![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| санце мое санцале Регистриран: Dec 2006 Локација: на скришно место
Мислења: 2.784
Популарност: ![]() | Охридското востание 1913 година Tuesday, 9. October 2007, 13:41:11 Во Дебар востанието веќе беше кренато. Ноќта на 11 септември, окружниот управител Кирковиќ се извлече од градот заедно со митрополитот Варнава и со другите чиновници се упати кон Охрид. Глетката беше колку пријатна, толку и страшна, кога гледа човек како разјарениот народ од сите села, вооружен кој со што имал, трча кон градот и оттаму кон селото Горенци каде очајно се бореа српските војници. Секој беше уверен дека победата е на страната на народот, не само затоа што беше поброен од војската, туку затоа што беше мотивиран и затоа што секој беше готов да се фрли в оган, макар и со празни раце. Дебар ликуваше. Македонското знаме се вееше на секој прозорец. Двеста-триста заробени српски војници тивко, без никој да ги закача, ги водеа низ градот. Други ги прибираа убиените и ранетите меѓу кои видов и еден офицер, кој, според сведочењето, беше погоден со седум к*ршуми. Народот весело и гордо се движеше по улиците и секој се загледуваше по ќошињата со цел да најде некој убиен војник и да му го земе оружјето'. ТАЈНА ПОМОШ ОД АЛБАНИЈА Вака Петар Чаулев, еден од редицата македонски војводи, го опишува почетокот на Охридско-дебарското востание во септември 1913 година, еден месец по потпишувањето на Бук*решкиот договор со кој Македонија е поделена. Востание за кое денес во Македонија, освен тесен круг луѓе на кои историјата им е професија, не ни знае дека се случило. Идејата на ВМРО била со ова востание да се обиде да го сврти вниманието на Европа и да и посочи дека договорот од Бук*решт е грешка. Планот бил востанието да се подготви посериозно, со помош на штотуку формираната албанска држава, и да се крене во октомври. Братот на Христо Матов (член на ЦК на ВМРО од 1898 до 1901 година), Милан Матов, кој бил и еден од водачите на востанието, во тоа време се наоѓал во Албанија. Користејќи го престојот таму, се обидувал да создаде поцврсти основи за соработка меѓу ВМРО и албанската држава, а целта на сојузот била борба против Србите во Вардарска Македонија. 'Така минуваше мојот престој во Елбасан - во постојана грижа за создавање на организација со довчерашните непријатели и во подготовка на еден метеж чии рамки не се гледаа. Тоа траеше до ноќта меѓу 12 и 13 септември кога ме разбудија силни викотници: 'Станувајте веднаш, во Македонија се крена востание'. Дури не можев да поверувам дека подготвителните мерки толку бргу дадоа резултат', напишал Матов во своите спомени. Всушност, востанието започнало порано поради еден случаен инцидент, по кој работите почнале сами да се одвиваат. Група вооружени Албанци кај селото Епискупија налетала на српска воена единица и се судрила со неа. Гласот за битката бргу се проширил по што населението едноставно се кренало на оружје. Српските сили се повлекле од Дебар и тоа е веста што дошла до Матов во Елбасан. На прашањето на албанскиот министер Лев Носи (христијанин) и Сакиф паша, што да се прави, Матов кој тие денови бил во нивно друштво, одговорил: 'Нема потреба од многу мислење. Веднаш треба да се поткрепи започнатото востание со оружје и луѓе, а политички - со јасна позиција на албанската држава'. Сите се согласиле околу тоа, па веднаш била испратена и телеграма до 'претседателот на албанските министри' премиер Исмаил Кемал бег. Но, тој не бил согласен со идејата од територијата на Албанија да се вооружуваат и испраќаат во соседните држави албански борци, затоа што сметал дека со тоа албанската држава ризикува војна со Србија, но и дипломатски напади на меѓународно поле. Проценката на Кемал бег била дека во тој момент Албанија како држава не е во состојба да се справи со таквите сложени ситуации. Но, истовремено, порачал дека Милан Матов ќе ја има секоја тајна поддршка на албанската држава во неговите напори да обезбеди луѓе, пари и оружје за борбата против Србија во Македонија, со што е ставен неформален печат на веројатно првиот историски воен сојуз мегу ВМРО и Албанија, кои во тоа време сметале дека имаат еден заеднички непријател - Србија. СОЛ ЗА ШЕСТ ГРОША Подготвувајќи се за пат во Македонија, Матов им порачал на своите домаќини од Елбасан, нарекувајќи ги 'албански пријатели', да се подготват самите, a co тоа и градот, за прием на многу бегалци. 