Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Секојдневие > Здравје

Важни забелешки

Здравје Некакви проблеми со здравјето? Ајде да поразговараме!

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 09-01-2008, 20:34   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Lux et veritas.
 
Аватарот на No_One
 
Регистриран: Jul 2006
Локација: Во неговите прегратки.
Возраст: 39
Знак: Стрелец
Мислења: 8.915
Блог записи: 13
Популарност: No_One Новодојденец
Стандардно Здравствени информации на интернет

На што треба да се внимава кога се проценува квалитетот на здравствената информација на некоја веб страница. Следните сугестии може да се од корист:
  • Проверете го изворот. Користете признати авторитети.Утврдете кој е одговорен за содржината. Погледајте во делот „ за нас“. Видете кој стои зад сајтот. Тоа може да биде службена владина институција, непрофитна организација, професионална организација, здравствен систем, комерцијална организација или индивидуа. Постои голема разлика меѓу сајтовите, во кои поединечни пациенти ги раскажуваат сопствените искуства и сајтови кои се менаџерирани од професионалци.
  • На веб страницата треба да има дел, каде е објаснето како да се контактира со организацијата или со сопственикот на страницата. Ако сајтот не обезбедува контакт информации, или ако не можете лесно да пронајдете кој стои зад сајтот, бидете опрезни.
  • Фокусирајте се на квалитетот- Погледајте каква е едиторската политика (дали постои селекција и рецензија на информациите/текстовите). Дали информациите се прегледуваат пред да се презентираат на сајтот? Понекогаш, наместо под „едиторска политика“ потребните информации ќе ги добиете во делот „за нашите автори“ . Разгледајте го тој дел, да видите кој ги напишал информациите.
  • Бидете сајбер - скептични , постојат многу лажливци на интернет. Внимавајте доколку во сајтот се даваат изјави кои ви изгледат премногу добри, за да се вистински. На пример се ветуваат брзи, драматични, чудесни резултати. Погледајте дали е тоа единствениот сајт кој дава такви изјави. Бидете опрезни во однос на изјавите во кои се тврди дека различни болести се лекуваат со еден единствен лек, кој наводно содржи „тајна“ состојка. Бидете внимателни ако стилот е сензационален (на пример со многу извичници). Сајтот со информации за пациенти треба да користи едноставен јазик, не стручни термини. Ако не сте сигурни побарајте и друго мислење. Проверете на некој друг сајт.
  • Секогаш прифаќајте ги информациите кои се базираат врз докази, врз база на медицинските истражувања, а не на нечии мислења.
  • Проверете дали сајтот ги идентифицира авторите и ако се работи за сведоштва дали се тие анонимни? Погледајте кој е авторот на информацијата.Ако се работи за истории на пациенти со одредени болести погледајте дали може да се контактира со авторите ( на пр. преку e-mail или телефон). Не верувајте на анонимни сведоштва.
  • Проверете дали информацијата е „update“-ирана (обновена)?
  • Погледајте кој е финансиерот (кој го плаќа сајтот) . Дали е финансиран од некој јавен фонд, донација или се работи за комерцијален сајт со реклама. Рекламирањето секогаш треба да се обележи (треба да стои „Реклама“ или „Од нашиот спонзор“). На ова особено обрнете внимание ако се препорачува некој лек, кој го произведува токму фирмата која го финансира сајтот.
Во такви случаи подобро е ако консултирате и други сајтови за истата информација.
  • Заштите ја вашата приватност- здравствените информации треба да се доверливи. Погледајте дали на сајтот е јасно декларирана политиката за заштита на приватноста (треба да постои линк со назнака „ Приватност“. Ако треба да дадете персонални информации (на пример име, адреса, дата на раѓање, пол, средното име, бројот на кредитната картичка) треба да ја проверите политиката на приватност на сајтот , за да видите што тие може да направат со тие информации.
  • Внимавајте ниту еден сајт не може да ја замени живата консултација со вашиот лекар. Тоа е релација која води кон најдобри медицински одлуки.
__________________
Да имаш vagina и сопствено мислење е навистина моќна комбинација!



No_One моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Здравствени, Интернет, Информации

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Информации за дијаспората wolf_pack Македонска Дијаспора 53 10-10-2008 15:20
Информации за банките низ Македонија barba Бизнис, Берзи и Економија 8 25-07-2008 22:24
Информации за лекарства WondeR Здравје 12 13-05-2008 22:29
Информации No_One Кулинарско катче 19 30-03-2008 19:02
Google новости и информации vardarce Интернет 4 20-09-2006 00:24


Времето е според зоната GMT +2. Моментално часот е 04:41.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68