писмо од 1945 г. на Борис Бунев,братот на Мара Бун Не го читам многу Фокус ама го купив овој број(23.3.2007) заради ова писмо(најдено во архивот на Србија) на Борис Бунев,братот на Мара Бунева.Писмото е адресирано до македонскиот министер за внатрешни работи.Борис Бунев зборува за неговата татковина Македонија,тврди дека поради борбата за независна Македонија токму од Бугарите бил осуден на смрт и лежел в затвор,дека токму тој спасил десетина Македонци од окупаторот нудејки и сведоци за тоа.Бунев сметал дека прво на одлучување во МК имаат партизаните кои 3 год. поминале во планините.
"Додека бугарските власти ја сметаат Македонија за своја колонија јас не сакам со присуство да го потврдам тоа."-одговарал Бунев на забелешките зошто не учествува на прославите на бугарските окупаторски власти.
Кирил Жерновски предок на Андреј Жерновски од ЛДП,помошник кмет во Скопје имал наредба да го убеди Бунев да присуствува на приемот во општината во чест на царот Борис(што Бунев го одбил).
поопширно во Фокус бр.612 |