![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Форумџија во години Регистриран: Aug 2005 Локација: с. Битуше, Macedonia, Macedonia.
Мислења: 2.014
Популарност: ![]() | МАНУ не учи дека Македонија од 4-6 век е словенизирана, колонизирана од словенски племиња. Во историските извори спомнати се македонските словенски племиња Брсјаци- Верзити, Смолјани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегезити и Венити. Некои етнички македонски групи во состав на македонската нација како Мијаците, никогаш не се спомнати како словенско племе. Но, македонските историчари, дали од незнаење, незаинтересираност или наклонетост кон источниот или северниот сосед не ја лоцираат татковината на македонските словени, за да не се расипе чувството дека сме еден словенски народ со Србите и Бугарите. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Словените poteknuvale меѓу Вистула и Дунав чиј делумен , Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918). Словените (Славените) и Венетите се прави словени, додека Антите се сметаат за ирански домородни племиња од Мала Азија, кои биле словенизирани. Македонските словенски племиња се спомнуваат во многу извори во западниот свет. Татковината на македонските словенски племиња е источна Германија и Полска. Потеклото е венетско-словенско, од западната група на словени. Берзитите живееле во германската област Пригниц, Покраина Бандербург, познати под името Brizaner (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. Zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. V. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Некои германски лингвисти сметаат дека нивниот етноним доаѓа од словенскиот збор Бреза, а не од Брз-јак (Etymologien gibt Vogel, Slawische Ortsnamen der P., S. 42; er deutet den Namen P. Als eine slawische #220;bersetzung des Namens „Vormark“; vgl. Ferner M#252;schner, Zeitschr. F#252;r Etymologie, VIII, 1376). Во нивна близина, во долината на реката Елба живееле и Смолјаните, во германската литература спомнати Smeldingen (Vgl. Annales Patherbrunn und Annales Magdeburg. Zum Jahr 1136; Bernhardi, Lothar, S. 600 f.; zum folgenden vgl. V. Giesebrecht, Wendische Geschichten, III, 39.). Некој упорно сакаше да докаже сиве изминати децении дека Смолјаните се руско племе, дојдено во Македонија, а како доказ за тоа го спомнуваа градот Смоленск во западна Русија. Но, Смоленск го основало словенското руско антско племе Кривичи, како нивен главен град и тој податок може да се најде во секоја руска енциклопедија. Потеклото на Драговитите е исто така од источна Германија, областа Алтмарк и не биле германизирани до 12 век. Како во случајот на Смолјаните, пак некој насила сакаше да ги поврзе македонските драговити со словенското балтиско племе Дреговичи од Белорусија; според археолошките податоци, Дреговичите како словенско племе биле образувани дури во последните векови од првото илјадолетие н.е. (Седов В.В. Восточные славяне в VI-XIII вв. (Археология СССР). М., 1982. С. 93, 1 13-119), многу подоцна од кога македонските Драговити биле образувани и дошле во Македонија и етнонимот на Драговичите доаѓа од тоа што живееле во блата (белорус, дрэгва, украин. дряговина: Иванов В.В., Топоров В.Н. О древних славянских этнонимах. Основные проблемы и перспективы // Славянские древности: Этногенез, материальная культура Древней Руси. Киев, 1980. С. 40, 41.). Драговичитe не се словени, туку словенизирани балтички народи (Zverugo J.G., 1990, p. 32-33). Берзитите, Смолјаните, Драговитите и останатите словенски племиња во источна Германија се целосно германизирани, освен лужичките Сoрби и Линголците. Источните германски републики, Брандербург и Саксонија претежно се населени од германизирани Словени (Венди, Венети). ![]() Хералдичкиот грб на градот на Струмјаните, Струмиен во Шлезија, Полска Понаисток во нив, во Шлезија/Силесија во денешна Полска живееле Струмјаните. До 1945 г. Шлезија била дел од Германија, а претходно под австриската монархија на Хазбурговците, кои придонеле за германизација на словенските народи од Шлезија. Во нивната прататковина се уште постои областа Струмиен, каде има град Струмиен и река Струмиен. Во полскиот јазик постои и зборот Струга, кој означува река. Струмиенците сега припаѓаат на