![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Останати Спортови Кошарка, ракомет, одбојка, екстремни спортови и др. |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Lieutenant H.Caine | На Кавадарци му се случи “портокалова револуција”. Во градот на виното, од скоро и град на никелот, во изминатите четири дена се славеше кошарката, а по големото финале, и историскиот успех. Победата на Фени Индустри против Струмица (86:83), и првиот пехар од кога се игра кошарката во Кавадарци. Цела една деценија чекаше Горан Самарџиев на својот роден град да му го подари тој голем трофеј. Не успеа во тоа историско финале пред едно десетлетие, како играч на Орка. Но сега, како капитен на Фени Индустри го доби тоа што го бараше години наназад. А судбината сакаше токму Горан Самарџиев да ја има во своите раце топката на одлука. Откако Дамир Латовиќ беше делумен од линијата за слободни фрлања и донесе изедначување, популарниот “Шуш”, или во Кавадарци попознат како “Чема”, во свој стил, дриблајќи ја противничката одбрана, од речиси невозможна позиција, со “човек врз себе”, погоди. И тоа за три поени, иако за триумфот ќе беа доволни и два. За делириум во “Јасмин”, за прва титула на Фени Индустри во краткиот век на постоење, ако не се смета времето на Тиквеш (малку Орка) како “оригинален” клуб од Кавадарци. Победи посреќниот, не и подобриот тим во големото финале. Но кошарката е затоа таква каква што е секогаш, поточно никогаш не знаеш дали некоја позитива е доволна, или негативата може да се стигне. Тоа и го презентираа во моментов двата најдобри клуба во Македонија. Кога струмичани веќе почнаа да го вадат шампањското од фрижидер, и тоа со право, затоа што цели 39 минути беа подобри од домаќинот, им е случи еден страшен пад, кој знае да се случи. Се загубија струмичани во тие финални минути од финалето. И ги стигна казната, ги казни “Божјата рака” на Самарџиев, кој од трагичар одеднаш прерасна во јунак, на крајот заслужено го собра и трофејот за најкорисен играч на натпреварот. Натпревар, кој секако долго ќе се памети, најмногу по драматичните последни мигови. Но и по одличната игра на Струмица, збунетоста, во најголем дел од играта на Фени Индустри. Но и големото срце на кавадарчани, кои и кога беа исправени пред “зидот на смртта”, кога беа блиску, многу блиску до пораз, знаеја да “оживеат”. И тоа ја прави кошарката убава, “кралица на игрите”. Во првото големо финале, 16. по ред, во кое немаше скопска екипа, мораше да има еден победник, иако да можеше и двете екипи требаше да добијат посебни одликувања со златен сјај. Вака, жали Струмица, и има за што. Во две години собраа две сребра. По Битола, им се случи Кавадарци. Делумно, самите се виновни пред се затоа што една навистина одлична партија не ја претворија во конечен триумф. Одлучија струмичани дека зоната е таа која треба да им го донесе успехот во финалниот натпревар. И им донесе успех таа дефанзивна поставка на “зелените”. Делуваше енигматично за кавадарчани, кои никако не успеваа “да се најдат”. Згора на тоа играта на Струмица беше стабилна, особено во нападот, кој одлично го предводеше капитенот Богоев. Ја најави кандидатурата за МВП репрезентативниот бек од првите минути. Во оние шест на почетокот Струмица поведе со 13:6, а четвртината ја доби со 22:16. Проблеми за Фени Индустри беа најавени со 3. “лична” на првиот дефанзивец, Марјан Ѓуров. Само за момент ги “снема” по соло изведбата на Талик Браун и неговите шест поени во серија со кои го надополни одличниот почеток на сонародникот Доналд Кол. Но дојде редот на Пуповиќ да го полни кошот на кавадарчани. Од нерешени 29:29, Струмица направи 10-0 за прва двоцифрена разлика (39:29) во 18. минута од играта, која остана до полувремето (43:33). Не се смени нешто во играта на “портокаловите” ниту по оние 15 минути за одмор. Продолжија да играат конфузно, притиснати и од нервозата им даваа се поголем кредит на противничките играчи. Ротираше Рајковиќ, но добитната комбинација ја немаше. Таа беше, барем тогаш, на другата страна на игралиштето. Струмичани функционираа како часовник, водеа и со плус 14 (52:38), кога за момент “ги сецна” техничката на Латовиќ (четврта во неговата графа за лични грешки). Но само за момент, бидејќи уште еднаш струмичани “дигнаа” на двоцифрен плус. Со огромни 60:48 влегоа во решавачките десет минути гостите, а пред себе и екипа “зрела за пораз”. Но и тим кој не ја загуби вербата во сопствените можности, кој ја бараше својата шанса, која стануваше се помала по одличната ролја на Диме Тасовски, кој нанижа десет поени во серија. Имаа струмичани и 67:54 по 33 минути игра. Слично беше и по новите три минути за 70:59 и 73:62, кога почна “тројкашкото шоу” во “Јасмин”. Зафрчеа тројки на двете страни од теренот. Но кавадарчани се покажаа како подобри шутери од таа дистанца, во последните три минути во кои се вратија “во живот”. Лавината ја поведоа дотогаш “невидливите” Прековиќ, кому се придружи и капитенот Самарџиев. Во секој напад кратеа по еден поен од негативата. Во последните две минути се влезе со се уште високи шест поени плус за Струмица (82:76). Минути во кои се роди уште еден кавадаречки јунак. Слободан Михајловски беше човекот на кој струмичани му оставија (пре)голем простор на силното крило. Кога најмногу требаше, Михајловски беше како “прва помош”. Се одбрани од Пуповиќ, на другата страна беше мирен, даде пет од шест слободни фрлања за 81:82 на 54 секунди до крајот. А во следниот напад, на 34 секунди пред крајот, Поповиќ донесе прво водство за Фени Индустри (83:82). На 15 секунди до крајот Прековиќ “го испрати” Латовиќ на линијата за слободни. Остана “незагреан” погоди само едно (второто) за нерешено 83:83. А потоа момент за историја, но кавадаречка. Златните букви во историската читанка “ги потпиша” кој друг ако не Горан Самарџиев. (малце касно ама сепак...)
__________________ ![]() You can watch over people but you can't make choises for them - Horatio Caine My WEB |
| | |
| Тагови |
| Портокалова, револуција |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Промовиран „100 години Младотурска револуција“ | Davor_B | Дневни Вести | 0 | 20-07-2008 08:46 |
| Матични клетки - револуција во лекувањето | BorisVM | Здравје | 7 | 09-05-2008 18:18 |