Владата на пацифичката држава Кирибати размислува за селење на населението, бидејќи стравува од исчезнување на островите поради зголемување на нивото на морето.
Кирибатите би можеле да исчезнат за 50 до 60 години, а 100.000 нивни жители во тој случај би морале да бараат нови домови. Главен виновник се климатските промени и порастот на нивото на морето, изјавил претседателот на Карибатите Аноте Тонг од Нов Зеланд.
"Болно е да се очекува денот кога ќе ја снема вашата земја, но ние сме принудени на тоа", изјавил Тонг во интервјуто за новозеландска телевизија.
Тонг најавил дека ќе ја замоли претседателката на новозеландската влада Хелен Кларк да го прифати населувањето на Карибатите и тоа најпрвин добро образуваните.
"Доколку се населат на Нов Зеланд да бидат примени како полноправни граѓани, а не како бегалци", додал тој.
Карибатите се наоѓаат помеѓу Хаваите и Австралија, а се состојат од 32 корални острови, кои се одалечени еден од друг околу 5.000 км. Надморската височина на најголемиот број од нив не поминува три метри.