![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор | Палеолитот во Република Македонија Tuesday, 7. August 2007, 14:10:20 Палеолит или старо камено време е термин кој го вовел Ј. Лубок во 1865 година и го означува периодот помеѓу 2,6/2.300.000 и 10.000 години п.н.е. Човековите заедници од овој период, чиј опстанок се состоел од ловечко- собирачки начин на живеење, зависеле од мобилноста на овие заедници, која била врзана со промената на годишните времиња, од миграциите на ловените животни и од периодот на созревање на растенијата, собирани на поголема територија. Заради тоа материјалните археолошки остатоци се наоѓаат во пештери, под карпи или на отворен простор. Во однос на геолошката старост на слоевите на пронајдените остатоци, како и технолошките постапки на обработка на орудијата, палеолитската епоха е поделена на долен, среден и горен палеолит. Најстарите орудија од пеббле културата потекнуваат од локалитети од источна Африка во периодот од 2,6/2.300.000 до 700.000 години п.н.е. Со појавата на хомо ерецтусот пред 1.600.000 години доаѓа до освојување на нови, северни простори кон Европа и Азија. Нова технологија на обработка на каменот се појавува во рамките на ашеленската култура (во Африка 1.600.000 и Европа 800.000 – 300.000). Пред околу 400.000 години хомо ерецтусот почнал и со употреба на огнот. Средниот палеолит започнува пред околу (450)300/250.000 години п.н.е. кога преднеандерталецот и неандерталецот хомо сапиенс неандертхаленсис ја населуваат цела Африка, како и Европа и Азија (освен нивните северни делови). Се продолжува со старите технолошки традиции, но се појавуваат и нови (левалоаската и мустериенската) технологии на обработка на каменот, поголема разновидност на орудијата, како и појава на првите погребувања. Горниот палеолит започнува пред 50/45.000 години п.н.е. со појава на хомо сапиенс сапиенс и новите технологии. Орудијата добиваат форма на сечила и имаат помали димензии, а се употребуваат и орудија од коска и рог. Кон крајот на горниот палеолит започнала и употребата на харпунот, лакот и стрелата. Во овој период човекот ги освоил и последните два континенти (Америка и Австралија). Поради различните форми и намени на користење на орудијата кои се разликуваат од регион до регион, горниот палеолит е поделен на неколку технокомплекси: орињасиенски,магдалиенски,солитреенски, граветиенски, тардиграветиенски. ![]() Сл.1 – Пешера Макаровец Во Македонија првите палеолитски наоди се случајни. Тие се откриени за време на Првата светска војна од страна на француските војници во регионот на Пелагонија (селата Буково и Крст кај Битола). При палеонтолошките сондирања во пештерата Макаровец кај Велес (Сл.1), во 1955/56 година откриенисе петорудија, несигурно определени во горниот палеолит, потврдени со фосилни остатоци. Првите археолошки сондажни ископувања, изведени во рамките на проектот „Во потрага по палеолитот и мезолитот“, се извршени 1999 г. во пештерата Голема Пешт кај село Здуње (Сл.2), Горно Порече (општина Македонски Брод), каде што се потврдени 19 (12) геолошки слоеви, при што се откриени 236 артефакти од кои 26 орудија без типични и карактеристични белези за определување на културата. Во 2003 и 2004 година се извршени заштитни ископувања и откриени се многубројни камени и коскени артефакти кои со анализа на микрофауната се широко датирани помеѓу 20.000 и 8.000 години п.н.е. Дали станува збор за епипалеолит или мезолит (се однесува само за првите 5/6 слоеви) ќе покажат идните истражувања и Ц14 – анализата. До дното на пештерата с#233; уште не е ископувано. ![]() Сл.2 – Голема Пешт, с. Здуње Постои опасност за потопување на пештерата од страна на вештачкото езеро Козјак. Во минатото, реката Треска се наоѓаше на 50-ина метри под пештерата, а во октомври 2004 година, со полнењето на езерото, нивото на водата достигна висина од 10 метри под влезот на пештерата. Со ова се загрозени долните геолошки слоеви на локалитетот. Дончо Наумовски Користена литература: - Срејовиќ Драгослав, Археолошки Лексикон, Београд 1997 - Бордес Францоис, Тхе Олд Стоне Аге, Нењ Ѕорк 1968 - Козлоњски Јанусз, Миддле анд Еарлѕ Палеолитхиц ин Балцанс, Њарсзања, Кракоњ 1979 |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 1 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Македонија, Палеолитот, Република |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Енергетика во Република Македонија | BorisVM | Бизнис, Берзи и Економија | 31 | 29-01-2008 00:10 |
| Република Македонија или НАТО? | Jakov | Вести и Политика од Македонија | 51 | 10-11-2007 00:26 |
| ГРБ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА | jotigo | Вести и Политика од Македонија | 57 | 16-10-2007 12:05 |
| Поделба на власта во Република Македонија | Wonderboy | Општествени и Природни Науки | 5 | 10-04-2007 18:54 |
| ПЈРМ ќе стане Република Македонија во ОН | strich | Вести и Политика од Македонија | 11 | 16-03-2007 11:50 |