![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| санце мое санцале Регистриран: Dec 2006 Локација: на скришно место
Мислења: 2.784
Популарност: ![]() | Изгледа дека бугарскиот пат на Вмро продлжува, откако беше најавено бугаризирањето на македонија под патрон на оваа нали македонска партија продолжува и зема се поголем замав По 95 години, промовиран неговиот „Дневник“ од 1913 година по распарчувањето на Македонија Виктор Цветаноски Вонсериско издание и издавачка сензација кај нас. Ова е оцената на академик Гане Тодоровски за „Дневникот од 1913 година“ на Крсте Петков Мисирков, изречена на вчерашната промоција. „Содржината на оваа ретка книга, која се појавува пред нашите читатели точно 95 години по нејзиното создавање, ќе внесе извесни недоумици во македонската средина поради мошне честото самосоопштување на Мисирков со оксиморонот ’македонски Бугарин‘, меѓутоа за поупатените во историјатот на македонското прашање, разгласено низ годините на XIX и XX век, и особено за оние на кои животот и делото на таткото на македонската нација им биле предмет на опсесивен интерес, Мисирковата декларација за алтернативната национална припадност е само едно попатно и административно инертно легитимирање“, подвлече академик Тодорвски во промотивната реч. Според него, текстот изненадува, вознемирува, провоцира, збунува и привлекува, не толку со претставата на еден подруг, поинаков или поразличен Мисирков колку со полнотијата на неговиот мисловен дијапазон. Академик Тодороски побара присутните со аплауз да ги поздрават подготвувачите на дневникот, д-р Зоран Тодоровски и Цоцо Билјарски, кој беше претставен како најдобар бугарски познавач на македонското прашање. Инаку, самата најава дека ќе биде објавен овој дневник, во кој Мисирков се декларирал како македонски Бугарин, предизвика големи реакции во македонската јавност. Многумина прашуваа зошто Софија токму сега пројави големо интересирање за него и токму сега се објавува овој дневник како заедничко издание на македонскиот и бугарскиот архив. Некои предлагаа, ако Софија сака да има комплетна слика за делото на Мисирков, нека ја објави и книгата „За македонцките работи“ за да ги види неговите становишта во врска со македонската нација и јазик. ![]() „Треба да се поздрави иницијативата за заедничко (билингвално) претставување на ’Дневникот од 1913 година‘ на Мисирков и како гест на добра волја и триумф на разум во градбата на бугарско-македонската соработка и обмислено пријателство и разбирање. Речено е многупати, а овој пат со понепосредна причина и повод, дека двете наши нации се комплементарни на повеќе планови низ историјата, па тој пат и таа логика треба да се продолжат. Мисирков со својот ’Дневник од 1913 година‘ со нагласена доза видовитост ја согледал меѓу првите таа врвица што води кон идните времиња“, истакна Тодоровски. Тој нагласи дека Мисирков и со оваа своја книга, која според него е апсолутен врв на неговите мисловни дострели, станува неопходен потсетник за тоа што сме биле и што сме. АЈДЕ БЕ!!! Д-р Владо Поповски подвлече дека анализите, коментарите и предлозите на Мисирков во основа се однесуваат на последиците од Втората балканска војна и на значењето на Букурешкиот мировен договор. „Мисирков изнесува редица ставови со кои ги оправдува бугарските интереси во Македонија, Македонците ги именува како македонски Бугари, културата и традициите, исто така, како бугарски. Тој самиот се нарекува македонски Бугарин“, подвлече д-р Поповски, обидувајќи се притоа да ги објасни поинаквите Мисиркови позиции и ставови за македонските работи во „Дневникот“ кои се во спротивност со неговите претходни становишта и разбирања изнесени во книгата „За македонцките работи“. „Сметаме дека К. Мисирков прави хиерархија на интересите на неговата татковина Македонија. Многу јасно смета дека е подобро Македонија да остане цела отколку да биде распокината и поделена меѓу балканските државички кога веќе не и' е дозволено самата да претставува одделна политичка единица. Во таа смисла, тој и' дава предност на Бугарија, сметајќи дека е природно да се приклучи кон Бугарија, а не кон Србија и Грција. Без какво било сомнение, ги истакнува нејзините предности и блискости со Македонија и по основа на историјата на врските, и по линија на блискоста на културата, и по линија на прилежноста на таа предност за најголемиот број Македонци од Мисирковата генерација, при алтернатива: да се дели Македонија меѓу трите балкански држави или цела да биде дадена на една и на која од нив“, подвлече д-р Поповски. Според него, Мисирков ги знаел и претходните разбирања на Русија за македонското прашање, кои и' давале предност на Бугарија кога станувало збор за Македонија и во културна и во политичка смисла. „Сметајќи дека нејзин главен интерес, пред опасноста да биде распокината од балканските држави, е да остане цела, а населението да си остане на своите огништа, се понесува од идејата дека е можна варијанта на приклучување на Македонија кон Бугарија. Во таа понесеност по принципот на инволуција (на вовлекување и заплеткување), Мисирков во ’Дневникот‘ гради таков (пробугарски) појмовно-категоријален систем за македонските работи кој е суштествена спротивност од тој што го изградил дотогаш и од тој што го соопштил потоа, посебно по Првата светска војна - до крајот на својот живот“, нагласи професор Поповски. „Дневникот“ е заеднички издавачки потфат на Државниот архив на Македонија и Државната агенција „Архиви“ на Бугарија. Директорот на Македонскиот архив, д-р Зоран Тодоровски, истакна дека ова е второ заедничко издание на двата архива по издавањето на двата тома за Тиквешкото востание и дека таа соработка ќе продолжи. Директорот на Бугарскиот архив, д-р Борјана Бужашка, нагласи дека голем успех претставува тоа што е пронајден Дневникот и што двата архива го издаваат заеднички. „Нашата соработка е да ги покажеме документите такви какви што се“, нагласи таа. На промоцијата во преполната сала во Домот на АРМ присуствуваа и претседателот на македонското Собрание, Љубиша Георгиевски, и бугарскиот амбасадор во Скопје Михо Михов. Последно изменето од Makedonski; 23-04-2008 во 09:19. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 97 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| Мисирков, побугарчен |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| На Костовски му пречи споменикот на Мисирков | BorisVM | Дневни Вести | 0 | 22-01-2008 22:40 |
| Крсте Мисирков | Hristo | Вести и Политика од Македонија | 34 | 26-12-2007 09:27 |
| КРСТЕ МИСИРКОВ | Hristo | Вести и Политика од Македонија | 0 | 21-12-2007 14:34 |
| 81 година од смртта на Крсте Петков Мисирков | slasa | Вести и Политика од Македонија | 6 | 04-08-2007 18:56 |
| Крсте Мисирков | slasa | Македонска Историја | 6 | 22-07-2007 00:13 |