Топ летна дестинација - МАЛДИВИ

Некои велат дека рајот на земјата не постои, а други пак не мислат така. Епа драги мои прочитајте ја следнава статија, видете ги фотографиите и одлучете се веднаш околу прашањето за постоењето на рајот на земјата, ПОСТОИ или НЕ ПОСТОИ?!
Републиката на Малдивите е група од корални острови, кои што се наоѓаат северно од екваторот на Индискиот Океан. Тоа е југозападно од Индија и Шри Ланка.
Република Малдиви има повеќе од 1200 острови, од кои што само 200 се населени.
Малдивите се острови кои што ја имаат најдобрата тропска клима, прекрасни кокосови палми, кои што лежат на кристално чисти сини лагуни, најубавите корални гребени кои што нудат прекрасно нуркање и премногу сонце.
Ова се убавините кои што всушност ги прават овие острови да бидат најубавите во светот.
Со зголемувањето на урбаните средини и темпото на современиот живот опкружен со многу сообраќај, фабрики и многу загадени средини, Малдивите останаа ПОСЛЕДНИОТ РАЈ НА ЗЕМЈАТА.
За официјалниот сајт на Републиката Малдиви кликнете
ТУКА

Би сакале ли да ги посетите хехе