Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Останати Спортови

Важни забелешки

Останати Спортови Кошарка, ракомет, одбојка, екстремни спортови и др.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 11-08-2007, 14:35   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Ogan pod Zvezdite
 
Аватарот на barba
 
Регистриран: Oct 2006
Локација: Skopje, Macedonia.
Возраст: 31
Знак: Шкорпија
Мислења: 3.924
Блог записи: 3
Популарност: barba Новодојденец
Испратете порака преку MSN до barba Испратете порака преку Skype™ до barba
Стандардно КОШАРКА - СЕНИОРИТЕ ПОПЛАДНЕВО ЗАМИНУВААТ ЗА ТАЛИН



Цитат:
КОШАРКА - СЕНИОРИТЕ ПОПЛАДНЕВО ЗАМИНУВААТ ЗА ТАЛИН




Сега Естонија е главен соперник

Поради нивната победа во Шведска, мечот в понеделник е мошне важен

Македонската кошаркарска репрезентација попладневно заминува во Естонија, каде што в понеделник (18 часот) ќе го игра својот прв меч од дополнителните квалификации за Европското сениорско првенство во Шпанија. Од оние 14 кошаркари кои тренираат под раководство на селекторот Јовица Арсиќ, во Естонија нема да оди плејмејкерот Јане Петровски. Ристе Стефанов е повреден, но и тој ќе патува во оваа балтичка земја.

- Подготвителниот период не помина како што посакував, но доволно направивме и подготвени влегуваме во мечовите со Естонија и Шведска. Понеделничкиот натпревар добива на значење, по триумфот на Естонците во Шведска. Имаме индивидуален квалитет, кој би не' однел на баражот во Менорка. Овој меч е важен, но нема да реши се'. Ни требаат барем три победи. Мора да бидеме внимателни, бидејќи не би ме изненадила Шведска да победи во Естонија. Во принцип, ситуацијава ни одговара. Научен сум позитивно да размислувам. Квалитетот е поважен од психологијата и мислам дека можеме да го прекинеме постот на гостувањата - изјави селекторот.

Американецот со македонски пасош, Мајкл Вилкинсон, рече оти тимот е спремен, има квалитет и верува дека со тимска игра може да го освоиме првото место.

Центарот Тодор Гечевски на националниот тим му се приклучи пред три дена.

- Ми требаше одмор и затоа подоцна се приклучив. Од меч во меч ќе играме се' подобро. Доволно се познаваме и уигрувањето не би требало да биде голем проблем. Лани за малку не се пласиравме на ЕП, но се надевам дека среќата овој пат ќе биде на наша страна. Јас ќе дадам максимум, а колку можам во моментов, ќе покаже средбата в понеделник - рече Гечевски (30), еден од поискусните во нашиот тим.

Селекторот Арсиќ додава дека имаме противигра за агресивните Естонци, и тоа што имаме неколку дебитанти, не е голем хендикеп.

- Знаеме како игра Естонија, наше е да се прилагодиме. Имаме состав за агресивна игра, немаме само еден плејмејкер како лани. Јас неискусните ги гледам како помотивирани. Постарите понекогаш знаат и да ги потценуваат противниците - вели Арсиќ.

Натпреварите од групата Б почнаа завчера, со победа на Естонија на гости, против Шведска, со 57:50. Овој резултат ја прави Естонија главен конкурент на Македонија за првото место. (З.Ј.)
so sreka momci!!!
barba моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
ЗАМИНУВААТ, кошарка, ПОПЛАДНЕВО, СЕНИОРИТЕ, ТАЛИН

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Македонска кошарка ZOTE Останати Спортови 42 16-11-2008 09:39
Попладнево започна 10-тиот самит на министрите за одбрана од ЈИЕ BorisVM Дневни Вести 0 08-10-2008 04:00
ОИ Кошарка: Шпанија лесно во дербито BorisVM Дневни Вести 0 10-08-2008 20:50
Кошарка: Порази на јунирските репрезентации BorisVM Дневни Вести 0 10-08-2008 08:41
Кошарка: Јуниорите во четвртфинале на Евробаскетот BorisVM Дневни Вести 0 05-08-2008 19:40


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 14:04.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68