и наградата Сервантес 2000. Како публицист пишуваше за повеќе списанија, меѓу кои се левичарскиот „Ел паис“ и десничарскиот „Ел мундо“. Денеска е Успение на Пресвета Богородица - Голема Богодорица. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
__________________ |
| | |
| | #102 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Сеуште само војниче Регистриран: Feb 2009 Локација: Дома, во мојата соба обично...
Мислења: 3.344
| А ДЕНЕШЕН ДЕН 3 септември (МИА) 1189.- Ричард Први Плантагенет "Лавовско срце" е крунисан за крал на Англија. 1500.- Во Фиренца е роден Венвенуто Челини, италијански вајар и златар. Својот бурен живот го опишува во автобиографијата која е значајна за културната историја на ренесансата. Главни дела: „Персеј со глава на медуза“, „Козимо Медичи“, „Трактат за златарството“, „Трактат за вајарството“ и други дела. Умре во Фиренца, на 14 февруари 1574 година. 1658.- Умре англискиот државник и војксоводец Оливер Кромвел, водач на англиската буржоарска револуција. Одбивајќи ја кралската титула, во 1653 година стана лорд на Кралството Ангија, Шкотска и Ирска. Две години по неговата смрт монархијата е обновена. 1759.- Од Португалија почна протерувањето на римокатоличките јузеи. 1783.- Велика Британија, САД, Франција и Шпанија го потпишаа Парискиот мир, со кој заврши американската војна за независност. 1791.- Француското собрание го усвои уставот со кој се воспостави уставна монархија. 1826.- Николај Први е крунисан за цар на Русија. 1866.- Во Женева почна првиот конгрес на Првата интернационала. 1877.- Умре францускиот државник и историчар Луј Адолф Тјер, основач и прв претседател на Третата република од 1871 до 1873 година. Како шеф на версајската влада во 1871 година во крв ја задуши Париската комуна. 1883.- Умре рускиот писател Иван Сергеевич Тургењев, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Тој е првиот руски писател кој со своите дела продре на Запад. Тургењев за време на неговиот живот уживаше поголем углед во Франција отколку во Русија. 1900.- Роден е финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен е најистакнатиот фински политичар по Втората светска војна. 1900.- Во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература. Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеја драмскиот жанр во македонската литература. Негови познати дела се "Парите се отепувачка", "Антица", "Милиони маченици", "Автобиографија", "Велик ден" и други. Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година. 1901.- На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Стефанова Цилка, Бугарка, а со цел да се обезбедат пари за националноослободителното движење. За ослободувњето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје. 1916.- Сојузничките трупи ја поразија германската армија во Првата светска војна во битката кај Верден, во Франција. 1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот "Дедо Иван", што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година. 1925.- Во селото Габрово, Струмичко, е роден Манол Пандевски, македонски историчар и академик. Во 1987 година објавен му е избор од неговата научна активност во пет тома под наслов „Македонско ослободително дело во 19. и 20. век“. Умре во Скопје, на 21 мај 1998 година. 1933.- ВО Софија излезе првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција. Од 1 до 11 број уредник беше Димитар П. Евтимов. Весникот ја подржуваше идејата за балканска федерација како единствено решение за мир на Балканот. Од 12-иот број весникот премина во рацете на протогеристите, при што Евтимов ја напушти редакцијата. Излегоа вкупно 52 броја. 1939.- Два дена по германскиот напад врз Полска, Велика Британија и Франција во Втората светска војна и објавија војна на Германија. 1943.- Со навлегување на Осмата британската армија под команда на Бернард Монтгомери на Сицилија почна нападот на сојузничките трупи врз Италија во Втората светска војна. 1943.- Во Сиракуза, во Италија е потпишано примирје меѓу сојузниците и италијанската влада на маршал Бадолјо. Пет дена подоцна, Италија капитулира. 1944.- Повеќе од 300 балисти со невидена бруталност почнаа да се пресметуваат со населението во селото Маврово, Гостиварско. Се што ќе најдеа пред себе убиваа и пљачкосуваа. На крајот го запалија и го уништија до темел целото село. Изгорени беа повеќе од 150 куќи, пљачкосани повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепани и убиени многу луѓе, а живи в оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјовска. 1948.- Умре чешкиот државник Едуард Бенес, претседател на Чехословачка од 1935 до 1938 и од 1946 до 1948 година. Беше лидер на Народната партија и најблизок соработник на првиот чехословачки претседател Томас Масарик. По војната, Бенес повторно беше претседател на државата, но кога комунистите ја приграбија целата власт поднесе оставка во 1948 година и набрзо умре. 1962.- Умре американскиот писател Едвард Естлин Кампингс. Во неговата поезија доминираат темите за љубовта и смртта. 1969.- Умре виетнамскиот државник Хо Ши Мин, претседател на Демократска Република Виетнам (Северен Виетнам) од прогласувањето во 1945 година. Хо Ши Мин беше водич во борбата против јапонската армија, француските колонијални трупи и американската војска. За време на Втората светска војна кога Јапонија го окупира Виетнам, создаде силно ослободително движење, јадрото на идната армија која им нанесе одлучувачки порази на Французите и на Американците, по што Северен и Јужен Виетнам се обединија во 1976 година. 1971.- СССР, САД, Велика Британија и Франција потпишаа спогодба за статусот на Берлин. Со оваа спогодба Берлин беше поделен на источен и западен дел. 1976.- Американскиот вселенски брод без човечки екипаж "Викинг 2" се спушти на Марс испраќајќи фотографии од Планетата. 1991.- Умре американскиот филмски режисер од италијанско потекло Френк Капра, автор на прекрасни комедии со сатиричка нота. 1991.- По седумгодишно мирување повторно проработи Металуршкиот комбинат за никел и антимон "ФЕНИ" кај Кавадарци. 1993.- Во Скопје умре Јован Ивањин, македонски писател. Автор е на книгите поезија "Нијанси", "Скици на далгите", "Последна балада" и на романот "Ајазме". Роден е во Скопје, на 3 април 1932 година. 1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија влегоа првите цевки од гасоводот за природниот гас, со што започна процесот на гасификација во државата. 1999.- На граничниот премин Генерал Јанковиќ, меѓу Македонија и СР Југославија, почна со работа царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки. 2000.- Папата Јован Павле Втори го беатифицираше папата Пије Деветти од 19. век, игнорирајќи ги острите протести на еврејските и либералните римокатолички кругови. 2002.- Врховниот суд на Израел одлучи израелските власти да можат да ги протераат роднините палестински терористи ако докажат дека се против безбедноста на Израел. 2007.- Британската војска ја напушти Барса, најважниот центар на нафтената индустрија во Ирак. Британците и претходно напуштија три јужни провинции во Ирак, предавајќи ја контролата на домашните сили. Повлекувањето е последица на честите напади во кои настрадаа голем број британски војници. |
| | |
![]() |
| Алатки за темата | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| ВИСТИНСКИ ПОКЛОНИЦИ | gospel | Религија и Митологија | 6 | 21-06-2010 13:13 |
| Првиот ден од зимата за семејството Багушеви донесе само страв и неизвесност – како ќе ја | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 22-12-2008 03:00 |
| Кучињата и чичко му го спасија животот на 6- годишно дете - сред бел ден нападнато од волц | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 13-11-2008 02:51 |
| Soveti za duhoven zivot | stepo | Религија и Митологија | 1 | 26-10-2008 20:16 |