Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Религија и Митологија

Важни забелешки

Религија и Митологија Православие, други религии, митологија...

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 09-02-2008, 11:12   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум почетник
 
Аватарот на Чаир
 
Регистриран: Feb 2008
Мислења: 99
Популарност: Чаир Новодојденец
Стандардно Православен дневен календар

Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст 09/02/2008


Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13 ноември и на 30 јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите посакаа Златоустовите мошти да се пренесат во Цариград. Се раскажува дека ковчегот со моштите никако не можеле да го помрднат од местото сѐ додека царот не му напиша писмо на Златоуст молејќи го за прошка (бидејќи мајката на Теодосиј, Евдоксија, беше виновна за прогонството на Свети Јован) и повикувајќи го да дојде во Цариград, неговата некогашна резиденција. Кога ова покајно писмо го положиле на ковчегот, тој ковчег станал сосем лесен. При преносот мнозина болни кои се допреа до ковчегот со моштите на Св. Јован оздравеа. Кога моштите стасаа до престолнината, тогаш царот повторно молеше над моштите на Светителот прошка во име на својата мајка, и тоа како самата таа да говори: „Додека живеев во минливиот живот направив зло, а сега, кога ти живееш во бесмртноста, биди ѝ полезен на мојата душа. Мојата слава помина и не ми помогна ни малку; ти, оче, помогни ми во твојата слава, пред да бидам осудена на Судот Христов!“ Кога Светителот го внесоа во црквата на Светите апостоли и го поставија на патријаршискиот престол, тогаш маса народ од неговите усни слушна: „Мир на сите!“ Преносот на моштите на Свети Јован Златоуст беше извршен 438 година.
Чаир моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Дневен, календар, православен

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Верски календар за 2008??? profesorce Религија и Митологија 2 11-11-2008 18:28
Зошто Стариот Календар е Подобар ? Nikki Религија и Митологија 2 15-04-2008 10:39
Дневен хороскоп BorisVM Дневни Вести 0 22-01-2008 03:00
Грегоријанси или Јулијански календар nevernik Религија и Митологија 147 29-12-2007 01:17
Христодулос и Алексеј за нов православен центар tomislav1978 Религија и Митологија 0 20-03-2006 16:27


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 22:12.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68