шлезиската етничка група, која во најголем број е германизирана и мнозинството од Шлезите по 1945 г. емигрирале во западна Германија. Денеска, околу 170.000 негерманизирани Силесијци се изјаснуваат како посебна етничка група во Полска, со сопствен силесиски словенски јазик. Византиските хроничари ги опишуваат македонските словени како носеле бечви, кои се задржани во македонската машка носија до денеска. Бечвите се и народна носија на пољаците. ![]() Полски народни носии од планинските области од Силесија (Шлезија) ![]() Македонски носии од Галичник. Македонските бечви се присутни во сите делови на Македонија. За племињата Ринхини и Сагудати нема доволно историски извори, освен дека тие основале Склавинии, кнежевства во Македонија. Македонските словени во Македонија Со доаѓањето на Словените во Македонија, настанува симбиоза со староседелското македонско население и се формира современиот македонски народ. Словените од староседелците ја имаат преземено културата, обичаите и христијанството, а пак староседелците го презеле словенскиот јазик. Тоа го докажуваат и археолошките пронајдоци во Македонија, каде сите откриени артефакти во Македонија до 9 век целосно припаѓаат на ромео-италската култура, т.е. визатинско-римска, како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31).. Од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства, традиции, обичаи и воопшто моравска култура во Македонија (пак таму). Поради тоа што културата во Македонија до 9 век била чисто ромео-италска, Микулчиќ тврди дека до 9 век Македонија била населена со византијци, немало словени, а дека дури во 9 век доаѓаат словените, што се коси со сите историски извори (вклучувајќи ги и византиските) дека веќе во 7 век имаме македонски склавинии, кнежевства, па држава Склавинија и словенизирање на староседелците; тоа се прави за да се негира симбиозата на староседелското македонско население со словените и да се докаже чист словенски карактер на денешните Македонци, што е надвор од здравиот разум и искривување на историските факти. Заради таа симбиоза антички Македонци - македонски Словени, српските кралеви и цареви, средновековните Македонци ги нарекувале Романех (Византијци). Цар Душан во својата држава разликува Романех (Византијци), Сербљи, Власи и Саси -Саксонци (Извор:Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Романех значи Византијци, а на лат. Грци. Територијата на Македонија Цар Душан ја издвоил по посебен дел на државата - Романија, Византија (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Македонските словени брзо се интегрирале во Византија и постојат докази дека се христијани уште во 6 век. Пронајден е надгробен камен споменик од 534 г. на Војвода Хилбуд во служба на византискиот цар Јустинијан, напишан на македонословенски јазик со грчки букви каде јасно стои "раб божји" (Иванов, Йордан. Северна Македония. Исторически издирвания. 1906, с.61). Војводата Хилбуд загина во борните со бугарските Анти (словени) Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од aнонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86). Cите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран. Македонските Склавинии Цела средновековна Македонија била поделена на Склавинии- кнежевства. Првите македонски склавинии (кнежевства) се јавуваат од крајот на 6 век. Сите жители на склавиниите по византиските извори се наречени словени (склавенои). Склавиниите честопати стапувале во сојузи меѓу себе со цел подобар напад на Византија, а подоцна и одбрана како од Византија, така од Бугарија и од Антите, Северјаните тнр. бугарски славјани. Во Македонија, Пеонија, најдолна Мизија, Тесалија, Епир, и Тракија до р. Марица се населиле Склавени. Источно од нив се населиле антите, северјаните, за кои се смета дека се словенизирани староседелски ирански племиња. (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989). Источно од р. Марица во Тракија и во Добруџа се населиле спомнатите Анти (7 племиња) и Северјани , кои биле непријатели со македонските склавени и забележени се нивни меѓусебни борби ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41). Македонските склавинии се државни формации, а во 7 век формирале и своја држава Македонска Склавинија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Таа