Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Останати Спортови

Важни забелешки

Останати Спортови Кошарка, ракомет, одбојка, екстремни спортови и др.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 01-10-2008, 17:02   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форум почетник
 
Регистриран: Apr 2008
Мислења: 82
Популарност: Axios Новодојденец
Стандардно Средба со Груевски или нема ЕП во Македонија!!!

На Европската ракометна федерација, конечно, & дојдовме преку глава со проблемите кои ги имаме во организацијата на Европското првенство и првпат јавно и во писмена форма се закани дека ќе ни го одземе првенството и ќе го додели на друга федерација, без разлика колку е кратко времето!

ЕХФ испрати писмено соопштение до РФМ со кое го информира РФМ дека бара средба со премиерот на Македонија кој се јавуваше како гарант дека с$ ќе биде реализирано и организирано како што треба.

ЕХФ понуди три термини за средба (7, 8 и 13 октомври). Паралелно со ова, ЕХФ ја разгледува опцијата Европското првенство да биде организирано во друга држава.

Проблемот сега е со Македонската телевизија. Се очекува Европското првенство (неофицијални бројки) да го гледаат далеку над 1.000.000.000 гледачи, но МТВ и ЕХФ немаале никаква комуникација со месеци наназад. Настрана тоа и ситуацијата во МРТВ им е (донекаде) позната во Виена и сега тие бараат гаранции дека првенството ќе биде добро и професионално покриено.
Ниту најавената средба со владата на РМ, поточно премиерот досега не е одржана, а ЕХФ посебно по оставката на Трифун Костовски, сака да биде сигурен дека сме кадарни да излеземе на крај со шампионатот. Во РФМ се вклучени сите аларами и веднаш беше испратено писмо до владата на РМ за средба со премиерот Груевски.

"Имавме средба со новиот генерален директор на МРТВ. Изрази жалење за пропустите кои се направени досега и подготвеност да излезе на крај со проблемите. Што се однесува до средбата со премиерот, ние ипспративме барање за состанок, заедно со писмото кое нас ни го испрати ЕХФ. Истото го испративме и во Агенцијата за млади и спорт и чекаме најитен одговор", изјави генералниот секретар на РФМ, Марјан Начевски.

Проблеми со МРТВ имаше и Металург. Македонската ТВ куќа е должна на ЕХФ поголема сума пари и Металург практично беше условен со играње во ЛШ. Но, македонскиот првак се снајде. Место МРТВ, А1 телевизија ќе ги пренесува дуелите од ЛШ.

Сеедно, сега топката е на наша половина. Времето за сликање со ракометарите е минато, сега е време да се покаже дали сме сериозна не само федерација туку и држава. Ова затоа што политичките структури своевремено гарантираа дека с$ ќе биде како што треба. Несфатливо мала е ангажираноста на државните и локалните институции околу ова првенство. С$ е оставено на РФМ како да се работи за некаква локална манифестација, а не Европско сениорско првенство.

Р. Ѓамовски


http://www.sport.com.mk/?ItemID=4B98...574960F832AF71


Ако ова се случи ќе пукне брука
Axios моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
Груевски, или, Македонија, мана, средба

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
ТОМ РИЏ НА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ barba Вести и Политика од Македонија 12 10-09-2008 05:07
Груевски нема информација дека Нимиц планира да предложи Нова Демократска Република Македонија BorisVM Дневни Вести 0 08-08-2008 20:30
Средба Црвенковски-Груевски за името BorisVM Дневни Вести 0 08-07-2008 13:00
Груевски на средба со претставници на Егејците BorisVM Дневни Вести 0 05-07-2008 00:30
Средба Груевски - Ахмети BorisVM Дневни Вести 0 12-06-2008 19:50


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 11:55.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68