'Албанците се зачудија кога ги изговорив тие зборови, а муфтијата на Дебар (еден умен и праведен човек) изрично ме праша: Зарем верувате дека Србите повторно ќе ги заземат тие територии? Ке дозволиме ли Србија повторно да влезе во Струга и Дебар? My одговорив дека само ако имаме армија од 300.000 луѓе тоа нема да се случи. Другите рекоа дека пред Европа нема да помине таа работа и дека таа ќе ги задржи Србите. Им возвратив со горчлива насмевка', напишал Матов во своите споемни. Во ослободениот Дебар бргу била воспоставена револуционерна власт предводена од еден Македонец и двајца Албанци: Христо Атанасов, Али Пистуна и Риза беј. На 13 септември, востаничките чети влегле и во Охрид. Во записите на Чаулев, пишувани на колено и објавени веќе во октомври 1913 година во софискиот весник 'Камбана', револуционерот вака го објаснува почетокот на востанието: 'Од пред извесно време се обединивме со Албанците и со македонските Албанци, но тие како народ се многу лесно избувливи, па избрзавме со востанието. За востанието не сме толку виноивни ние, колку српските предизвикувачки дејствија, кои беа едноставно неиздржливи. На 1 септември народот очекуваше да се отворат училиштата, но видовме дека тие веќе не се наши. Црквите опустеа, бидејќи никој не сака да влезе во нив кога ќе чуе дека внатре има српски поп, а посебно не сакаат да чујат за владиката Варнава. Кога се случи анексијата, Србите ги разурнаа сите џамии. Трговијата сосема опусте. Нашиот селанец порано купуваше ока сол за еден грош, а сега треба да даде шест гроша. За нецела година, народот сосема оголе. Нема работа тука, но никого не пуштаат да оди во странство. Неколкумина србомани во градот се се' и сешто. Казните и тепањето станаа сосема вообичаена работа. Честа и животите на луѓето се во рацете на тие луѓе', велел Чаулев. Тој самиот не бил за заземање на градовите, но не можел да ја спречи желбата на четниците. Сепак, влегувањето во Охрид не било без ефект: 'Сиот народ ликуваше. Собраните толпи пред прозорците го чекаа појавувањето на Чаулев за да викнат 'ура', било објавено во цитираниот софиски весник. Истовремено, Матов бил тргнат кон Струга. 'Четниците се одмораа, a jac напишав еден повик до населението на реонот со што го поканив да се крене на оружје и да се присоедини кон нашиот одред. Се собраа повеќе од 200 луѓе, макар лошо вооружени. Благајникот на четата Абдула го извади од ранецот албанското знаме (со црвена боја и црн орел) и го закачи на еден стап на кој имаше и цвеќе. Кога се приближивме до Струга, го посоветував да стави и една полумесечина од жолта тенекија, бидејќи голем дел од народот ја немаше заборавено турската власт и не е навикнат на албанскиот орел. Кога минавме крај селото Враништа кое беше христијанско, кон нас се приклучија многумина од месното население. Луѓето почнаа да ме прашуваат зошто сме се ја развеале таа црна кокошка, мислејќи на албанскиот орел и нели е подобро ако наместо неа го развееме црвениот лав? Јас се свртев и погледнав: освен старите другари, во одредот сите други беа луѓе кои порано ме гонеле во потера, но сега ситуацијата налагаше заедно да се бориме против поробувачот', напишал Матов. БЕГСТВОТО НА ПАВЕЛ ХРИСТОВ Струга е неговиот роден град. Кога влегол да ја види старата мајка, во куќата се собрале толку многу луѓе што дрвената градба почнала да крцка. По средбата започнале подготвките за одбрана. Од Струга, Матов заминал за Охрид, каде во еден хотел во близина на стариот и легендарен чинар имал средба со градските првенци. Тука тој се сретнал и со членот на Битолскиот револуционерен округ Павел Христов, кој бил во состав на петчлената охридска револуционерна власт, кому му објаснил дека не треба да се има надеж оти други држави ќе се вмешаат во настаните, дека востаниците самите ќе треба да се држат додека можат и дека дотогашните успеси всушност се должат пред се' на првичната паника кај Србите. 