![]() |
| |||||||
| Важни забелешки |
| Македонска Историја Македонска и Светска историја. СAMO Македонски или Англиски! |
| | Линкови | Алатки за темата | Начин на прикажување |
| | #1 (Линк до мислењето) Најгоре |
| Администратор | Tuesday, 7. August 2007, 14:00:28 (Наоди во 141 гроб додадени во сликата за античка Македонија) ![]() Бронзен шлем со златна декорација од средината на 6 век п.н.е. Златото на античките Македонци с#232; уште свети на униформите на војниците кои беа откриени при ископувањето на античката некропола во Архонтико,Пела.Целосновооруженимакедонскиаристократи,жени украсени со обработен златен накит, прекрасни идоли и керамички вази со посебна убавина, лежеле сокриени со векови во 141 правоаголен едноставен гроб, кои беа откриени неодамна на античкото место. За Харон Во нивните гробници, македонските офицери биле вооружени - и во доцнокласичниот и во ранохеленистичките периоди - биле опремени за патувањето после смртта со монети за Харон, бакарни предмети направени од локалните занаетчии и ретки канистери исполнети со мирис и со релјеф од битката на џиновите врежан на нив. Овие не се први откритија на златно-накитени униформи на Архонтико. Археолозите Павлос и Анастасија Кристостомоу од 17-те ефорати од праисториски и класични антиквитети ги пронајдоа првите војници целосно вооружени, пред 4 години, за време на ископување на гробиште. Содржината од последните (најновите) 141 гроб, што беше откриена, беше презентирана неодамна на Ефоратската археолошка конференција. Типичен Архонтико гроб содржел златна маска, златен панцир, облека и обувки извезени со златни ленти или розети. Иако биле откриени само 2 процента од 20-хектарната некропола, резултатите веќе биле задоволителни. Многубројнитенаодипомагаатдасеформирасликатаза социоекономската организација, погребните обичаи, високиот стандард на живеење, аристократското потекло и водечката улога на семејствата во еден од најубавите урбани центри на античка Македонија од праисториско време па до крајот на В в. п.н.е. Како што објасни двојката Кристостомоу, античката населба, создадена во средина на една полјана на Ботиаија, блиску до античкиот пат кој го поврзувал Истокот со Западот - подоцна наречен Виа Егнатиа - била еден од најзначајните урбани центри пред основањето на Пела. Ова е потврдено од страна на 541 гроб, датирани од железниот, преку класичниот период па с#232; до ранохеленестичката ера (од ВИИ в. п.н.е. до 280 п.н.е.). Овогодишното истражување на фамилијарната лоза произведе богати пронајдоци, исто толку важни како и тие од минатите години. Беа пронајдени грст погребни орнаменти во 25 машки и 17 женски гробови датирани од архајската ера (првата половина од 6 в. п.н.е. до почетокот на 5 в. п.н.е.). Мажите најчесто биле облекувани во воена облека, со шлемови украсени со златни врежани пруги, мечеви од челик со златни орнаменти на рачката, копја, ножеви. Златната фолија за панцирот, облеката, обувките и штитниците за раце е со врежани релјефни фигури. Покрај златниот и сребрениот накит, погребите на мажите ги придружувале многубројни други предмети, како бронзени и керамички вази, керамички идоли, метални копии на запрежни коли, мебел... Од прв впечаток од овие предмети се добивала претстава за војник, додека другите гробни подароци го откривале неговиот личен и социјален статус, два века пред владеењето на Филип ИИ и Александар ИИИ. Жените биле украсени со накит кој им го откривал високиот социјален статус. Погребните орнаменти (вази од керамика и метал, многу ретко од стакло или метални копии од запрежни коли) се поврзани со погребните обичаи за патувањето во адот. Импресивни предмети во текот на овогодишните истражувања беа и големите сребрени копчиња со врежана розета и 85-сантиметарското ланче во форма на плетенка украсена во стил што претходи на тој во Ефес, Родос и Леутерна во Крит. Ланчето се наоѓало околу градите каде било прицврстено со игли. На него имало позлатени змиски глави, седнати лавови, глави на жени посветени на Потина од Тера. Погребните орнаменти во гробовите на жените изгледа дошле во Македонија од разни места. Меѓу нив се идолите кои, веројатно, се од работилници на Родос, а керамичките вази од Керамеикос во Атина и од коринтски и јонски работилници. By Iota Myrtsioti – Kathimerini 23.02.2005 Prezemeno od: www.ekathimerini.com Prevod: Goran Milenkovski |
| | |
| Тагови |
| Архонтико, Кај, Ископувањето, мала, откри |
| Алатки за темата | |
| Начин на прикажување | |
|
|
Слични теми | ||||
| Тема | Темата е отворена од | Форум | Одговори | Последно мислење |
| Откријте што ги пали машките | MaCkiCa` | Љубов и Секс | 32 | 01-10-2008 15:45 |
| 14 Април ПРОТЕСТ!!! плоштад Пела | sardaukar | Вести и Политика од Македонија | 9 | 14-04-2008 18:28 |
| Откријте ги нејзините пет највозбудливи ерогени зони | MaCkiCa` | Љубов и Секс | 27 | 03-04-2008 19:28 |
| Протест на плоштадот Пела | ohriganec | Дневни Вести | 0 | 27-02-2008 23:40 |
| Пливачот Мека трипати го преплива Гибралтар | BorisVM | Македонски Забавник и Занимливости | 0 | 06-01-2008 19:20 |