Главниот астроном на Ватикан оценил дека да се верува дека некаде во вселената можеби постои вонземјански живот не е спротивно од верувањето во Господ.
Со оглед на големината на космосот, можно е да има и други облици на живот покрај оние на земјата, можеби и интелигентни, рекол Жозе Габриел Финес, језуит и директор на Ватиканската опсерваторија во интервјуто за весникот “Осерваторе романо“ на Светата столица.
“Како што постои мноштво суштества на Земјата, можно е да постојат и други суштества, дури интелегентни, кои ги создал Господ. Тоа не ја руши нашата вера, бидејќи ние не можеме да ги одредиме границите на создавачката слобода на Бог“, истакнал тој.
“Како што земските суштества ги сметаме за свои браќа и сестри, зашто да не говориме за некој “брат вонземјанин“. И тој исто така, е дел од божјиот чин на создавање, рекол Финес во интервјуто, во кое говорел за односите меѓу верата и науката и теолошките аспекти за евентуално постоење на вонземјани.
Ватиканскиот астролог вели дека и натаму верува дека Бог ја создал вселената и дека ние не сме плод на случајноста. Ги повикал Црквата и научната заедница да ги заборават поделбите од времето на Галилеј.
Ватиканската опсерваторија била основана во 1891 година, сместена е во Кастел Гандолф, летната резиденција на папата.