држава се формирала на етничка Македонија, зафаќајки ја географска Македонија, Пеонија, долна Мезија со Метохија, западна Тракија до долината на р. Места. Cекоја држава имала свој водач, челник, така и оваа наша држава за свој прв КРАЛ го имала рекс ХАТСОН. По византиската средновековна литература, македонскиот крал Хатсон е познат како Рекс Хатсон, а титулата доаѓа од латинскиот поим рекс, кој означува крал. Рекс Хатсон ја водел првата средновековна македонска држава во 20-те години на 7 век (Mirac.,II ,p.1325-1333). Вториот познат крал на првата средновековна македонска држава е Крал ПРЕБОНД, кој владеел во 70-те години на 7 век (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Од крајот на 8 век, Византија ја уништува Македонска Склавинија и држават ја разделува на кнежевства- склавинии. Тогаш, склавиниите биле должни да плаќаат данок на Византија, но ја задржале внатрешната самоуправа, аристократијата и кнезовите. Во 9 век, дел од Македонија, пред се северна, централна и источна Македонија потпаѓаат под бугарска власт. И под власта на Бугарите, македонските склавинии ја задржале внатрешната самоуправа, а на бугарите биле должни да плаќаат данок [79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.]. . Тоа многу убаво го обајснува средновековниот македонски автор Јоан (Иван) Камениатес кој вели дека дел од македонските склавинии плаќаат данок на градот Солун (Византија), а дел на скитите (бугарите), но имале кнезови кои одлучувале самостојно за внатрешните работи на кнежевствата и давањето воена помош на принципалот Византија или Бугарија (81. L. Niederle, 425—428). Вазалноста на македонските склавинии од Бугарија и Византија може да се спореди со вазалниот однос на Република Рагуза (Дубровник) кон Турција, на која и плаќала данок, а за возврат си ја задржала својата внатрешна автономија. Бугарските, хрватскитеи српските словени, антите Нашите словенски соседи, Бугарите припаѓаат на Антите, источните словени, а се претпоставува дека Србите и Хрватите се Анти. Тие (Антите), не се чисти словени, туку некоја мешавина на словени и ирански племиња од Азија или пак словенизирани Иранци (Р у с а н о в а, И. П. Оп. цит., с. 85-112..). Антрополошките карактеристики на Антите забележуваат големо иранско влијание (Ибид, с. 111, 112), што значи и голем удел на иранската популација во етногенезата на овие Словени. Во прататковината на Антите, пронајдени се археолошки артефакти кои се аналогни на раната Сармантска, Аварска и Селотово-Мајак култура (Ибидем, с. 92-93, фиг. 33). Некои автори тврдат дека Антите се чисти Иранци и самиот етноним Анти е ирански, произведен од иранските племиња Анзи или Анзан од Еламит етничката група. Најголемиот број историчари од Русија, која е и прататковината на Антите тврдат дека тие настанале со словено-иранска симбиоза, следејки ги археолошките и антрополошките испитувања на Антите (Седов В.В. У истоков восточнославянской государственности. М., 1999. С. 51-52.). Хрватскиот историчар Дворник тврди дека Хрватите се од иранско потекло, од античкоперсиската област Харахваитаи, Харахватис, Хорохоати (Дворник 1956, с.26). Со миграциите на иранските племиња кон реката Дон и контактот со словените, првите го примиле словенскиот јазик иИ се словенизирале. Според Дворник и Србите биле потомци на иранското племе Сорби, кои се населиле околу Волга, каде мнозинскиот народ бил словенскиот, па во интеракција со нив се словенизирале (F. Dvornik, The Review of Politics, Vol. 9, No. 4 (Oct., 1947), pp. 463-481). Како што напишав погоре, права Бугарија исто така ја колонизирале Антите. Едно од најголемите антски племиња, Северјаните, настанато е од иранските племиња во симбиоза со словените на територијата на денешна Русија, од каде се преселило во Бугарија (Васильев М.