'На мое чудење, Павле западна во необјаснива паника и започна да крешти дека требало да се бега за Албанија, а дека народот треба да се крие кој каде ќе стигне. Тоа негово поведение ме извади од такт и му се извикав, вадејќи го оружјето, не само за да го заплашам, туку и за да го обвинам за создавање паника и за предавство. Работата тука се смири, но за овој скандал бргу се расчу меѓу охриѓани, па вечерта, два чуна преполни со луѓе од градот го преминаа езерото, заминаа за селото Лин, а оттаму за Елбасан. Најбројни меѓу нив беа охридските учени, а место имаше и за самиот Павел Христов', сведочи Матов. Всушност, нему јасно му било дека веќе во старт востанието било осудено на пропаст. Тоа успеало да мобилизира не повеќе од 4.000 борци и со таа сила, без оглед на логистиката од народот, не можело да се справи и спротивстави на контраударот на српската војска. На дваесеттина километри источно од Охрид бил формиран одбранбен бедем на височините на Петрово и Буково. Востаниците четири пати успевале да ги натераат на повлекување српските војници кои од 16 септември настапувале од реонот на Ресен, но тоа било се' што можело да се стори. Според Милан Матов, бедемот кај Петрово бил пробиен кога Србите со стратегиска измама убиле 27 востаници, а потоа уште толку од митралеско гнездо. Кај Буково, тој ја оценил позицијата како слаба и таму битката со Србите се водела не повеќе од два часа по што востаниците се повлекле. Една од грешките можеби ја направил токму Чаулев кога ги поделил востаниците на три дела, но не бил без значење и ударот од зад грб што кај Голак Планина на востаниците им бил зададен од грчките војски. Наскоро Охрид, Струга, Кичево и Дебар одново паднале во рацете на Србија, што довело до масовен бегалски бран кој само од дебарската околија броел околу 30.000 луѓе кои се растуриле низ улиците на Тирана, Каваја и Елбасан. До темел биле запалени 60-тина села, а, на пример, при влегувањето во Охрид, српските сили обесиле 40 видни граѓани. Наскоро Чаулев издал наредба за расформирање на четите, а тој исчезнал. Милан Матов заминал за Албанија каде дознал дека мајка му во Струга била претепана, а куќата ограбена и срамнета со земја. Оттаму тој отишол во Трст, па со 'Ориент експрес' за Бугарија. Така завршила оваа епизода од македонското минато, која, како и Тиквешкото востание кренато неколку месеци порано, со децении е поттурнувана под килим. Причините за тоа се различни, но меѓу клучните е таа што се смета дека станува збор за обид за поделба на Вардарска Македонија меѓу Албанија и Бугарија и тоа што водачите на востанието како Чаулев и Матов во своите записи и спомени од тоа време говорат за бугарско население. Инаку, првиот е роден охриѓанец, а вториот, како што рековме, стружанец. И двајцата сме ги отпишале од нашата историја заради 'бугарштина' иако во исто време, 1913 година, Крсте Мисирков барал обновување на Сан-Стефанска Бугарија, сметајќи го тоа за помало зло од поделбата на земјата што ја сметал за своја татковина. #9658; Милан МАТОВ АСЛИ "БУГАРИН" СРЕДЕ БИТОЛА Милан Апостолов Матов е уште еден од забранетите револуционери во Македонија заради неговата бугарштина. Роден е во Струга во 1875 година. На 20 годишна возраст станал член на ВМРО. Од 1900 година бил член на струшкиот Околиски комитет. Во 1902 година бил уапсен и лежел во затворот во Охрид до март 1903 година. Учествувал во Илинденското востание во четата на Л. Групчев. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година. Во 1905 година станал челн на Битолскиот окружен револуционерен комитет, а од 1907 година бил претседател на Комитетот. Co вакво досие, се јавува како еден од водачите на Охридското востание. Бил познат како човек од кого тешко се добивало милост. Подоцна се повлекол во Бугарија, каде умрел во 1962 година. #9658; Лутањето на Чаулев САМО СССР НЕМА ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИ НАМЕРИ КОН МАКЕДОНИЈА Интересна е проскрибицијата на Чаулев од страна на социјалистичка Македонија, со оглед на тоа што тој човек од 1911 година станал член на раководството на ВМОРО. Co Тодор Александров и Александар Протоѓеров потписиик е на Двкларацијата на ЦК на ВМРО од 29 април 1924 година во која се вели дека ако ослободувањето на Македонија зависи од меѓународната ситуација, единствена сила на која може да се потпре е СССР: Македонија смета исклучиво на моралната поддршка на европските револуциоиерни и прогресивни струи, a најглавно на целосната моралка, материјална и политичка поддршка на СССР, која денес е единствена држава која се бори за ослободување на сите напатени народи, за вистинско самоопределување и федерирање и која во својата балканска политика не пројавува никакви империјалистички цели'. Добрите односи на Чаулев со Александров и Протоѓеров не траеле долго, а како минувало времето тој еволуирал во ставовите кон слободата на Македонија, па, по Првата светска војна сметал дека таа може да се оствари под заштита на Друштвото на народите или под заштита на некоја од големите сили. Како алтернатива на ваквото решние, предлагал 'автономна Македонија како одделна единица во федерална Југославија'. Во време кога доживува разочарување во поглед на политиката на Бугарија и тамошните политички партии кон Македонија, Чаулев напишал: Се признава caмо онаа револуција која се потпира врз своите сили и се стреми да постигне целосна победа'. Од тој период е и писмото до Протоѓеров во кое вели: Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци, инаку сите ќе не' осудуваат'. Всушност, приказната за Чаулев е приказна за лутањето во однос на националното прашање присутно кај речиси секој македонски револуционер од почетокот на минатиот век. На пример, пошироката наша јавност малку знае дека Ѓорче Петров во 1907 година се населил во Варна, каде според Тодор Александров ги изнајмил морските бањи и бил соптственик на своднички хотел, а подоцна бил чиновник во бугарското Министерство за внатрешни работи'. Според нашите денешни стандарди, тој човек би требало да го ословуваме со некој синоним на зборот удбаш' (како што ги почестуваме сите кадри на југословенско-македонската комунистичка полиција), но сето тоа не ни пречи да го оценуваме неговото дело и од подруг агол, агол што е битен за Македонија. Впрочем, токму Чаулев е потписник на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО од 6 мај 1924 година, еден извонредно вреден документ чиј почеток гласи: Манифест до македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до македоиските револуционери. Браќа Македонци!...'. Потписник на овој Манифест, покрај Чаулев е и Протоѓеров, кој се потпишал и во името на Тодор Александров. Последните двајца подоцна се откажале од потписите на Манифестот, но Чаулев останал верен на овој документ, а се смета дека токму тој потпис е причина што во декември 1924 година, Ванчо Михајлов испратил еден од своите терористи во Милано, пo што на 42 годишна возраст бил ликвидиран. Како што потоа напишал Димитар Влахов, 'Чаулев беше убиен затоа што сакаше чесно да му служи на својот народ, затоа што сакаше македонската револуционерна организација да ги продолжи своите традиции. Тој народ, кому Чаулев сакал чесно да му служи, денес не знае речиси ништо за него |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 18 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| 1913, востание, Охридско |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Букурешт 1913 | reader55 | Македонска Историја | 8 | 29-09-2008 18:43 |
| Илинденско востание | WondeR | Македонска Историја | 79 | 22-07-2008 14:47 |
| Кресненско востание | Magical Storm | Македонска Историја | 0 | 18-03-2008 23:10 |
| Разловечко востание | Magical Storm | Македонска Историја | 1 | 18-03-2008 23:01 |
| Букурешкиот договор од 1913 невалиден- толкување на наш воен историчар | achtung_panzer | Дневни Вести | 0 | 05-03-2008 18:59 |