Промовирана книгата „Македонското прашање и балканскиот сојуз“ Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на големиот македонски поет Коста Солев Рацин, Фондацијата „Рамковски“ завчера во Велес ја промовираше книгата „Македонското прашање и балканскиот сојуз“, од бугарскиот политичар, премиер и академик Александар Цанков. Книгата сведочи за посебноста на македонската нација и култура, низ белешки од перото на еден виден Бугарин. - За нас, Македонците, Цанков е редок бугарски интелектуалец, кој многу рано ги согледа состојбите во Отоманската Империја на Балканот, ги откри завојувачките интереси на соседните држави, ја соголи неспособноста за реформи во Турција, ги откри скриените интереси на големите европски сили, го посочи можното решение на проблемот и го определи развојниот пат на македонското осамостојување - рече Георги Барбаровски, претседател на Фондацијата „Рамковски“.
Ракописот на Цанков го открил велешанецот д-р Васил Тоциновски, па токму затоа Фондацијата се решила промовирањето на ова издание да го почне од Велес. Во чест на Рациновиот јубилеј, Локалниот музеј од Велес промовираше трајна постановка на дела од Ѓорѓи Зографски и од Томо Владимирски.
В.Т.
__________________ „Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија“ Гоце Делчев |