Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Спорт > Останати Спортови

Важни забелешки

Останати Спортови Кошарка, ракомет, одбојка, екстремни спортови и др.

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 14-04-2006, 20:09   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Berber
 
Аватарот на a-pin-dim
 
Регистриран: Apr 2002
Локација: stip, Macedonia.
Возраст: 26
Знак: Бик
Мислења: 5.345
Популарност: a-pin-dim Новодојденец
Стандардно Данска нe покани, но во лош термин

ИДНАТА НЕДЕЛА ТРЕБА ДА СЕ КОМПЛЕТИРА РАСПОРЕДОТ НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ СРЕДБИ НА НАШИОТ А-ТИМ

Во текот на следните десет дена од ОФМ велат треба и дефинитивно да се комплетира списокот на противници за нашата сениорска машка репрезентација во мајскиот подготвителен циклус за квалификациите во Ротердам и Скопје. По неколкумесечни преговори ОФМ успеа да договори неколку гостувања на селекции во Скопје, но и пријателски средби кои нашата репрезентација треба да ги одигра надвор од нашите граници. Последниот начелен договор беше со Турција, која би требала да дојде во Скопје по 19 мај, но и оваа посета треба да се потврди во текот на идната седмица. Завчера во ОФМ стигна покана од Данската федерација, која ја кани нашата селекција на две пријателсии средби од 11 до 13 мај во Копенхаген. Од ОФМ велат дека понудата е коректна, но терминот не би одговарал затоа што само ден пред заминувањето за Копенхаген, нашиот тим ќе биде гостин во Софија на најдобрата репрезентација на Бугарија, со која се договорени две пријателски средби на стартот на подготовките.

"Данска беше последната земја со која контактиравме за да го комплетираме календарот на пријателски средби. Поточно, тие побараа од нас да заминеме во Копенхаген на две средби, на терминот кој го понудија не ни одговара. Ние само ден претходно ќе бидеме во Софија, па треба веднаш да одиме за Копенхаген. Им понудивме нов термин во кој тие би дошле во нашата земја, но и нив не им одговараат средби по средината на мај. Нив ги очекуваат квалификации во лига систем веќе по 27 мај, па затоа немаат многу време за оддолговлекување на подготовките", вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

Досега потврдено е гостувањето на македонската селекција во Бугарија, начелно е разговарано и со БиХ, па останува да се види што ќе се случува со селекцијата на Турција. Има уште неколку начелни преговори за средби со Србија и Црна Гора, но и за нив дефинитивно ќе се разговара следната недела, откако треба да се финализира и начинот на кој треба да се одвиваат подготовките на националниот тим.

a-pin-dim моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
 

Тагови
Данска, лош, покани, термин

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Пензионерите во Данска и Шведска најсреќни во ЕУ BorisVM Дневни Вести од Светот 0 08-07-2008 20:00
Пензионерите во Данска и Шведска најсреќни во ЕУ WondeR Вести од Светот 0 08-07-2008 16:21
Данска е најсреќна држава во светот BorisVM Дневни Вести од Светот 0 01-07-2008 18:10
Буш со јасна порака - сите три држави да добијат покани BorisVM Дневни Вести 0 03-04-2008 05:50
Доделувањето на покани за НАТО е се уште само можност BorisVM Дневни Вести 0 26-02-2008 01:52


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 09:59.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68