Виртуелна Македонија Форуми  

Одете назад   Виртуелна Македонија Форуми > Македонија > Македонска Историја

Важни забелешки

Македонска Историја Македонска и Светска историја.
СAMO Македонски или Англиски!

 
 
Линкови Алатки за темата Начин на прикажување
Старо 06-11-2007, 21:23   #1 (Линк до мислењето) Најгоре
Форумџија
 
Аватарот на strich
 
Регистриран: Aug 2006
Локација: Bitola, Македонија.
Мислења: 999
Популарност: strich ја има оневозможено популарноста
Испратете порака преку ICQ до strich Испратете порака преку MSN до strich
Стандардно „Преображенците“ се само ехо на Илинден

Шпиц, број 429, 06.11.2007

СТЕФАН ВЛАХОВ-МИЦОВ ФИЛОЗОФСКИОТ КЛУЧ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ (35)


„Преображенците“ се само ехо на Илинден

Со нацртот „Илинденско-Преображенско востание“, бугарската историографија се обиде да ги прикрие разликите меѓу стремежите на Македонците
и оние на жителите на Одринско.
Таканареченото „Преображенско востание“ е замислено и реализирано како дополнително востание, зашто требало да ја поткрепи револуцијата во Македонија. Не случајно, на Конгресот во Смилево – каде што биле донесени најбитните одлуки и каде што се уточнува стратегијата и тактиката и се избира Главниот штаб на Востанието – не присуствуваат дејците од Одринско. Од друга страна, на Конгресот на Петрова Нива (Странџаско), одржан дури два и пол месеца по Смилевскиот конгрес, биле вклучени тројца Македонци – претседателот Васил Пасков, потпретседателот Венко Думев и секретарот Христо Силјанов, и само еден одринец – А. Разбојников. Споменатите факти – малубројноста на востаниците, задоцнетиот почеток и помошта од страна на македонските активисти при организирањето на населението – го претвори бунтот на „преображенците“ во ехо на Илинден. Уште посуштествена и порешавачка е разликата во однос на целта што си ја поставуваат и едните и другите востаници. Таа разлика, всушност, е и причината за еквилибристиката на современата бугарска историографија. Македонците-илинденци се борат за политичка слобода, ја изградуваат својата Крушевска Република и ја поставуваат основата на својата идна државност. Кога бугарските чети навлегле во Серскиот округ, кој бил под контрола на Јане Сандански, за да му се придружат на Востанието, војводата му наредил на поручникот Л. Стоенчев да ги симне бугарските војнички ознаки од капите на војниците. Во полемика со бугарскиот полковник Јанков, војводата Чакаларов – една година пред овие настани – јасно ќе му соопшти: „Слободата ќе ја извојуваме ние самите. Не ја сакаме од тебе. „ Атанас Поп Николов, пак дополнил: „Ние не можеме да ги почитуваме тие еполети и таа униформа“, и почнал да ги кине ознаките. За време на Востанието, во Костурскиот регион е лансирана идејата за ковање на сребрени и бакарни монети што ќе бидат платежно средство во идната држава. Бил подготвен и отпечаток за монетите – со грб од едната страна и со текст „ВМОРО, 1903“ (Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација, 1903) , од другата страна. Четничкиот војвода Славејко Арсов го „промовира“ и востаничкото знаме – „свилено, со црвена основа, на којашто е извезена мома Македонка, во граѓанска носија. Логично, по избивањето на Востанието во документите само во три случаи се споменува определбата „бугарски“. Еден од тие документи е писмото на врховистот Борис Сарафов до бугарската Влада.
Раководителот на бунтот во Одринско, Бугаринот од Пловдив Михаил Герџиков, сведочи дека меѓу тамошното население „постоеше надеж дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците и дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту се влеваше надеж дека Бугарија ќе ја поддржи борбата“. Според постапките на Македонците, и населението во Одринско немаше за цел присоединување кон Бугарија. Нивните амбиции одеа кон тоа да се надмине ропскиот статус и да се подобри нивната социјална положба. Од тие причини, водачите на Илинденското востание ги користеа изразите „народот од цела Македонија и од Одринско“ и „христијаните од Македонија и од Одринско“. Сепак, главниот лозунг беше „Да живее борбата за слобода на автономна Македонија!“
Со нацртот „Илинденско-Преображенско востание“, бугарската историографија неумесно се обиде да ја прикрие квалитетната разлика меѓу стремежите на Македонците и оние на жителите на Одринско, кои - според чувство и менталитет - се чувствуваа како Бугари. За разлика од нив, Илинден е клучниот момент за сознанието на Македонците дека имаат своја сопствена татковина.




strich моментално не е присутен  
Digg this Post!Add Post to del.icio.usBookmark Post in TechnoratiFurl this Post!
Одговорете со цитат
 

Тагови
ехо, Илинден, Само, „Преображенците“

Алатки за темата
Начин на прикажување

Правила за одговарање
Не можете да отварате нови теми
Не можете да испраќате мислења
Не можете да прикачувате додатоци
Не можете да ги изменувате вашите мислења

BB кодот е вклучен
Смешковците се вклучени
[IMG] кодот е вклучен
Директно отидете до:

Слични теми
Тема Темата е отворена од Форум Одговори Последно мислење
Прослава за Илинден на Мечкин Камен BorisVM Дневни Вести 0 03-08-2008 06:14
Илинден како поврзница BorisVM Дневни Вести 0 02-08-2008 18:03
БУШ СО ЧЕСТИТКА ЗА ИЛИНДЕН ДО ЦРВЕНКОВСКИ barba Вести и Политика од Македонија 5 31-07-2008 23:17
Илинден... bachko2 Значајни настани 4 03-08-2007 08:25


Времето е според зоната GMT +1. Моментално часот е 19:31.



1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66 67 68