А. Этногенетические и раннеэтноисторические процессы в славяноязычном мире в позднеримское и раннесредневековое время: анты и словене // Славяно-германские исследования. Т.1-2. М., 2000. С. 428-430). Дека Словените и Венетите, наспроти Антите биле различни етноси, потврдуваат и војните меѓу Словените (Венетите) со Антите кои се одвивале во раниот среден век. ( "История на българската държава през средните векове", том И, София, 1970 г. стр. 41). Границата меѓу Словените и Антите е долината на р. Марица, која е граница на етничка пиринска Македонија со Бугарија (Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство, I, Епоха на хуно-българското надмощие (679—852) стр. 40. Литература: R. Rsler, ber der Zeitpunkt der slawischen Ansiedlung an der unteren Donau, Sitz. Ber. W. Akad., Bd. 73 (1873), S. 77—126. — М. Дринов, Заселение Балканското полуострова славянами, Сочинения, т. I, София, 1909, стр. 227 и сл. — М. Соколов, Из древней истории болгар, Петроград, 1879, стр. 40 и сл. — А. Л. Погодин, Из истории славянских передвижений, Петроград, 1901, стр. 49 и сл. — Ст. Станоjевић, Византиjа и Срби, кн. I (1903), стр. 133 и сл., кн. II (1906), стр. 1 и сл. — L. Niederle, Slovanske staroitnosti, Dil 11 (1903), str. 174 и сл. и 400 и сл. — К. Иречек, Историjа Срба, прев. J. Радонић, Београд, 1911, с. 78 и сл.].Славените (slavini, sklaveni) се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989). Само две, од многуте бугарски историски фалсификати Бугарите и во 21 век се’ уште се робови на минатото, како во времето на изградување на бугарската нација, на стравот дека ако се знае вистинската историја за македонскиот народ кој им дал јазик, писмо и култура на современите антски (словенски) Бугари, тие немаат ништо свое, па дури носат и турки име Бугари. Од таму и она 200 годишно присвојување на македонската историја, измислување "бугари" во Македонија и фантастичко толкување на историските извори. Затоа ќе чуете од Бугарите дека македонските словени биле исти со бугарските и така сме еден народ. Но, тие, најслични се со Србите и Хрватите. И тие бугарски пропагатори свесни се дека македонските словени не се од истата словенска група како нив, памораа на друг начин да ги оправдаат нивните претензии кон македонскиот народ. Затоа измислија дека бугарскиот Хан Кубрат се населил во Македонија и така Македонците станале Бугари. Но и тоа е една чиста лажлива пропаганда на Бугарите, оти Бугарите не се населиле во Македонија, туку населиле Сермесјани (словено-византиски робови на Бугарите пленети од нашите краишта и однесени во Панонија како робови), а Византијците ги протерале Бугарите на Кубер од Македонија во Епир (Корча), каде и се пронајдени археолошки артефакти од гробницата на Кубер (Ј. Вернер 1986, 1-71, Т.1-32 // Иван Миклучиќ, Средновековни градови и тврдини во Македонија, стр. 32). Српската пропаганда за северна и западна Македонија Србите пак ги лажат македонските сељаци од пограничните места (кумановско, скопско, тетовско, гостиварско, поречје) , дека тоа се Срби, дојдени во "турско" од јужна Србија во Македонија. И тоа е пропаганда. Сите миграции во "турско" се одвивале од југ кон север, а не обратно. А и јужна Србија не е населена со Срби, како и Метохија. Не постои ниту еден историски извор, пишан или усмен, дека јужна Србија и Метохија некогаш биле населени со Срби. Тие делови прв пат потпаѓаат пот српска власт дури во 12 век за време на Стеван Немања. Таму живееле Морајвани и Тимочани, посебни словенски племиња, од истата вендска група како и македонските словени. По австро-турската војна 1669 г., Србите од Косово и јужна Србија, како и Македонците од северна Македонија се селат во Војводина. На нивно место се населуваат Македонци од појужните делови на Македонија, но најмногу Македонци од Албанија, бегајки од арнаутските зулуми, како во Метохија и јужно Косово, така и во јужна Србија (Prvi balk. Rat I,137-138, nap. 467.). Можеме ние Македонците да тврдиме дека јужносрбијанците, кои самите прави Срби ги нарекуваат новосрбијанци, ce Македонци, но ние не пропагираме такво нешто. А и по културата, јазикот и обичаите, јужносрбијанците се многу поблиски до Македонците, отколку до Србите. |
| | |
![]() | Моменталниот број на испратени мислења: 43 Само регистрираните корисници може да ги читаат темите целосно. Притиснете тука за да се регистрирате. | ![]() |
| Тагови |
| anti, bugarskite, makedonskite, sloveni, srpskite |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| osloboduvanje od vizi za Evropa za makedonskite pasoshi | Elena Todorovska | Вести и Политика од Македонија | 2 | 26-09-2008 02:14 |
| Makedonskite umetnici vo svetot! | dada Sani | Култура и Уметност | 3 | 05-12-2006 13:49 |